Каква музика слушате?

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
T

Tetro

Гостин
Пребарувачот даде четири теми, неактивни и заборавени во длабочините на кантата:
Каква музика слушате?
Каква музика слушаме
Каква музика сакате на радио?
Каква музика слушате во моментов

Како што е редот, јас прв треба да се искажам на темава: Пораснав со музиката, едниот мој дедо беше свирач по свадби во слободно време, па од него го наследив добриот слух за музика. Бавно растев и слушав се` што пуштаат по радио станиците, првата грамофонска плоча што ми ја поклонија беше од Beatles, па на лента (магнетна трака) после тоа се префрливме, па цд-а и компјутери, па кабловска, интернет,... што е следно? Но да не го тупам, не е тоа темата. Темата е: Каква музика слушате?

- Уживам во инструментална музика, филмски саундтрак, Музика од игри, Метал (широк поим), Амбиент, Електронска музика,..... Слушам скоро се, само Турбо фолк не. ;) Уствари, понекогаш и турбо фолк слушам, па после тоа повраќам обилно.

Прашањето е јасно дефинирано, па повелете. Опишувајте, не бидете мрзи да ставате само клипови.
 
слушам американски хип-хоп, рап, македонски (тони зен,днк), странски поп, техно, тех-хаус, електро...малце повеќе наведев :icon_mrgr:

мразам турбо фолк и бугарско
 
Опишувајте, не бидете мрзи да ставате само клипови.

Ај пошто е касно само ќе го постирам tag cloud-от (облаче од жанрови :)) од мојот last.fm, па некој нареден ден ќе гледам да напишам параграф-два:

upper_thumb.png


Упатство: колку е поголем и подебело испишан жанрот, толку повеќе го слушам тој жанр.
 
Секој стил, или ако сакате жанр, на музика го слушам. Без разлика, имам уво за се.
upper_internal.png
Во глава ќе ви удри тоа POP, ама највеќе имам такви означени артисти на last.fm. :)
 
Слушам народна музика, посебно Кенан Таировски, исто така и Васка Илиева, Елена Велсеска, Зуица..... ко бев помлад и ко се дрогирав слушав и странска рок музика, Боони М, АБА, Дип Партал, Роксет.. a и југословенска рок музика, Лео Мартин, Харис Џиновиќ, Црвена Јабука, Магазин, Мишо Ковач.
 
Слуша све што ми се свиѓа.
Прашањето е што ти се свиѓа, а сѐ неможе да ти се свиѓа.
Иначе за мене, јас слушам метал (прогресив сакам највеќе), рок, фанк, рап, џангл, и шо друго... Не ми текнува :)
 
Прашањето е што ти се свиѓа, а сѐ неможе да ти се свиѓа.

Деновиве ги слушам песните што Сенјорита ги објави. А инаку најмногу слушам хип-хоп , рап и реге
А слушам и други.
 
Воглавно слушам уметничка музика од 14ти век па наваму. Понекогаш може да си пуштам и ориентална музика од блискиот исток, или пак прогресивен рок.
Еве го и last.fm облачето за последниве 12 месеци:
normalthumbv.png
 
По пат на елиминација (значи стриктно не)

Турбофолк/кафанска/цецшмец.
Death metal (кај што (жд)рикаат типови со дугаќка коса
електронско нешто што се повтара у секоја милисекунда

Е сеа друга категорија кај што слушам а не дослушувам

Електронско нешто (кај што се повтара во секои 5 секунди)
некојси модерен џез кој нема врска со мелодија и ритам
wanabe детски Аврил лавињ,Ребека Блек, Џастин Бибер. (мада овие двајца ги стаам во претходната категорија)

Трета категорија или категорија која влегува низ едно а излегува низ друго уво или пак - МАСАТА

Тука ги ставам скоро сите популарни хитови, жанрови (исклучок класика и џез (олдскул))
Значи нешто ала Бијонсе, Ријана, Еминем, Хипхоп, Њу вејв, понекое рок хитче.

4 категорија (или музика која успева да ме воодушеви)
Рок, Алтернатив рок, некои добри поп хитчиња, word music исто така тука го ставам.

5та категорија (или пак кремот)
Некои одлични бендови (The beatles, Coldplay, Queen, Evanescence,) олдскул џезот (бибоп, свинг, њуорлеанс такви ствари) и Класика (исклучок опера и поенкое здодевно парче од ептен современиве искоерцијализирани композитори кои себе се нарекуваат јаки пички)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom