Каква КАЈГАНА матите вие? (сè и сешто со јајца)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.418
Поени од реакции
35.080
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Кајгана со младо лукче :wink:

Потребни состојки за овој деликатес се:

- 6 jajца
- 3 млади лукчиња
- масло за готвење (или маст)
- павлака или кајмак
- црн пипер (бибер)
- сол
- рендан кашкавал

Подготовка,
Јајцата се матат со вилушка, се мешаат со ситно сецканиот лук и павлаката или кајмакот, а потоа се става на добро загреаниот зејтин или маст.
Се меша непрекинато додека се пржи, а се пржи се додека не се добие полугуста маса. Потоа се додава ренданиот кашкавал (или сирење).

Кајганата се сервира веднаш, додека сеуште чади!


Пријатно јадење! :D
 
Кајгана a ла Greek

Состојки

# 3-8 јајца
# 10-30 dkg свински врат
# сирење било какво
# 1 паковање roqueforta
# слатка пиперка во прав
# папар
# малку масло
# главица лук

Подготовка
Сите состојки ги сечкаме ги ставаме во врело масло и ги додаваме лукот и свинскиот врат.
КОга лукот ќе пожолти а вратот биде готов ги додаваме јајцата.
Кога јајцата ќе бидат готови го додаваме сирењето и се добро мешаме.

При крајот ги ставаме пиперките и папарот.

Darmera%20pelata%202.jpg

ова е папар.. :wink:
 
Kajgana so sirenje i ham&eggs mi se omileni. :lol:
 
Ролат од мелено месо со кајгана

- 600 гр. Мелено месо
- 2 парчиња бајат леб
- магдонос
- 2 моркови
- 200 мл. Млеко
- 6 јајца
- масло за јадење
- сол и црн пипер

На даската за сечење ги сечеме морковите по должина, во вид на стапчиња и ги ставаме во тенџере. Тенџерето го полниме со вода, го ставаме на оган и го покриваме со капак. Додека се варат морковите на даската за сечење,, од парчињата леб ја отстрануваме корката и двете средиња ги ставаме во еден сад. Потоа во садот додаваме половина од млекото и ги оставаме средињата да упијат.

Го земаме меленото месо и го ставаме во еден поголем длабок сад. Месото го посолуваме и го наросуваме со црн пипер. Земаме едно јајце го кршиме и го ставаме во садот со меленото месо. Во садот го ставаме и ситно сечканиот магдонос, како и средињата од лебот натопени со млеко. Потоа со раце започнуваме убаво да ја месиме содржината во садот се додека не добиеме хомогена смеса. На работната маса ставаме едно парче алуминиумска фолија и врз неа ја ставаме подготвената смеса од садот. Смесата ја расплескуваме врз фолијата по целата површина, формирајќи кора со дебелина од еден прст. Краевите од кората од мелено месо со раце ги формираме за да добиеме правоаголна форма.

Потоа на оган ставаме една тава и во неа ставаме масло за јадење да се загрее. Земаме две јајца ги кршиме, ги ставаме во еден сад и ги посолуваме. Потоа со вилушка ги матиме јајцата. Изматените јајца ги оставаме настрана. На даската за сечење, преостанатиот магдонос ситно го сечкаме и еден дал ставаме во садот со изматените јајца. Јајцата и магдоносот ги промешуваме с вилушка. Потоа смесата од јајца и магдонос ја ставаме во тавата со загреаното масло. Добиената кајгана ја ставаме врз кората од меленото месо. Истата постапка ја повторуваме и со уште двете јајца, па и таа кајгана ја ставаме врз кората од меленото месо. Сварените моркови со лажица решетка ги вадиме од тенџерето и ги ставаме на чинија. Стапчињата моркови ги редиме по должина врз кајганата. Потоа од кората мелено месо, кајганата, и морковите заедно со се фолијата внимателно формираме ролат. Вака подготвениот ролат го ставаме во една правоаголна тава во која ќе го печеме. Во тавата, а и врз ролатот ставаме масло за јадење. Тавата со ролатот, ја ставаме во фурна да се пече на температура од 250 степени 30- тина минути..По 30- тина минути тавата ја вадиме од фурната и ја ставаме на работната маса. Ја отстрануваме фолијата и на даската за сечење со нож сечеме коси парчиња со дебелина од еден прст. Парчињата од ролатот ги редиме на чинија за послужување. Потоа земаме една пиперка и ја отстрануваме рачката и до половина ја засекуваме на тенки парчиња. Ја ставаме на чинијата за послужување, отворајќи ги парчињата во форма на цвет. Одозгора врз пиперката ставаме едно гранче француски магдонос.
 
kajgana so urda e najbolja, mislam deka najubava kajgana pravam.
 
