Анкетата и да дозволува повеќе гласови, пак не ја бива. Сите наведени одговори претставуваат особини, од кои верувам дека нема кој не се гади. Дури и таквите луѓе се гадат од другите такви. Затоа не гласав и ќе напишам на кратко кои човечки особини мене ме нервираат, а кои не можам да ги поднесам.
Ме нервираат мамини и татини мази. Тие луѓе се најголемата штета на светов, затоа што никогаш ништо нема да направат ни за нив ни за некој друг. Џабе живет.
Ме нервираат луѓе кои мислат дека се` знаат и кои и по цена да испаднат глупави, мора да се вмешаат во секаков муабет, па дури и да продаваат памет.
Ме нервираат луѓе без основна култура и почит кон другите.
Ме нервираат напорни луѓе кои не знаат да замолчат или да се тргнат од пред очи кога е јасно дека токму тоа треба да го направат.
Ме нервираат фалбаџии. Значи нервите ми се кинат од луѓе кои живеат за постојано да се фалат со шодае.
Не поднесувам луѓе кои не си го ценат и сакаат своето семејство.
Не поднесувам луѓе кои лажат, без оглед дали лажат од навика, такви се родени или уживаат во тоа кога им се укажува прилика да го направат.
Не поднесувам материјалисти. Тоа ми е најнискиот вид на луѓе, од кои озбилно можам да повратам.
Не поднесувам алчни и себични луѓе. Тоа се слични како материјалистите, па и од нив ми доаѓаат истите нагони.
Не поднесувам луѓе кои мразат или малтретираат и убиваат животни. Тие никогаш немаат добра душа.
Не поднесувам злобници, луѓе кои колнат и мразат.
Не поднесувам верници кои се такви само на уста. Најодвратен вид на светов.
Не поднесувам наркомани и пијаници и курви и проститутки и спонзоруши.
