Каролина Гочева

  • Креатор на темата Креатор на темата Word$haker
  • Време на започнување Време на започнување
Каролина го демантираше напишаното во Свет дека ќе се мажи во октомври.

И не е точно тоа што го пренесувате од Клеопатра. Самонаречената пророчица кажа дека Каролина нема да се омажи во блиско време, се додека не направи милиони и не стане ѕвезда како Здравко Чолиќ. А кога ќе се омажела, според Клеопатра одма ќе се разведела :uvo: Очигледно треба забрана за такви личности на телевизија.
 
^^

Се сложувам со Дијамантното девојче. :)
Забрана за такви ликови да ви солат памет и да ви трубат у здрав мозок. Сменете го телевизорот уште утре.
 
Најпродаван музички албум
Капката на Каролина со рекордна продажба

Од штабот на Авалон продукција, денес со најсвежа и ексклузивна информација. Последниот албум на нивната ексклузивка Каролина, кој излезе пред крајот на минатата година, продаден во повеќе од над 11.000 примероци.
Информациите за продажбата на албумот доаѓаат од продажните места. Промоцијата на овој албум на Каролина, во Македонија се случи на 22 ноември во издание на Авалон Продукција, додека пак за српското и хрватското јазично подрачје се појави под насловот „Кап испод неба“ во издание на City records, Emotion и Авалон продукција.
Албумот содржи десет песни а како композитори се потпишаа неколку од целиот Балкан па дури и од Русија. Покрај првите десет песни, „Капка под небото“ содржи и бонус трака. Една верзија на веќе постоечка песна.

omotkvadratest.jpg

Песната со која Каролина го најави излегувањето на новиот албум беше „Не се враќаш“ во која како гостин се појавува виртуозот на гитара Влатко Стефановски и за која неодамна сними и видео запис.

Ремиксот на Сите тие дни - Каролина и Бабура е единствената македонска песна која се наоѓа на топ листите на Сити радио. Не памтам дали имало некој пат македонска песна во оваа топ листа.
Сите тие дни го повторува успехот на Ајде да летаме.:vozbud:
 
Аааа Дијаманте, ќе има плескање по газето за неинформираност. ДЈ Бабура е косопственик и еден од главните уредници во Сити радио. Нормално дека неговите ремикси ќе котираат високо на неговото радио.
 
Еве го ремиксот од Бабура

Аааа Дијаманте, ќе има плескање по газето за неинформираност. ДЈ Бабура е косопственик и еден од главните уредници во Сити радио. Нормално дека неговите ремикси ќе котираат високо на неговото радио.

Не знаев тоа, се зачудив кога слушнав македонска песна меѓу сите тие.

Во листите на македонските песни на Сити/Антена ставена е пак Ideal woman (Каролина-Беј д Фиш).
 
Аааа Дијаманте, ќе има плескање по газето за неинформираност. ДЈ Бабура е косопственик и еден од главните уредници во Сити радио. Нормално дека неговите ремикси ќе котираат високо на неговото радио.
PWN!
 
Аааа Дијаманте, ќе има плескање по газето за неинформираност. ДЈ Бабура е косопственик и еден од главните уредници во Сити радио. Нормално дека неговите ремикси ќе котираат високо на неговото радио.
Некој кажа плескање газиња?
 
Децо, седете мирни, Дијаманте сеуште се нема запознаено со никого од форумот.

Беи Д Фиш е многу ТоБ бенд. Каролина треба повеќе да соработува со такви автори, помалку со оној босанчеросон Мерлин :)
 
Започнаа подготовките за големиот спектакл!

Каролина деновиве наголемо се подготвува за својот концерт, кој на 13 Мај треба да се одржи во арената "Борис Трајковски". Каролина деновиве започнува да држи строг режим на исхрана, а шест часа дневно вежба со личен тренер, а исто така има проби и со својот бенд. Од нејзината куќа "Авалон" најавуваат спектакл, а Каролина вели: "За неколку дена почнувам со пробите за мојот концерт, ќе работиме за да и го дадам на публиката она што го заслужува". Од мегапопуларниот албум "Капка под небото", песната "Не се враќаш", која ја изведе со Влатко Стефановски, достигна милионска гледаност на "Јутуб", а на концертот ќе биде изведена со нов аранжман.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom