Каролина Гочева

  • Креатор на темата Креатор на темата Word$haker
  • Време на започнување Време на започнување
Дали утре ќе излегува албумов на Каролина? Јас немам видено ни билборд ни реклама на телевизија или радио.



КАРОЛИНА ГИ ПОДРЖА БОЛНИТЕ ОД ХИВ/СИДА
- Сметам дека треба да влијае на свеста на сите оние кои строго гледаат на овие луѓе и чиј живот е отежнат поради состојбата во која се наоѓаат и поднебјето на кое живеат, посочи Каролина Гочева, заштитно лице на кампањата во пресрет на меѓународниот дена на лицата со Хив/сида
 
Дали утре ќе излегува албумов на Каролина? Јас немам видено ни билборд ни реклама на телевизија или радио.

Да, утре излегува албумот.
Исто така, утре 27.11.2012 во 11 ч. ќе се оддржи прес конференција по повод излегувањето на новиот албум „Најубави песни„ на која свое обраќање ќе имаат Каролина и Авалон.

231130_469350093106131_1479302665_n.jpg


КАРОЛИНА – Најубави песни
  1. Тој (Н. Перевски / В. Крстевски / Б. Аслани)
  2. Први март (М. Вукомановиќ / С. Вукомановиќ – К. Габровски / М. Вукомановиќ)
  3. Во заборав (Махир “Beat House” – Д. Шукало / Д. Мерлин – В. Малинова / Д. Шукало)
  4. Само уште еден ден (Калиопи / Калиопи / Д. Димитров)
  5. Без оглед на се (К. Ковач / Р. Милошеска – Брчиоска / И. Брчиоски)
  6. Знаеш колку вредам (М. Вукомановиќ / С. Вукомановиќ – К. Габровски / М. Вукомановиќ)
  7. Штом сакаш (М. Вукомановиќ / С. Вукомановиќ – К. Габровски / М. Вукомановиќ)
  8. Љубовта е моја религија (В. Јаневски / В. Јаневски / Д. Имери)
  9. Не чувствувам страв (М. Шерифовиќ / М. Сар – В. Малинова / М . Сарихоџиќ)
  10. Капка под небото (В. Малинова / В. Малинова / Д. Тасев – М. Сарихоџиќ)
  11. И ќе биде се во ред (И. Џамбазов / И. Џамбазов / Д. Тавитјан)
  12. Сама (М. Сар / М. Сар – В. Малинова / М. Сарихоџиќ)
Бонус
  1. Кад ми небо буде дом (В. Стефановски / Џибони / В. Стефановски)
  2. Као мало воде (В. Стефановски / В. Стефановски / В. Стефановски)
  3. Lady Godiva (А. Дедиќ / А. Дедиќ / Н. Братош)
  4. Остани ( Зденко Руњиќ)
 
МАКЕДОНСКИОТ СУПЕРБРЕНД СО ПРЕДНОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ

Македонскиот супербренд Каролина Гочева пред два дена во Клубот на новинари заедно со нејзината продукција Авалон промовираше спот, албум и концерт - промоција насловена како Три во едно. Спотот е за песната „Тој“ која е во нов аранжман и која како таква се наоѓа на најновиот нејзин албум „Најубави песни“. Албумот содржи 16 песни, од кои како што вели Каролина, некои се нејзини најголеми хитови, а некои се од старите кои не станале големи хитови и на кои им се дава нова шанса поради квалитетот кој го имаат. Дел од албумот се и две песни испеани само на српски јазик Кад ми небо буде дом и Као мало воде, а тука е и Лејди Годива на Арсен Дедиќ.
Албумот веќе се наоѓа во продажба, а кога се работи за идни нејзини албуми, на промоцијата беше потврдено излегување на продолжение на етно албумот „Македонско девојче“ во следните две години.

Она што во најблиска иднина се очекува е анплагд концертот кој ќе се одржи во Универзалната сала на 22. декември со почеток во 20.00 часот каде во акустична верзија за прв пат ќе бидат слушнати нејзините песни. Картите ќе бидат пуштени во продажба од 3. декември. Голем концерт на ѕвезда голема како Каролина заслужува само да биде поддржан од најголемите и тоа од Авалон продукција, Пежо, мобилниот оператор ОNE, Пелистерка, Витаминка, Сител телевизија и естрадниот магазин Бекстејџ.

 
Премногу и е скап албумот 499 денари ,некои пеачи/пеачки и бендови со цел албум нови песни 100 денари им е цената ,па после се дига џева имало премногу пиратерија и незнам што уште не .
 
Премногу и е скап албумот 499 денари ,некои пеачи/пеачки и бендови со цел албум нови песни 100 денари им е цената ,па после се дига џева имало премногу пиратерија и незнам што уште не .
Ааа, ќе го купам албумов, оригинал, нормално. Барем сега можам да си дозволам. И на концерт ќе и идам :) И сакам и Дијаманте да ја запознаам во живо :)

Шега на страна, ми мириса на фино концертче, вреди да се отиде.
 
Интервју со Каролина: Забранив да ме прашуваат кога ќе се мажам

Интервју со Каролина Гочева
На само два дена пред спектакуларниот концерт на нашата пејачка Каролина Гочева во Универзална сала, екипата на БезПардон ѕирна во пробите за акустичниот концерт кои се одржуваат во спортскиот центар „Борис Трајковски“. Од менаџерскиот тим на Каролина ни открија дека не секој ја има таа можност да присуствува на пробите, но секогаш има исклучоци. Еве што видовме таму и како течеше разговорот со Каролина.
Во моментов се наоѓаме на пробата за концертот во Универзална сала, прв од ваков тип за тебе, акустичен. Зошто баш акустичен?
Каролина: Затоа што уште тоа не сум го направила како концертна форма. Досега на сите концерти ги изведував моите хитови. Мислевме дека е време за еден ваков концерт. Што се однесува на репертоарот не ги мешаме програмите на песните, односно оние традиционалните со моите поп песни. Тука ќе се пеат само оние од поп албумите, односно повеќе од компилацијата „Најубави песни“. Некои се потполно променети аранжмански, додека кај рок песните нема големи промени. Мислам дека пријатно ќе се изненади публиката.
DSC_00621-640x428.jpg
Ќе има ли некое изненадување, некој гостин можеби?
Каролина: Размислувавме, но кога ја направивме листата од 26 песни, сфативме дека би било премногу ако вклопиме гости, затоа оставивме вака да биде. На последниот концерт во „Борис Трајковски“ имав дури четири гости.
Слушајќи го новиот албум „Најубави песни“, првото нешто кое секому ќе му падне на ум е дека тоа навистина се најубавите песни и името совршено одговара. Како си задоволна од прифатеноста на новиот албум „Најубави песни“?
Каролина: Задоволна сум, првата идеја беше best off компилација или greatest hits, па после дојдовме до идеја да се направи нешто што не е толку очекувано, песни кои се добри, но не добиле толкаво внимание како што заслужуваат. Идејата за името на албумот беше на менџерот Бобан.
DSC_0229-640x428.jpg
Ти имаш доста голем стаж на естрадата, тоа не значи дека си стара, но доволно компетентна да направиш компарација на естрадата пред 10 години и сега.
Каролина: Компарацијата не би била многу среќна, бидејќи пред 10 години мислам дека македонската естрада ги доживуваше најѕвездените моменти, се појавија имиња кои навистина оставија печат. Во последните години се појавуваат некои имиња со краток рок на траење. Не ме загрижува тоа бидејќи квалитетот и напорната работа се исплати и публиката знае тоа да го цени.
Се ближи Евровизија, ти беше два пати досега. Има ли шанси повторно да те видиме на овој избор и дали сметаш дека можеби Македонија треба да се повлече од овој избор?
Каролина: Не мислам дека треба да се откаже, туку нацијата да се убеди дека не треба да се оперетува со Евровизија. Сметам дека треба да се вложува во претставникот, кога веќе се оди. До сега, повеќе или помалку сме имале добри претставници, но секој бил оставен сам на себе. Јас не би одела повторно, две искуства се сосема доволно.
DSC_0089-640x428.jpg
Што сака Каролина да прави кога не е во јавноста?
Каролина: Имам најнормален живот, сакам да се дружам со пријателите, со луѓето кои ги сакам, да се собираме по дома со другарките, нормален живот кој некому можеби би му изгледал и по малку здодевен.
Ти си дипломиран професор по англиски. Дали си размислувала некогаш да го работиш тоа?
Каролина: Не сум размислувала, музиката покрај тоа што е мојата најголема љубов, ми одзема многу време. Целиот живот сум максимално сум посветена на неа така што немам време за друго. На тоа се одлучив кога бев во средно училиште и не знаев како ќе се одвива мојата кариера.
DSC_0138-640x428.jpg
Твои долгодишни стилисти се Цаци Паковска и Дадар. Имаше период на благи трансформации, ја смени бојата на косата, едно време носеше шишки, но сето тоа беше умерено. Дали си размислувала да направиш некоја драстична промена во изгледот?
Каролина: Не, промените треба да кореспондираат со личноста. Зависи што носиме во себе, можеби тоа е биковското во мене што не сакам нагли промени. Сите промени сум ги правела умерено и тие шишки кои сум ги направила, сто пати сум размислувала дали ќе ми стојат, како ќе ми стојат, не сум тип кој генерално сака промени во животот. Косата е една од тие работи. Како на секоја жена која и е важно како изгледа, кога косата ми е средена се чувствувам поубаво.
DSC_0050-640x428.jpg
Имаше за тебе секакви трачеви, од тоа дека си бремена, па афери, меѓу кои и една дека ќе се мажиш… Последната која јас ја слушнав низ чаршијата е дека тајно си се омажила, но тоа се крие од јавноста за да не и наштети на кариерата.
Каролина: Зошто би ми сметало во кариерата? (се смее)… Тие трачеви не влијаат врз мене, можеби порано пред 10 години, но никогаш не се случило некој трач да влијае врз некоја одлука во мојот живот или на моите блиски. Никој не обрнува внимание, тоа сум го сфатила како составен дел од мојата работа. Живееме во подрачје полно со предрасуди, не знам зошто луѓето се гладни за трачеви, измислуваат работи.
Епа да ги разрешиме дилемите, кога планираш да се мажиш?
Каролина: (се смее) Изрично забранив тоа прашање да ми се поставува. Се шегувам, нормално секој сака да се мажи, но тоа не може да се планира, тоа се случува кога некој од горе одредил. Не сум сокрила ништо во животот, па ни тоа.
DSC_0063.jpg
Доаѓа Нова година. Каде ќе ја дочекаш? Работно или можеби приватно?
Каролина: Па најверојатно работно, уште не знам каде, толку сум зафатена со концертот, но мислам дека работно.
Знаеме колку е тешко во денешно време да се живее од музиката. Многу голем дел од колегите пеат по дискотеки само за да можат да опстојат. Ти такви викендашки тезги не правиш. Значи ли тоа дека Каролина доволно добро заработува за живот?
Каролина: Доколку после толку години работа не можам да живеам како што сакам, тогаш би требало да престанам да работам. Ако мојата егзитенција зависи од некоја тезга тогаш ќе престанам да работам. Позади мојата работа стојат сериозни фирми и компании, а сето тоа е резултат на долгогодишна и напорна работа.
DSC_0207-640x428.jpg
Да беше Тоше жив што мислиш до каде ќе беше неговата кариера до сега?
Каролина: Сигурно ќе беше на врвот бидејќи овие простори не паметат таков талент и тоа е нешто кое сите го признаваат, дури и најголемите ѕвезди на овие простори. Кога ќе запееше тој, замолчуваа сите. Сигурно ќе беше на врвот, а и сеуште е, и покрај тоа што го нема толку време.
Живееме во ера на социјалните мрежи. Дали си можеби и ти зависник од нив?
Каролина: Не сум, бев на ивица да станам, но ги исклучив профилите на Фејсбук. Проверувам нешто кога ми треба од кај другарките, а можеби повторно ќе ги акртивирам. Некои 6 7 месеци немам Фејсбук и убаво ми е.
И за крај, дали читаш БезПардон?
Каролина: Ги читам порталите редовно, а секако дека тука спаѓа и БезПардон.
 
МЕГА ЅВЕЗДАТА ПО ТЕРКОТ НА СВЕТСКИТЕ ЅВЕЗДИ
Концертот на Каролина од пред неколку дена е веќе распродаден.А ова што беше он лајн беше од нејзината дневна соба од нејзиниот стан во Центар кај Католичка црква.
 
Повеќе ја интересираше да се изнасмее со тие зад камерата отколку сериозно да одговори на некои важни прашања.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom