Не знам као функционира тоа необрнување внимание ни 2%. Ова го имам смислено пред x години, не е ништо конклузивно или фиксно, но фино е да се сподели: Да речеме дека севкупното внимание меѓу 2 индивидуи е 8 црти.
I I I I I I I I
Ако едната страна покажува внимание од 5 црти, другата покажува од 3 и обратно. Скоро никад не е I I I I : I I I I , а за да биде I I : I I I I I I, потребно е првата страна да има доза очај или зацапаност по втората страна, а втората страна би го перцепирала тоа ко гушење.
Значи има 2 опции :
- да глумиш 3ка (иако си мн поише заинтересиран) за да добиваш 5ка.
- да оставиш добар впечаток и интерес кај нејзините другарки, тогаш дури и да не ја одјебаваш 2 %, најверојатно ќе се заинтересира пошто кај жените многу функционира стварта наречена натпревар.
Иначе жал ми е кога куп паметни мажи почињаат да мразат жени и остануваат сами. И тука не се криви само жените (иако се имам изјаснето дека мажите генерално се покул од жените). Еве зошто:
= > Ми се чини дека превише сериозно пристапувате на жените, па го добивате истиот ефект како и пристапот на екстра - заинтересиран или очаен тип (а тоа е пристапот : Озбилен сум кон тебе.) Кога сериозно и реалистично пристапувате во меѓучовечки однос секогаш сте разочарани на крај. Кога пристапувате на некој така (жена или пријател, сеедно), а се сметате притоа за интелигентни, обично на крај се осеќате дури надмено, а другата страна ја осеќа таа надменост или осеќа дека не е доволно добра. И сега, за жена или било кој, може да биде предизвик тоа, ако ве свиѓа, да фати да се докажува, дури и менува. Како што кажав, жените се меѓусебно у еден постојан натпревар, понекогаш се деградираат себе разголувајќи се до коска со цел да бидат доволно добри и избрани пред другарките. Меѓутоа, кога станува збор за интелектуална надменост, таа нема многу простор како да се докаже, бидејќи тука не зборуваме за облакање фустанче, туку за перманентна не многу променлива состојба. Ако интелектуално е сметана за недоволно добра, најчесто нема да се докажува. На жените и се допаѓа тоа што од ’сељак’ нема да биде оценувана, или ако е веќе оценувана и треба да се докажува, дека тоа ќе биде нешто што реално може да го постигне. Оттука, вие ќе добивате чудни погледи од девојки кога им поставувате општествени или научни прашања, тие се плашат дека ќе бидат оценувани и гледани одвисоко за нешто (интелигенција, интуитивност, анализирање) кое не се менува преку ноќ. Не сметам дека не е ок да сакаш да оцениш некој интелектуално, но проблемот е кога пристапувате надмено.
Така, последно кога еден член ме праша дали ги слушам Morphine, јас во одговорот спомнав опиум и soudade, и тогаш тој ми одговори со една реченица во стилот : “Името на бендот потекнува од Морфеус - бог на сонот.“ Мене тоа ми е јасно, но нема тука што повеќе да се дискутира, не сакам да бидам оценувана туку сакам да бидам препознавана. Така, имам пријатели кои стално ме прашуваат дали сум го глеала овој или оној филм, ја 80 % од времето викам “НЕ.“ Но они продужуваат најнормално со муабетот кажувајќи ми зошто е фино да ги глеам, односно не ме осудуваат што реално да, ми фали општа култура, туку ми зборат на ИСТО интелектуално ниво, бидејќи го препознаваат разбирањето од моја страна, истиот сензибилитет и интуитивност.
Оттука, ја не би сакала да седнам на иста маса со паметните луѓе од форумов кои бтв ги респектирам. Зошто нивниот однос би бил малтене оценувачки, па би се осеќала како недоволно добра од аспект кој не можам да го сменам. Мислам дека треба поише да им пристапувате општо на луѓето со респект (кон нивниот сензибилитет и перцепција на работите) .
Трето, во врска со сељачкиот однос... мислам дека нема никаква сврха да се приспособувате себеси повеќе од одреден краток период. Испод ниво ви е да изигравате сељаци, макар и суптилни. Така да, едино на што треба да внимавате кога сакате да одржите/имате фин однос со некој е единствено она со цртичките на почеток (да не потценувате, да не натценувате, да не третирате ко шут, да не третирате ко принц/ези), сѐ повеќе од тоа е веќе недостоинствено и малтене наликува на онаа ситуација кога жените за да бидат доволно добри зимаат да се оголуваат и да праат маскенбал.
Исто приметив дека рековте дека жените брзо завршувале врски и продужувале ко ништо да не било. Жените обично се поемоционални, у принцип поише плачат и се жалат, но кога станува збор за елементарните аспекти наречен хуманост, соживот, разбирање и помагање, мислам дека тука нема сврха да ги делиме мажите и жените, туку дека сите се помалку или повеќе отапени од тие елементарни аспекти, и тоа е страшно.
Вештица, ќе те викам за кафе некад, пошо ти си као надмената и похејтерска верзија на јас, респект.
