.Sky.
Заменик министер без титула
- Член од
- 15 февруари 2013
- Мислења
- 6.857
- Поени од реакции
- 7.241
- Локација
- На Венера
- Веб-сајт
- www.facebook.com
Девојки од Македонија наскоро ќе може да заминат на работа како домашни помошнички во Катар, откако арапската земја се договори со пет држави меѓу кои и Македонија за преземање работна сила за потребите на компаниите и домаќинствата во Катар.
Помошник директорот во Министерството за имиграција и одделот за пасоши Мохамед Ал – Атик објаснил дека во изминатиот период биле посетети земјите од кои ќе пристигнуваат нови работници за да се договорат неопходните формалности и процедури за регрутирање., објави интернет изданието „Голф Тајмс“.
Тој објаснил дека агенциите за вработување и регрутирање ќе може да ангажираат работна сила од Македонија, Босна и Херцеговина, Камбоџа и Виетнам веќе од следната недела.
“Бројот на работници и собрарки кои ќе се регрутираат од овие земји ќе зависи од пазарните закони на понуда и побарувачка“, вели Фаваз ал – Рајис, директор на одделот за регрутирање при Министерството за труд.
Според договореното меѓу Катар и земјите од каде ќе се носат нови работници, домашните помошнички би земале плата од 200 до 250 долари неделно. Инаку, досега најголем дел од вработените во катарските домови биле од Филипини. Најавата за вработување лица од европските и африкански земји предизвика дебати во Катар колку лицата ќе се снајдат во традиционалните катарски семејства.
Катар и досега беше атрактивна дестинација меѓу македонските граѓани кои во оваа богата земја заминуваат како стујардеси, градежници, хотелски работници, готвачи и слично.