Каролина Гочева

  • Креатор на темата Креатор на темата Word$haker
  • Време на започнување Време на започнување
Последно уредено од модератор:
Почетоците на Каролина:love:

 
Последно уредено од модератор:
Пак ќе го избришат и ова. Зошто ги бришат? И настапот на Мамо пушти ме ја бришат.
 
Златко Ориѓански не заслужува да се кити со туѓо перје,направи-л плагијат што ете излезе на виделина и неговиот ЛАЖНОкомпонирачки дух и квалитет :rolleyes:



:tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp:


https://soundcloud.com/dejan-spasovic/kosturchanki-nevesta-zhito

Најпрво убаво информирај се па после коментирија. Иначе оваа песната е препеана од Баклава -
Невеста жито требеше
еве повели линк
 
Последно уредено од модератор:
Не ме смеј ,и види што прокоментирав најпрвин.Златко Ориѓански се потпишува како автор на музиката . http://en.wikipedia.org/wiki/Vo_Zaborav Типичен лажго,и се гледа дека песната е украдена .Балква не ја мешај ,јас не реков кој друг ја има препеано ,се однесуваше конкретно за Ружо ружице песната на Каролина дека е плагијат !
 
Не ме смеј ,и види што прокоментирав најпрвин.Златко Ориѓански се потпишува како автор на музиката . http://en.wikipedia.org/wiki/Vo_Zaborav Типичен лажго,и се гледа дека песната е украдена .Балква не ја мешај ,јас не реков кој друг ја има препеано ,се однесуваше конкретно за Ружо ружице песната на Каролина дека е плагијат !

Не знам дали го имаш прочитано овој пост: #2944
 
Не знам дали го имаш прочитано овој пост: #2944
Значи и официјално потврдил со ова дека е мизерија која пишти за внимание. Со Анастасија беше ок, барем така делуваше, сега само квичи нешто........ах бе Златче Златче.
 
КАРОЛИНА ГОЧЕВА ГО ОТВОРИ КРУШЕВО-ГРАД НА КУЛТУРАТА

Со концерт на изворна музика на Каролина Гочева, вчеравечер во Крушево беше означен почетокот на манифестацијата „Крушево град на културата“.
---
Концерт на Каролина Гочева во Македонска Каменица

karolina_kamenica.jpg
 
Македонија за нашите браќа и сестри од Србија и Босна и Херцеговина

Авалон продукција во петок во СЦ „Борис Трајковски" во Скопје ќе организира голем хуманитарен концерт под мотото „Македонија за нашите браќа и сестри од Србија и Босна и Херцеговина".


mkd-126237.jpg


На концертот ќе настапат Кристина Арнаудова, Тони Зен, Ареа, Нокаут, Каролина - „Македонско девојче – проект“, а како последен концертот ќе го затвори Влатко Стефановски со неговото трио. Сите артисти ќе настапат со своите бендови во живо. Почеток на концертот е во 21 часот, а планирано е да трае 180 минути.

Хуманитарната акцијата е подржана од СЦ „Борис Трајковски“ кој за овој настан сите свои ресурси ќе ги обезбеди бесплатно, додека за беспрекорен звук, светло и видео ќе се погрижи фирмата „ДВД 5“ со сите свои расположливи елементи.

Во продажба ќе бидат пуштени сите 10.000 влезници по цена од 500 денари од среда преку продажната мрежа на „Купи карти за се“ како и онлајн наwww.kupikartizase.com.

Планирано е да се соберат 5 милиони денари.
 
Концерт на Каролина во Македонска Каменица

karolina-vo-kamenica.png


По многубројните културни настани кои се случија во Македонска Каменица во изминатиов период од годинава, Општина Македонска Каменица и Културно-информативниот центар „Романса“ организираат спектакуларен концерт на најголемата македонска музичка ѕвезда, Каролина Гочева.

„Годинава, Културно-информативниот центар „Романса“ од Македонска Каменица, со огромна поддршка на општината и градоначалникот д-р Дарко Митевски, организираше низа културни настани. Наши гости беа Весна Петрушевска и Сашко Коцев со нивните стенд ап шоуа, беа прикажани многу врвни театарски претстави, организирани се неколку конкурси и сл. Ве претстојниот период ќе бидат прикажани театарските претстави „Шашардисани времиња“ на Велешкиот народен театар „Џинот“ и хит претставата „Не се клади на Енглези“ на Македонскиот народен театар. Со особена гордост и задоволство го најавуваме спектакуларниот live концерт на Каролина кој ќе се случи на 24-ти мај 2014 година, на Градскиот плоштад во Македонска Каменица. Каролина во Македонска Каменица ќе настапи со комплетен бенд, на огромна бина, со аудио и визулени ефекти кои долго ќе се паметат. Општина Македонска Каменица и Културно-информативниот центар ги покануваат сите фанови на Каролина да бидат дел од овој настан.“ – изјави Васко Десподовски, ВД Директор на КИЦ „Романса“ Македонска Каменица.
По концертот на Каролина, во Македонска Каменица ќе се оддржат уште неколку огромни културни манифестации. За 1-ви јуни 2014 е најавена „Бабина баница 2014“, која е во организација на Здружението на пензионери од Македонска Каменица и Општина Македонска Каменица и се оддржува на манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ во село Цера. На 20-ти и 21-ви јуни ќе се оддржи БаскерФест 2014, а за почетокот на јули се најавува огромен DJ’s happening со кој ќе биде отворена најголемата културна манифестација во Источна Македонија, Каменичко Културно Лето 2014.

Извор: cOoLTuRa
 
Сега не ми е јасно. Хуманитарен концерт ќе има на 22 и на 28 мај во Борис Трајковски, и на двата концерти пее Каролина, само со различни пејачи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom