Каролина Гочева

  • Креатор на темата Креатор на темата Word$haker
  • Време на започнување Време на започнување
Блескаше Македонска опера и балет ..........

Совршенство, магија од целата комбинација на сцена, атмосфера, емоции, стајлинзи, музичари, пеење, песни. Едноставно без зборови! Најтажниот, најемотивниот и најмагичниот концерт и албум досега. Не знам какви беа првите два, но третиов беше :cuc:

Што се однесува до албумот, целиот е преубав, но Кој да ми запее е нешто најубаво и без конкуренција. Кој да ми запее е новата Зајди зајди. Потоа следуваат Ако згрешам нека изгорам, Чалгиска и Две лири. Жалосно е што покрај овие четири песни, особено покрај Кој да ми запее, се губат сите останати песни кои се квалитетни и исто така убави на исто ниво како песните од Македонско девојче 1.




:cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:
 
Баш се согласувам. Јас кога ги слушав песните во живо на првиот концерт, помислив дека овој албум е далеку подобар, и ги засенува некои песни од Македонско Девојче 1. Првиот концерт беше исто така феноменален, штета што не го снимаа. На другиве концерти гледам има камера со кран. „Смеј ми се смеј„ звучи многу моќно во живо. Новиве песни се многу софистицирани во изведбата, и тешко кој друг да може да ги препее со приближно блиска емоција како Керол. :)
 
ПОСЛЕДНИТЕ ВЛЕЗНИЦИ И ПОСЛЕДНИОТ КОНЦЕРТ

Почитувани,

Би сакале да Ве информираме дека сеуште можете да присуствувате на серијалот концерти на Каролина во „Македонската Опера и Балет“.
...
Магичните вечери завршуваат со концертот во вторник за кој сеуште има одреден дел на влезници кои можете да ги набавите на продажните места на „Купи Карти За Се“, online на http://kupikartizase.com/Events/karolina_25.02 како и на билетарата на „Македонската Опера и Балет“

Со Почит,

Авалон Продукција
 
zmb-189821.jpg


Како изгледаше Каролина на првите четири концерти:
http://republika.mk/?p=207564
 
Да зборувам за концертов веќе мислам дека и нема потреба, сето тоа е веќе македонска музичка историја, тие што не биле само може да зажалат што пропуштиле.Изминативе денови интезивно ги слушам песниве и напросто колку повеќе ги слушам, толку повеќе уште сакам да ги слушам. Инаку во моментот хит ми се Сакам да не те сакам и Те видов и се заљубив, баш така ко во песната слушам и се заљубувам. Мислам дека сите песни се преубави.А Смеј ми се смеј е посебно доживување во живо. За информација од Авалон ги скинуваат сите кои неовластено ќе ги постават песните на youtube, само официјалните синглови може,останативе ќе мора да си ги купите за да ги слушнете.
 
А зошто ја ставиле Кој да ми запее тогаш? Нека останеа само Чалгиска и Две лири.

Инаку мислам дека најголеми хитови сепак ќе останат Чалгиска и Две лири кои се ненадминливи во слушаност, за сите други треба време да заживеат, вака одеднаш ќе им се испомешаат на луѓето. Во живо сите песни звучат многу помагично и посовршено од студиските верзии. Јас се запрепастив. Кој да ми запее како песна е нешто најдобро досега.
 
Две лири е песна која со години ќе се слуша и повторува

Нешто д бест оф каролина е

Sent from my LG-E400 using Tapatalk 2
 
Па Кој да ми запее е третиот сингл од албумов. Инаку јас оваа песна ја замислувам и би сакал да ја слушнам во дует Каролина и Влатко Стефановски,само гитара и вокал би било совршено.
 
На концертот таа песна беше величеснствено изведена. Кога прв пат запеа Ех да ми беше срцето живо, МОБ загрми.
Што се однесува до концертите, мислам дека уште две три песни не ќе беше лошо да испееше, пример Македонско девојче, Битола мој роден крај, Сношти минав покрај вази итн.
 
Јас бев на првиот концерт и беше навистина доживување. Увертирата беше беспрекорно осмислена, пијано свири, Каролина полека чекори од „сенките густи„ и срамежливо со шеширот ни го крие погледот, а гласот и одѕвонува како на славеј :). Мислам дека од старт со Кој да ти запее нé купи сите. Смеј ми се смеј навистина зувчи многу моќно во живо, мислам тоа е поради тоа што брзиот дел на средината на песна го свиреа подолго. Се изненадив што имаше малку побрзи песни како Вези, вези и Ќе пијам љубов до крај.
Од сите стајлинзи најдобро ми изгледаше на третиот концерт (со виолетови панталони), а најнеубаво токму на првиот концерт. Кошулата и беше некако широка и неудобна со пердувите, забележливо си го затскриваше деколтето, а каишот и правеше проблеми, па го извади :)
За официјалниот профил на YouTube што го имаат, ме нервира тоа што ќе начекаат некој друг да закачи настап од ТВ или од концерт, и они после го симнуваат и го поставуаат преку нивниот официјален профил. Затоа неќна им го тргнаа видеото „Две лири„ што го симнаа од профилот на некој фан што го снимил во живо.
@Дијаманте: Подобро што не ги испеа Македонско Девојче, Битола мој роден крај. Некако не ми се уклопуваат во листата не песни, а за Сношти минав покрај Вази не ќе беше лошо.
Дали знае некој дали ќе се прави видео запис за песниве?
 
Јас бев на првиот и на петтиот концерт и мислам дека петтиот беше подобар,ми е жал шо не бев на шестиов зашто бил најдобар,но јас фатив грип на петтиот и си седам дома сега. А мене на петтиот концерт ми беше најдобро облечена.
 
ПО ШЕСТЕ ВЕЧЕРИ ВО МОБ
Публиката не сакаше да си оди дома од концертот на Каролина

0DC1CB91F45AAE4B8065EDC05906C63F.jpg
По петте фантастични концерти, на последниот, шести по ред, Каролина на многу емотивен начин се прости со своите фанови со бис кој го направи специјално таа вечер во фоајето на Македонската опера и балет (МОБ). Во фоајето Каролина заедно со својата публика ги испеа "Чалгиска" и "Две лири", а потоа уште час и половина Каролина потпишуваше автограми и се фотографираше со фановите.

Со овој концертен маратон во кој пејачката целосно и се предаде на публиката, а таа и возврати со маратонски аплаузи, испиша уште една успешна музичка приказна. Нејзините нови песни од албумот Македонско девојче 2", кој веќе е пуштен во продажба: "Кој да ми запее", "Чалгиска", "Вези, вези", "Сакам да не те сакам", "Смеј ми се смеј", "Две лири", "Ќе пијам љубов до крај", "Сон" го најдоа патот до публиката, а таа со овој проект покажа музичка зрелост и вештина својот карактеристичен поп-вокал да го трансформира и да го донесе овој етно-звук на вистински начин.

Меѓу албумот Македонско девојче 1" и второто продолжение на албумот публиката чекаше шест години. Да се надеваме дека новото, трето, продолжение ќе стигне побрзо и нема да чекаме толку долго, затоа што, очигледно, Каролина своите најдлабоки музички квалитети и емоции најубаво ги искажува во овој жанр.

3EDF4FDA89F0514297DE3B1D899BA361.jpg
 
Инаку на концертот ме нервираа тоа маливе деца, треба да сфатат некои родители дека постои театар за деца и таму да си ги носат,ова не е концерт за нив.
 
Инаку на концертот ме нервираа тоа маливе деца, треба да сфатат некои родители дека постои театар за деца и таму да си ги носат,ова не е концерт за нив.
И јас го реков истото. Почнав да превртувам очи кога видов деца за рака со мама и тато. До нас имаше еден татко со мала ќерка од 4-5 години, и кога Керол ја пееше Скопска Магла пуштија вештачка магла во позадина, детево го прашува татково оти пуштаат магла, и овој и одговара: „за поавтентично да се долови амбиентот„. лол Сигурно дека го разбра..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom