Каролина Гочева

  • Креатор на темата Креатор на темата Word$haker
  • Време на започнување Време на започнување
Сега не ми е јасно. Хуманитарен концерт ќе има на 22 и на 28 мај во Борис Трајковски, и на двата концерти пее Каролина, само со различни пејачи.

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани,

Ве информираме дека Авалон Продукција се откажува од организирање на хуманитарниот концерт кој што беше планирано да се одржи на 28ми Мај. Имено, Владата на Република Македонија објави и најави дека ќе организира хуманитарен концерт кој ќе се одржи на 22ри Мај (четврток).

Бидејќи сметаме дека не e логично во толку краток рок да се одржат два концерти за иста намена, што би довело до раситнување на ресурсите како што се ТВ преноси, кол - центар, купување влезници и слично.
Ние отстапуваме од најавениот концерт со желба на концертот што треба да се одржи овој четврток, да се соберат што е можно повеќе средства за помош на настраданите подрачја во Србија и Босна и Херцеговина.

На овој концерт ќе настапат и дел од изведувачите кои што беше планирано да настапат на концертот во наша организација.

Ваша,

Авалон Продукција

(превземено од facebook страната на Аволон Продукција - https://www.facebook.com/avalon.com.mk)
 
Избрзаа Авалон пред време, не знаејќи дека кај нас постои само еден збор, оној на Владата :pos:
 
Значи со кои фраери во превод сељаци идела Каролина, не ми се верува.
 
Значи со кои фраери во превод сељаци идела Каролина, не ми се верува.
Welcome to reality, oops there goes gravity.
Јеп, јбг, вкусот за мажи изгледа и е сосема различен од твојот.
 
имиња бе ало :р
 
Арно пиперки че береше.........шо и текна да пеј. Изгледа се сВестила побрзо.
 
Welcome to reality, oops there goes gravity.
Јеп, јбг, вкусот за мажи изгледа и е сосема различен од твојот.

Не дека мажите не се убави, ама џабе убавина за такви фраерчини.
 
Каролина изгледа ужасно на хуманитарниов концерт. Не знам зошто упорно и го фураат овој стајлинг, со старски кошули и шишки.
 
Каролина изгледа ужасно на хуманитарниов концерт. Не знам зошто упорно и го фураат овој стајлинг, со старски кошули и шишки.
Зашто,супер и стои и фустанов и фризурата со шишки, не знам како сакате да се облекува ко оние турбо фолк пејачки од гранд шоу ли? Она се облекува минималистички(малку е секогаш повеќе) и едноставно. Можеби понекогаш треба само појака шминка да има.
 
Да, фустанот е добар, јас мислев дека е кошула. Ама ваква фризура ич не ми се свиѓа, исто и онаа од рекламите на One.
Не знам зошто не се врати на стајлинг сличен на оној од годините околу албумот Во заборав, тренди и младешки.
 
Pa zosto ne e vise mlada helloooy :pos:

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Мене баш ми се допадна, баш изгледаше супер од фустан, шминка па се до фризура. И одличен избор на песна.
 
Супер беше

A88FC9D832373D49A9D0FB9FA9A6F540.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom