Калиопи

  • Креатор на темата Креатор на темата vence22
  • Време на започнување Време на започнување
Баш ме интерсира како ќе биде прифатена таму Рум, дум, дум. Калиопи рече дека таму песната ќе ја видела светлината на денот и луѓето ќе ја сфателе таму песната. Иначе со овие фестивалски настапи, Калиопи како да почнува да го освојува тој пазар, али едно заборава со летен хит се освојува тој пазар на вакви фестивали, не со заморни песни како Рум, дум, дум и сличните. Јас верувам дека не само Калиопи, туку било кој да отиде на тие фестивали со летен хит, ќе освои една од главните награди, тоа се докажало и досега.
А лани со која песна пееше на Будва, значи лани исто не направи ништо, сега пак оди на тој фестивал, ако има иста песна, пак ќе се заебе.
А кич стајлингот, не се коментир,а пишав и погоре.
На иста сцена виолетов фустан, жолти хулахопки и виолетови топуци со преелегантни фустани НЕ ИДЕ
 
Победи Хари Мата Хари, кој не е ХРВАТ - треба повеќе да кажувам за тој патриотизам за кој зборуваш, нема врска тоа.
Муабетот во главно ми е дека пред да биде фестивалот, кружеа гласини дека Калиопи била прва на интернет гласање (?) за да на самата сцена друг ја добие таа награда, мислам дека премногу Калиопи, нејзиниот тим не пумпаат со информации за да испадне дека е фаворит, мислам дека тоа не е воопшто ок, затоа што се добива контраефект, пример со Евровизија. Али ај се бројат на прсти оние што знаат дека Калиопи учествувала на овој прстижен фестивал, така да ќе се заборави. Мене лично Љубичица ми е многу убава песна (поубава од сите други нејзини од последниот албум), но ништо посебно и на сцена изгледаше лошо, за разлика од сите тие млади и елегантни пејачки имиња.

И што викаш, некои не се избориле ни на Макфест. Абе додека идеме со девизата битно е да се учествува, ништо нема да правиме. Во случајов зборам за Калиопи дека не направила ништо на фестивал надвор од Македонија, затоа што најверојатно одбира нефестивалски песни.

Дијаманте а нели и Каролина на фестивалот во Босна за етно поп албум цело време водеше па на крај некој пред нос и ја зема наградата.И што сега ке правиме?Што да мислиме?:toe:
 
Дијаманте а нели и Каролина на фестивалот во Босна за етно поп албум цело време водеше па на крај некој пред нос и ја зема наградата.И што сега ке правиме?Што да мислиме?:toe:
Па она у Босна не е фестивал,туку музички награди Indexi'09, и кој сеуште не се одржани и на кои Каролина и натаму е во водство,но јас колку што знам Каролина ја нема нигде по медиумите да трча и да се фали за тоа додека Калиопи за тоа се пофали иако не е прва на листите,таа ја излажа повторно јавноста дека била во водство,а не знаат дека секој може да провери на интернет.Но како и да е таму има и жири кое најверојатно ќе одлучи кој ќе ги земат тие награди,али сепак мислам дека тие награда за жал имаат изгубено од значење одамна,па кој и да земе награда сигурно нема да му донесе нешто богзнае што само да се пофалат тие што се фалат и што сакаат да се фалат.
 
Калиопи со награда во Будва

На Фестивалот Песна на медитеранот или Будва Фест, македонската музичка ѕвезда Калиопи ја доби наградата „Даворин Поповиќ“ за најдобра интерпретација

На 16. Интернационален фестивал Песна на Медитеранот во Будва, Калиопи ја доби наградата „Даворин Поповиќ“ за најдобра интерпретација на фестивалот. Калиопи настапи со песната Моето име, чиј автор на музиката е текстот е самата таа, а аранжманот е на Дарко Димитров. Покрај оваа песна, Калиопи учествуваше на фестивалот како автор на музиката и текстот на песната Шарена со која настапи Тамара Тодевска, но и како автор на текстот на песната А море, во изведба на Ламбе Алабаковски. Македонската верзија на песната Моето име до крајот на неделава ќе биде промовирана и на радиостаниците низ Македонија, а вечерва Калиопи ја очекува настап на големиот концерт на Индекси и пријателите кој ќе се одржи во Цетиње.

НА ИНДЕКСИ ' 09
Калиопи - женски изведувач на годината

Во пресрет на вечерашниот сараевски солистички концерт на Калиопи, што ќе се одржи во склоп на манифестацијата Башчаршиски вечери од тимот на поп-дивата стигнува информација за уште една престижна награда. Калиопи на доделувањето на регионалните музички награди Индекси 09 го доби признанието за женски изведувач на годината. Инаку, беше номинирана во две категории, и тоа за поп-албум и женски изведувач на годината. За признанието кое, според интернет гласањето во кое учествуваа повеќе од 250.000 гласачи од регионот и гласовите на стручното жири, отиде во рацете на нашата Калиопи беа номинирани и Јадранка Стојаковиќ, Северина, Маја Татиќ, Ана Станиќ и Марија Шерифовиќ.
Меѓу останатите наградени на манифестацијата се најдоа и Жељко Бебек, Дино Мерлин, Тони Цетински, Едо Маајка, Јелена Томашевиќ. Дино Дворник беше прогласен за музичка икона, Тереза Кесовија ја доби награда за животно дело за 60 години музичка дејност, а наградата Панта реи за глобален придонес во музиката им беше доделена на Јадранка Стојаковиќ, Бајага и Зоран Предин. Во ревијалниот дел на свеченото доделување Калиопи во живо ја отпеа темата "Пробуди ме" од актуелниот албум "Желим ти реќи".
 
Гледав сношти кога Калиопи ја прими наградата во Будва, кажа дека ја посветува на целиот Македонски народ и на Тоше Проески.
Некако во нејзините очи како да имаше доза на каење за изминатите случувања, ми падна жал за неа.
(оф топик) Инаку на фестивалот победи таа Нина што беше на ОТ
 
Браво за мојата Калиопи, многу си ја сакам :back:
 
И ја си ја сакам Калиопи. :pipi:

Честитки за наградата.
 
Dobra e Kaliopi, ima nekolku dobri pesni :toe:

ama najdobra pejacka vo nikoj slucaj
 
Dobra e Kaliopi, ima nekolku dobri pesni :toe:

ama najdobra pejacka vo nikoj slucaj

Објективно, според вокалните способности е најдобра пејачка во Македонија :smir:.

Честитки за наградата.
 
Калиопи и Каролина наградени на Сунчане скале

http://backstage.com.mk/daily/kaliopi-i-karolina-nagradeni-na-sunchane-skale

Калиопи ја доби Принчевата наградата за најдобар фестивалски настап, а Каролина за етно албум на годината, на првата вечер на фестивалот Сунчане скале, во понеделникот навечер во црногорскиот град Херцег Нови.
Калиопи во конкуренција со "Регина" и уште неколку други изведувачи од поранешна Југославија победи во категоријата "Најдобар фестивалски настап" за песната "Мени је име" која изведе минатиот месец на фестивалот "Песна на медитеранот" во Будва.
Каролина за етно албумот "Македонско девојче" ја подели наградата со Милица Дугалиќ- Милосављевиќ.
Калиопи настапи со песната "Од себе не одустајем" од актуелниот албум "Желим ти реќи", и доби голем аплауз од присутната публика на плоштадот во Херцег Нови. Оваа година, поради светската криза, фестивалот по 14 години одржување на Канли кулата, е преместен на градскиот плоштад.
Каролина, облечена во ултра кус шорц ја промовираше новата песна заедно со ОТ бендот. Хрватската поп ѕвезда Северина беше два пати наградена: за албум на годината (Здраво Маријо) и за песната "Тридесете" која е избрана за најдобра песна. И црногорскиот кантавтор Владо Георгиев доби две награди: за сингл на годината и за хит на годината.
 
незнам зашто, ама секоја награда што ке ја добиеме од комшиите ми е некако сумњива...некако ко да не ги даваат ради квалитетот, туку ради поштовање и комшилук....
 
Па не би рекла дека е така, али за кој фестивалски настап беше наградена Калиопи?
 
Калиопи е жена со огромно музичко искуство и талент, но освен некои балади и легендарната Бато, не ја слушам нејзината музика, не би можела постојано да ја слушам, но секако и посакувам успех надвор од државата и ја почитувам како музичар.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom