Орвел претерал, ама добро, пишувал научна фантастика, го разбирам. Затоа и споредбата е бош. Македонскиот тоталитаризам е изразен на поинаков начин на други места.
Поставувањето камери на семафор се со цел да се санкционираат прекршоците и тие се насочени постојано на самата улица каде возачот може да помине на црвено. За да не стои полицаец 24/7 ова е фантастичен начин за спроведување ред. Сите задоволни, освен пијаниот возач или македонецот шо не му се чека зелено. Ама кој го ебе, си заслужил ако се заебе.
И нема никаква врска со надгледување, тие камери не ги контролираат 16 годишни напаленковци да зумираат во деколтеата на младите средношколки во петнаеска сабајле додека идат у школо, туку компјутери кои евентуалниот прекршок го чуваат како доказ.
Ова е фантастичен проект, по владата се плука на други места...
Не се работи за тоа кого тие камери го набљудуваат, се работи за тоа дека не е пријатно чувството да одиш по улица а да знаеш дека секој твој чекор е посматран од некој. Не дека сега не е, и сега е, немојте да мислите дека сме толку заостанати и немаме никаква технологија, напротив, истата опрема што се користи по амерички филмови ја има и кај нас, ама барем не го знаеме тоа.
Секако дека е во корист при случај на сообраќајки, барем нема да може да се менува записник, но сепак е набљудување и сум сигурна дека ќе има злоупотреба.
Каде наоѓаш тоталитаризам и воајеризам во поставувањето камери на семафор? Камерите се поставуваат со цел да се регулира сообраќајот и да се спречат фраерите кои поминуваат на црвено и се прават паметни ако ги сопре полиција. Вака ќе има снимен материјал, ќе се прегледува, ќе има докази и ќе може да се санкционираат прекршоците. Колку само судари и згазени пешаци има кај мене пред зграда од такви идиоти кои поминуваат на црвено (идиотите ги вклучуваат и возачите и пешаците). Не гледам апсолутно ништо лошо и тоталитаристички во камерите, ниту сметам дека е нарушување на приватноста или набљудување. Би се чувствувала лошо некој во вц да ми стави таква камера, ама на семафор не гледам зошто тоа би ми сметало. Евентуално би можело да им смета на оние кои се секогаш со прстот во нос додека чекаат на семафор, па камерите би им сметале во тек на таа високо интелектуална и приватна активност.
Не спомнав никаде воајеризам, туку реков дека е почеток на тоталитаризам, затоа што со надгледувањето како што реков и претходно, сигурно ќе има и злоупотреба, а и плус не е исто да се движиш по улица знаејќи дека некој те посматра и доколку не би имало камери.
За сообраќајните прекршоци и сообраќајките е во ред, затоа што секојдневно се случува да се изврши промена во записникот, да се скријат траги на кочење итн. за да излезе во корист на некого, скоро сите имаат врски и по полиции и по судови. Ама потребно е да се најде начин, не само за овој закон туку за сите закони, да се решат на тој начин што ќе им се објасни на граѓаните да не ги прекршуваат законите, или пак да се најде начин да се намали стапката на прекршување на законите. Но тоа е, кај нас очигледно важи само она, удри го македонецот по џебот за да сфати дека прави прекршок.