Казна за над 3 единици

  • Креатор на темата Креатор на темата Jack Nolan
  • Време на започнување Време на започнување
Ве молам нешто повеќе (некој податок, статија) за паричната казна која треба да ја платат родителите кои не одат на советување поради 3 единици на нивното дете.

Или пак споделете некое искуство...
Моите на првата средба појдоја, на Втората средба не појдоа, потоа пак беа повикани за втората средба и бидејќи небеа во можност повторно не појдоа дали ќе има казна ?

Благодарам од напред.
Кај нас има едно со 9 единици,на крај секогаш му ги поправаат на 2 ки! казна изгледа нема.бог да чува ако има казни нели пола од учениците ќе ги нема,половина се со единици и двојки! а и не им доаѓаат на советувања! По што ти се единици ?? дај секој може да научи за 2 ка,поправи ги мама му с тара!
 
и кај мене има девојче со 10 единици ,и не се замара воопшто,а не се замара затоа што ке и ги попраат и додека некој кој добил 1случајно и сака да го поправи го остава на полагање,типката ке си ја прчи со тоа што поминала на право ..не е фер
иначе дечко да,седни научи 3-4 лекции ке видат дека знаеш ке ти попраат одма !
 
Све нешто озбилни фаци, изгледа сите сте биле бубалици во средно.Јас имав 4-6 кеца редовно на полугодие, па ги поправав до крај, ништо страшно.Имав толку поради незаинтересираност, не дека е тешко да преработиш во умот 5-10 реченици.
А и глупо е да имаш 5,00 просек цела година, ќе немаш занимација, вака со кецој подобро ќе се зближиш со професори и ќе го сфатиш квалитетно материјалот :D

А ова со казниве ако е вистина е уште една глупа одлука.Можда и ќе дојдат родителите на советување, ако ги пуштат од фирмата кај шо работат 10-12 сати смена.Ако не ќе платат казна, по пола плата месечно неколку години :tapp: А најмногу ќе имат контраефект.
 
друже незнам што се дешава ако неможат да отидат твоите или па колку е парична казна. незнам што да искоментирам на тоа освен да седнеш и барем за една 2ка да научиш. стандардот во образованието е ниско паднат така да за 2ка слушам барале 5 лекции да научиш и мука немаш.

сакам да искоментирам нешто околу глупиот закон. па добро бе мајку му до толку ли требаат пари на државава па измислуваат секакви глупости. совет за родителите ако некој имал 3 или повеќе единици.. а што не кажат награда за родителите што децата им се со над три 5ки ? или тука неважи ништо? ептен е глупав законов значи од вакви закони стварно преку таквото. го дрват учете учете учете кога ке дојде ред да се бара работа прво ако е државна ти викаат дај книшка па после те мерат колку си глуп не колку кеца ил петки си имал. ако се бара приватна работа сите те гледаат за 9/10 000 да знаеш да работиш тоа што они го бараат + да изиграваш секретарка, кафекуварка, читач (хигиеничар) и потрчко + сите останати обврски во склоп на работното место ( останатите обврски на кратко може да се окарактеризираат како СВЕ ОСТАНАТО ДА РАБОТИШ ).

толку многу сум разочаран од државава глупиве закони и општо целиот систем според кој функционираме. мизерија невидена сме. сите одат напред ние се уназадуваме !!!
 
Некои професори,за 2ка,бара цел материјал да го учиш,исто како тој за 5ка,а на крај ти 2ка,тој 5ка...нема никаква логика тоа, и е многу глупо...:D
 
Де бре,јас 2 месеца не одев на школо,немам ни еден кец,ти брат ми 3 кеца.
Седи пролистај малку,бар за двојка,лесно се учи.Кај мене има еден скинер,10 имаше,сека има 4.Научи некоја полесна леквија,ќе поправиш,ќе видиш :)
 
Да, постои таков закон. Родителот треба да иде на советување (ако - читај подолу) или ќе треба да плати казна од 200 до 700 евра.

  • Има повеќе од 3 единици
  • Има повеќе од 10 неоправдани изостаноци
    Ја како што знам на 6, 12, 18 и 24 се праќаат опомени и може да ти го намалат поведението. а на 25 се брка.
  • Има повеќе од 100 оправдани изостаноци
  • Недисциплина
  • Ги навредува професорите
  • Се тепа со други ученици
  • Има слаб успех
Ете сега знаеш и можеш да седнеш на учење. Барем денес не е толку тешко тие единици да станат двојки, па и повеќе. И не му мрчете до толку на детето, како вие да не сте имале единици.
 
Се најдов и јас во 4година на полугодие со 10 бандерчиња,тотално незаинтересиран бев тоа полугодие, па да видиш после за 1 недела како се поправаат 6 од нив.Без гајле да бидиш, ќе се стегниш и ќе ги поправиш пошо сега е барем лесно;)
 
Зошто казна? Нели е доволна казна со три единици детето да си ја повторува годината? Барем јас додека бев средно така беше. Тие што имаа 3 единици на крај си повторуваа година. Немаше никаква парична казна, а и не треба да има.
 
Се јавија петкашите (n).. Не се замарај дете, некогаш професорите пишуваат единици од чист садизам :) а за тоа со парична казна? Кој бе парична казна и да постои такво нешто, некој ке им плати ? :) Гледај некако до крај на година да ги поправиш и тоа е тоа... (y)
 
Без грижа , сите сме знаеле за двојка ама професорите не мразеле...
Ја прашува комшиката мајката, каде бре ела да пиеме кафе, таа вика , неможам морам на училисште ме викнаа синми има 3 единици, и оваа, аааа параскева моја со сите петки е... заклучокот по лицето на родителот верувма ќе го сватиш...
Порано беше друго, со 10 кеца на родителкса не одеа и немаше ништо , сега писменцето дома за најмала грешка и се се заведува и санкционира, нема играчка со извршно...
 
Деновиве сум болен и веќе заминав над 100 оправдани а имам и ~20 неоправдани воглавно од доцнење или заминување од досада а неколку пати ме имаат и истерано без врска :D
Познавам ученици што имаат далеку пострашни бројки па сеуште не ги избркале.
 
Де бе, фино ве праша детето дали следува некаква казна - вие упорно му солите памет дека треба да ги поправи единиците.
Не бидете такви буљаши, особено кога му е тешко. Јас сум имал и по 7 кеца на полугодие, голем патлак (моите не сум ги ни замарал со тоа, зошто знаев дека ќе ги поправам) - сите биле 4 и 5 на крај.
Ама сега е друг закон, да си сега со 7 кеца ке треба да подигнеш кредит за да ја платиш казната :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom