Каролина Гочева

  • Креатор на темата Креатор на темата Word$haker
  • Време на започнување Време на започнување
Читам и гледам дека ама баш никој не следи МТВ, па таму ги има сите самостојни ( и тоа два) концерти на Каролајна, од кој првиот мислам дека беше во Универзална. Доколку имате некое другарче во МТВ може да го замолите да ја пушти на Парламентарниот Канал.
И колку што се сеќавам за првиот кој беше долго најавуван, и гости и беа Новоградска и коментарите што испаднаа после концертот е дека не ја бива за концерти, едноставно не може да воспостави контакт со публиката.
Значи Каролајна има направено само два самостојни концерти во Македонија. Ако не сум во право дај пуштете линкови од плакатите од другите концерти.

p.s И во концерти не се сметаат настапите на фестивалите.
Ми текнува од една телевизија после концертот на Каролина (не се сеќавам кој по ред, првиот или вториот) прашуваа луѓе што биле на концерот како си поминале. Една девојка ептен искрено им кажа, абе добри и се песните и се тоа, ама подосадно никогаш не сум си поминала. Ич не ја бива за контакт со публика. Морам да признаам се изнасмеав...:)
 
Па ти сигурно живееш на друга планета,само 7 пати ја полнеше универзална.
Мислам дека за некои работи кога не сте информирани барем не тресете глупости.

Eпа убави ти е напишано, ако ги имаш информациите за повеќето самостојни концерти пушти линк, закачи слика од флаер сигурно фан како тебе ги чува
 
Едно прашање - колку ве плаќа Каролина за еден лош збор (под ова лош збор разбирам и релативни работи, не плукање туку блага критика) да не кажете за неа?
 
Едно прашање - колку ве плаќа Каролина за еден лош збор (под ова лош збор разбирам и релативни работи, не плукање туку блага критика) да не кажете за неа?
Па ова можам да го формулирам и вака колку ги плаќаат оние што плукаат и тврдат дека не ја поднесуваат,а по цел ден пишуваат за неа.За фан нема цена.Можам да коментирам за многу други,зашто и мнгу добро ги знам многу нешта и за мнгу пејачи,но напросто не го губам времето за нив,немам потреба од тоа.

--- надополнето ---

Eпа убави ти е напишано, ако ги имаш информациите за повеќето самостојни концерти пушти линк, закачи слика од флаер сигурно фан како тебе ги чува
Не чувам такви работи,но ти ако те интересира прочитај назат на постовите ќе се информираш.
 
Едно прашање - колку ве плаќа Каролина за еден лош збор (под ова лош збор разбирам и релативни работи, не плукање туку блага критика) да не кажете за неа?
Zar treba nekoj da me plaka ,za da zastanam na negova strana ,ako nekoj nisto loso ne napravil, a site navalile na nego so nekoi suplivi prikazni ,sto treba jas da pravam, da gledam seir:toe:
 
Па ова можам да го формулирам и вака колку ги плаќаат оние што плукаат и тврдат дека не ја поднесуваат,а по цел ден пишуваат за неа.За фан нема цена.Можам да коментирам за многу други,зашто и мнгу добро ги знам многу нешта и за мнгу пејачи,но напросто не го губам времето за нив,немам потреба од тоа.

Јас за без пари, едноставно нема цена да просветлиш некого да му го отргнеш розовото од пред очи и да ја види вистината колку и да е таа страшна,
и сега едно прашање дали си за плавата или црвената капсула?
 
Инаку Каролина денес доби и нов спонзор Аква кокино од Куманово,некако симболично како да е со новиот албум Капка под небото инаку авторско дело на Весна Малинова и единствена песна од македонски автор.
 
Официјално потврдено од страна на Каролина на Бекстејџ
КАПКА ПОД НЕБОТО најновиот албум излегува
за помалку од еден месец

Некој праша за концерти? За мене ќе си зборам. Јас бев на концерт во Универзална во април 2002 година и 2004 година. На саем април 2007 година, а во Универзална исто бев на последниот нетипичен концерт во декември 2008 година.
А за спонзорот, дадоа сега на телевизија за тоа
 
И доста ми е од Каролина! Сакајте си ја, одете и на концерти, само немојте да мислите дека некој не ја знае каква е.
Ех бре Хич, ја веќе кренав раце...како да збориш во празно, џабе.
А за нечии лични искуства со принцезата не ме интересира и кажување на истите по интернет не ми кажува дека тоа е точно туку единствен впечаток што се остава е дека некој се жали за пропаднато проектче и тоа на интернет.
Затоа такви информации низ едно око влегуваат и низ друго излегуваат.
од вакви мисли и постови не очекувај ништо пореално.

--- надополнето ---

Хепа ај да не коментираме, штом се лутат...отсега само добри лафој за Каролина, Калипои и Ноне...и другите. СВе најбоље
ЈАВНОСТА НЕ СЕ ВОЗДРЖУВА ОД КРИТИКА НА ПОП-ЅВЕЗДИТЕ
Естрадата е цел на интернет-форумите
Секојдневно се водат жестоки дискусии на теми за нашите познати личности, а уредниците на веб-порталите укажуваат оти „форумџиите“ самите одговараат за се' што ќе напишат
43AEA22BB6504C4D87EBACE053B6CA32.jpg

Каролина, Калиопи и Ноне се само дел од пејачите за кои се водат жестоки дискусии на форумите, а трите се согласуваат во една работа - не ги сфаќаат сериозно овие коментари
Каролина е ладна, Калиопи премногу ги изразува емоциите, Елена е скопска шмизла, Ноне е „метро и жилет“, Билбилов треба да пишува песни, но не и да пее, Дани некако е здебелена, Јован и Елвир се самобендисани. Ова се само дел од епитетите што домашните музички ѕвезди секојдневно ги добиваат на интернет-форумите. Сериозни теми, како „Дали Македонија ќе влезе во ЕУ и НАТО“ или „Како да се спаси земјата“, се ништо споредено со дискусиите за нашата естрада. Покрај позитивни и издржани критики за албуми, манифестации и концерти, обожавателите „постираат“ и интервјуа, спотови, изјави, но и упатуваат навреди на сметка на пејачите без влакна на јазикот.

ФОРУМИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ

Едно од најкоментираните имиња е Каролина. Форумџиите од Битола и' забележуваат што ретко го споменува родниот град, а обожавателите водат расправа со критичарите дека нејзината музика е супер и дека „Македонско девојче“ е еден од најквалитетните албуми. Гочева ретко ги чита форумите, но е информирана оти за неа се пишува се' и сешто.

- Се коментира секој мој чекор и настан на кој сум присутна. Недолично е што луѓето мислат дека имаат право да коментираат нечиј живот и да го навредуваат. Не ги земам здраво за готово, а мислам оти и никој друг не ги сфаќа сериозно. Го почитувам мислењето на луѓето што в лице ќе ми кажат што мислат за мојата музика и кариера - вели Каролина.Веб-порталот „Кајгана“ има еден од најпосетените форуми. Постои од 2005 година, но остри коментари има и на „Идивиди“ и на „Багра“. Дарко Лазаревски, уредник на „Кајгана“, укажува дека основна цел на форумот се дискусиите меѓу корисниците.

- Познатите личности се подложни на реакции, но не секогаш се „на тапет“ на форумот. Има и позитивни критики. Јавноста е поделена за што било, а такви се и ставовите за пејачите. Тоа го прави форумот огледало на јавното мислење. Се случувало и јавните личности да се вклучат во самата дискусија, а тоа значи дека ги читаат форумите - вели Лазаревски.Калиопи на неодамнешниот концерт во „Метрополис арена“ изјави дека на форумите прочитала оти е дебела и се шегуваше на своја сметка. Таа не им посветува внимание на овие коментари, но знае да ѕирне за да види до каде се развила свеста на нејзините сограѓани.

- Кога се килограмите во прашање, тоа ми е симпатично и се шегувам на своја сметка. Се' додека се чувствувам здраво и можам да издржам кондициски два и пол часа на бината не се вознемирувам. Секогаш ќе има злобни јазици што ќе кажат се' токму на форумите. Ние сме мала земја, а најважни ми се коментарите од мојата публика - вели Калиопи.

ДЕЛ ОД ЕСТРАДАТА НЕ ТРПИ КРИТИКА

Исмејувања на физичкиот изглед, навредливи коментари за згодните пејачки од типот „спонзоруши“ и искажување сексуална возбуденост кон дел од нив се дискусиите што стојат рамо до рамо со рецензиите за нивната работа. Дали на ваквите навредливи содржини местото им е на овие форуми и какво е правилото на игра?

- Во демократија, ако го скратиш правото на изразување личен став на корисниците го попречуваш јавното мислење и си цензор. Но, мора да има дефинирани правила и граници на однесување. Тешко е да се балансираат овие работи и да се постави граница. Корисникот може да добие опомена, а и да биде исклучен од форумот - вели Лазаревски.

На форумите прав се крева и за Елена Ристеска
. Таа привлекува внимание со изгледот, а корисниците коментираат дека е и арогантна и типична „скопска шмизла“. Тука се и тие што веруваат оти Елена е комплетна пејачка. Се дискутира и за Роберт Билбилов, Елвир Мекиќ, Јован Јованов и Владо Јаневски. Ноне Неделковска на симпатичен начин реагира на коментарите за нејзината висина.

- Не ме повредуваат оти тој што напишал навредлив коментар џабе го потрошил времето. Доволно е да каже дека не му се допаѓаат Ноне и нејзините песни. Имам метро и 50, но не се срамам од својата висина. Доволно сум направила во животот со тие „метро и жилет“ - вели Ноне. На информативната музичка страница „Македонска музичка мрежа“ до извесно време функционира форум, но неговата работа е стопирана за да се надгради. Сега читателите своите коментари, критики и пофалби може да ги напишат под секој текст. Уредникот Иван Беќковиќ смета дека зборот на форумџиите има своја тежина.

- Обичниот коментатор, кој настапува под лажен идентитет, што не мора да биде правило, ја има таа слобода (што самиот си ја дозволува себеси), да пишува што ќе му текне. Тие коментари ни задаваат голема главоболка бидејќи иако ние немаме ништо со нив знаат да ја налутат нашата естрада. Некои луѓе се држат цврсто, машки, без да ги тангира што некој фантом ќе каже за нив. Но, има ликови што не' трпат критика и во пакет со веста бараат за нив да нема лоши коментари, без оглед дали се аргументирани или не - завршува Беќковиќ.
 
Плејбој и платиле 10 000 евра на Каролина за фотографиите
пишува во утрешен Шпиц или Време
 
Јас за без пари, едноставно нема цена да просветлиш некого да му го отргнеш розовото од пред очи и да ја види вистината колку и да е таа страшна,
и сега едно прашање дали си за плавата или црвената капсула?
Ова ме потсетува на темата за Скиентологијата. Мене ми го тргна таа тема розовото перде од пред очи. Ако оваа тема го тргне розовото перде од пред очите на еден од фановите, јас ќе бидам среќен.

Плејбој и платиле 10 000 евра на Каролина за фотографиите
пишува во утрешен Шпиц или Време

Ај промашена инвестицијаааа.... Значи затоа списанието чини 250 денари, наместо да го спуштат на некои разумни 100-150 денари.
 
Ова ме потсетува на темата за Скиентологијата. Мене ми го тргна таа тема розовото перде од пред очи. Ако оваа тема го тргне розовото перде од пред очите на еден од фановите, јас ќе бидам среќен
I sto treba da sfatam koga ke mi se trgne rozovoto perde od pred ocite ,sto toa ti gledas pa i jas da gledam,aj te molam prosvetli me
 
НАЈДОБРОТО ДОАЃА...
КАПКА ПОД НЕБОТО

Сексапилната поп дива Каролина Гочева го скрши мразот. Девојката на која многумина и завидуваат и поради нејзиниот стас и поради нејзиниот глас го покажа своето секси тело и докажа дека фотографирањето за Плајбој е престиж и задоволство. Оваа есен неможе да започне депресивно со нашата Каролина во вакво издание.

"Среќна сум што сите славни личности кои се фотографирале за Плејбој сум и јас, посебно ме прави горда дека е првиот број и што мојот пикторијал е на насловната страница. Ова е посебен момент. Мојата кампања за новиот албум почнува токму со оваа фотосесија. Сакам да им порачам на сите да се подготват да го слушнат и видат најдоброто досега од Каролина" - порача македонската поп - икона.​

НЕЈЗИНИОТ НОВ АЛБУМ НАСЛОВЕН "КАПКА ПОД НЕБОТО" Е ВО ФИНАЛНА ФАЗА
И ИЗЛЕГУВА НАСКОРО!



 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom