Прво морам да кажам дека Кристина и Дани (особено Кристина) ги почитувам премногу и девојките се одлични како пејачки, но во никој случај не се ѕвезди. Дали некој знае кое место е сега некој на МТВ Адрија или кое бил, и која предност е тоа во нивната кариера? За информација, каролина со Се лажам себе и уште неколку песни беше на врвот на МТВ Адрија, па мене искрено апсолутно не ми е битен тој детаљ за неа, затоа што нема никаква корист тој детаљ. Користа и добивката доажаат за наш Балкан преку тие популарни шоуа (Операција Триумф, Пеј со мене, Ѕвезди со ѕвездите) каде пееше секоја недела различни песни и различни стилови, нешто што го прави пејачот универзален во музичките правци - дали сте гледале нејзини настапи од лани во Ѕвезди со ѕвездите или Пеј со мене каде настапуваше со денс, рок, поп, изворно македонско? Е тоа е нешто кое треба да го знае секој пејач кој сака да се нарече ПЕЈАЧ.
Зашто исклучиво она и само она е барана на ваквите шоуа од Македонија? Тоа е доказ за енормна популарност кај нас, дбоитничка на безброј Принчеви награди итн во соседниве земји? Без разлика дали е тоа кич или некич музика за некој која се пласира на тие фестивали и шоуа, сепак тие се ПОПУЛАРНИ и тоа го прави пејачот ѕвезда, а не настапи локали и гостувања по македонски емисии од типот на Маја Поцевска
каролина долги години се градеше како музичко име се до ден денес кога стабилно стои на тоа што се нарекува балканска музичка сцена (вклучувајќи ја и македонската) и не само што кај нас бира, него и во балканскиве земји бира во која емисија ќе се појавува (добро НЕ она, тоа е работа на менаљерите, свака им част за тој потег). Кај нас се појавува само кога има ПОВОД во одбрани гледани популарни емисии, хуманитарни концерти? ХАХХАХА - колку има настапувано, али никаде се нема пофалено на ТВ, остануваат смао натписи по весници и толку - доказ за нејзината одмереност и неверојатна скромност врз која ја изгради кариерата
Скромноста не е во физичкиот изглед, она физички е префинета и совршено средена, не е поентата во скромноста во тоа, туку во тоа што го покажува, однесувањето, а она апсолутно секогаш ДИПЛОМАТСКИ, ПРЕФИНЕТО и УМЕРЕНО одговара на секое можно прашање кое и е поставено, па затоа мора сами новинарите да си вадат интерссни приказни од нејзините зборови и дела, затоа што сама не кажува ништо контраверзно и дискутабилно.
Плус, единствена македонска пејачка која има совршен однос со сите новинари, дури и оние најкржлавите и најнезгодните кои со еден збор ја ОБОЖУВААТ поради нејзината професионалност, а на што се должи тоа?
На тоа што и она знаела како да им врати на тие луѓе за почитта со уште поголема почит - карактеристика која им недостасува на многу т.н музички имиња кај нас - суетноста.
Во однос на нејзината музика, најпродавани албуми од женските изведувачи кај нас има она, бројките се јасни и доволмно се говорело за тоа, кој не верува, нека почне сопствена истрага:baeh: И што е најважно знае за се да си направи калкулација, од етно песни кои релаксираат и слично со некои настапи по тие шоуа што ги споменав па се до диско хит како ЈА И ТИ кој е обавезен во скеоја дискотека