Јајца во сос од вино

- 4 јајца
- 50 гр рендано сирење
- 50 гр путер
- 2 лажици брашно
- 1 лимон
- 150 мл бело вино
- 150 мл вода
- масло за јадење
- сол и црн пипер

Во тенџере на оган го ставаме путерот да се растопи. На растопениот путер во тенџерето го додаваме брашното. Промешуваме. Откако брашното ќе се пропржи во тенџерето го додаваме белото вино. Во тенџерето ја додаваме и водата. Оставаме да се вари неколку минути. Лимонот го сечеме на половина. Го цедиме лимонот во цедалка. Во тенџерето на оган посолуваме. Наросуваме со мелен црн пипер. Во тенџерето додаваме сок од половина лимон. Промешуваме.
Во тава за пржење на оган ставаме масло да се загрее. Кршиме едно јајце и го ставаме на загреаното масло да се пржи. За време на пржењето јајцето го преливаме со маслото од тавата, за да се испржи и жолчката. На двата краја на чинијата за сервирање ставаме листови зелена салата. Испрженото јајце го вадиме од тавата и го ставаме на чинијата за сервирање. Едно по едно ги пржиме и останатите јајца. Сосот во тавата го промешуваме. Испржените јајца ги ставаме на чинијата за сервирање. Врз јајцата наросуваме рендано сирење. Тенџерето со сосот го тргаме од оган. Врз јајцата преливаме со сосот од вино. Од сосот ставаме и на чинијата. Декорираме со полукругови домат на двата краја на чинијата.
 
Фламенго јајца

Потребно:

- 4 јајца
- 2 колбаса
- 100 гр. шунка
- 1 домат
- 1 црвена пиперка
- 200 гр. замрзната боранија
- 200 гр. замрзнат грашок
- 1 главица кромид
- 6 чешниња лук
- 5 лажици маслиново масло
- сол и црн пипер

Подготовка:

На даската за сечење кромидот ситно го сечкаме. Исечканиот кромид го оставаме во сад настрана. Шунката ја сечкаме на кругови, а круговите на тенки долгнавести парчиња. И парчињата шунка ги оставаме во сад настрана. Потоа на долгнавести парчиња ја сечкаме црвената пиперка. И неа ја оставаме во сад настрана. Колбасите ги сечкаме на тенки коси кругови и ги оставаме во сад настрана. Доматот го лупиме во круг. Му ја отстрануваме рачката и го сечкаме на коцки. И парчињата домат ги оставаме во сад настрана. Чешнињата лук ситно ги сечкаме.
На оган ставаме тава за пржење и во неа маслиново масло. Во тавата го ставаме кромидот да се пржи. Промешуваме и го додаваме сечканиот лук. Повторно промешуваме и во тавата ја додаваме сечканата пиперка. Промешуваме и го додаваме сечканиот домат. Се убаво промешуваме и во тавата ја додаваме одмрзнатата боранија. Мешаме и го додаваме одмрзнатиот грашок. Се убаво промешуваме. Посолуваме и додаваме мелен црн пипер.
Повторно промешуваме и ја протресуваме тавата. Потоа во тавата ја додаваме сечканата шунка и ја покриваме тавата со капак. Оставаме да се динста 15- тина минути. Го тргаме капакот од тавата и промешуваме. Повторно ја покриваме тавата со капак и протресуваме. Ја тргаме тавата од оган и ја ставаме на работната маса. Го тргаме капакот и содржината од тавата за пржење ја претураме во тава за печење. Со црпалка во содржината на тавата правиме длабнатини. Во секоја длабнатина кршиме по едно јајце. Врз јајцата ги редиме парчињата колбаси. Одозгора попрскуваме со маслиново масло. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 15- тина минути на температура од 250 степени.
 
Шарена кајгана

Децата ја сакаат оваа кајгана.. најверојатно заради бојата на истата:)

Потребни состојки за 7 порции:

1 шоља блага пченка
1 сечена зелена пиперка
1 сечена црвена пиперка
малку сецлан лук
1 лажица масло
8 јајца
1/2 шоља млеко
1/2 лажички сол
зелена и црвена пиперка добра сецкани во крукчиња за декорација

Подготовка:

Во тавата за јајца прво ја ставаме пченкаѕа, пиперките и лукот малку масло и вода и динстаме околу 5-7 минуту.
Во една чинија ги ставаме јајцата со млекото и солот.
Сето тоа го ставаме во тавата.
Полека мешаме со цел јајцата да бидат подеднакво застапени насекаде. Мешаме се додека кајганата не е готова.
Ги сецкаме пиперките .. декорираме и тоа е се!:)

880_sarenakajgana.jpg
 
Фаширани јајца

Потребно:

- 2 јајца
- 500 гр. Спанаќ
- 300 гр. Кашкавал
- 300 гр.павлака
- зачин Ц
- масло за јадење
- сол И црн пипер

подготовка на ова предјадење

На оган ставаме едно тенџере со вода И во него го ставаме претходно исчистениот И измиен спанаќ да се обари. Го покриваме тенџерето со капак И го оставаме на оган. Откако спанаќот е обарен го тргаме тенџерето од оган И спанаќот го ставаме во цедалка да се исцеди.
На оган ставаме една тава за пржење И вон еа ставаме масло за јадење. Потоа во тавата го додаваме исцедениот спанаќ И промешуваме. На даската за сечење кашкавалот го сечкаме на коцки па И него го додаваме во тавата. Промешуваме, посолуваме И зачинуваме со мелен црн пипер. Потоа во тавата ја додаваме киселата павлака И една лажичка зачин Ц. Ја тргаме тавата од оган И ја ставаме на работната маса.

На оган ставаме едно тенџере со вода И во него додаваме масло за јадење И сол. Јајцата едно по едно ги кршиме во црпалка И црпалката ја спуштаме во зовриената вода во тенџерето. Претходно подготвениот спанаќ го ставаме на чинијата за сервирање а врз него ги редиме фашираните јајца. Со помош на готварски шприц декорираме со кисела павлака.
 
Со оглед на тоа дека не јадам спанаќ и јас би го направила истото :lol: :wink: :P

Шкотско јајце

- 500 гр. Мелено месо
- 3 јајца
- лебни троШки
- 2 главици кромид
- брашно
- 2 варени јајца
- средина од 2 парчиња леб
- 1 дл. Млеко
- магдонос
- масло за јадење
- сол и црн пипер

Потребно време за подготовка е 30-тина минути. Предјадењето го подготвува мајстор готвач Сузана Ристевска, главен готвач во ресторанот Томче Софка.

Најнапред го земаме кромидот и го сечкаме на ситни коцкички на даската за работа. Во тавата ставаме масло за јадење на и го оставаме маслото да се загрее. Го земаме целото количество на млеко и го истураме во садот каде се наоѓаат срединките од лебот. Го оставаме лебот додека убаво не го впие млекото.

Го земаме садот со ситно исечканиот кромид. Го дтаваме целото количество од кромидот во тавата со загреаното масло да се пржи додека не омекне.

Настрана ги земаме варените јајца и ги лупиме. Излупените јајца ги оставаме во посебен сад. Потоа го земаме магдоносот и на даската за сечење со нож ситно гфо сечкаме. Го земаме ситно исечканиот магдонос и го ставаме во садот каде се наоѓа меленото месо. Земаме едно живо јајце го кршиме и го додаваме во садот со меленото месо и магдоносот. Потоа го земаме садот со натопениот леб во млеко и го додаваме кон смесата од мелено месо, магдонос и јајца. Додаваме црн пипер. Целата смеса добро ја промешуваме со дрвена лажица. Ја оставаме настрана.

Во меѓувреме неколку пати добро ја протресуваме тавата на оганот за да не загори кромидот. Кромидот од тавата го претураме во цедалка и го одцедуваме од маслото. Потоа одцедениот кромид го ставаме во садот со подготвената смеса. Целата смеса добро ја месиме со рака, додека да добиеме компактна маса. Потоа земаме од смесата и ја расплескуваме на дланка. Земаме едно варено јајце и го ставаме на средина од расплесканата смеса. Потоа јајцето со раце го обвиткуваме од сите страни со смесата од меленото месо. Со раце од меленото месо и вареното јајце формираме топка. Вака подготвените топки ги ставаме во тава за печење. Ја попрскуваме тавата со масло за јадење. Потоа ја ставаме тавата во рерна на шпорет да се пече. Вонредна особина на новата генерација шпорети е суперладната врата. Специјалното и трислојно стакло обезбедува оптимална изолациајна вратата од топлината на рерната.Ја оставаме тавата да се пече 5 минути на температура од 250 степени.

Во меѓувреме додека се печат шкотските јајца земаме две јајца ги и кршиме во еден подлабок сад. Јајцата во садот ги матиме со вилушка и ги оставаме на страна.

Земаме едно тенџере и го ставаме на оган. Во тенџерето ставаме поголема количина масло за јадење и го оставаме да се загрее.

Во меѓувреме ја вадиме тавата од рерната и ја ставаме на работната маса. Ги земаме едно по едно шкотските јајца и со раце ги валкаме во садот со брашно. Јајцето треба да е добро набрашнето од сите страни. Потоа шкотското јајце го ставаме во садот со изматени јајца и со раце го валкаме од сите страни. Потоа го вадиме шкотското јајце од садот и го ставаме во лебните трошки. Со раце добро го валкаме јајцето во лебните трошки од сите страни. Истата постапка ја повторуваме и со второто шкотско јајцце. Го набрашнуваме, го ставаме во изматените јајца и го валкаме во лебните трошки. Притоа внимаваме јајцата да се убаво облепени од сите страни со меленото месо.

Вака подготвените шкотски јајца ги вадиме од садот и ги ставаме во тенџерето со загреано масло да се пржат. За време на пржењето шкотските јајца ги превртуваме за да бидат рамномерно пржени од сите страни. Ги пржиме во маслото додека не добијат убава румена боја. Потоа ги вадиме шкотските јајца и ги ставаме на чинија за сервирање. Јајцата ги сечеме со нож на половина. Декорираме со копар. Со овој интересен специјалитет како прилог послужуваме комбинација од мајонез и кечап.
 
Печени јајца со павлака

потребно:

- 9 јајца
- 200 мл. павлака
- 100 гр. кашкавал
- 50 гр. путер
- масло за јадење
- сол и црн пипер

подготовка:

Ги кршиме јајцата и ги двоиме белките од жолчките. Белките ги ставаме во поголем длабок сад, а жолчките во сад настрана. Го вклучуваме миксерот и започнуваме да ги матиме белките. Матиме со миксерот додека не добиеме цврст снег.
Тавата за печење ја попрскуваме со масло за јадење. Со готварска четка ја намрснуваме целата внатрешна површина на тавата. Во тавата ги ставаме изматените белки. Ја рамниме површината.
На ситната страна од рендето го рендаме кашкавалот. Дел од изренданиот кашкавал ставаме врз белките во тавата. Потоа во тавата ги додаваме жолчките. Го наросуваме преостанатиот рендан кашкавал. Путерот го сечкаме на парчиња, кои ги ставаме врз кашкавалот. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 10- тина минути на температура од 170 степени.
Павлаката ја ставаме во тенџере на оган. Додаваме масло за јадење. Промешуваме. Тенџерето со павлаката го тргаме од оган.
Ја отвораме рерната и од растопената павлака додаваме врз печените јајца. Оставаме да се пече уште две минути. Ја вадиме тавата од рерна.
Чинијата за сервирање ја украсуваме со листови зелена салата. Печените јајца со павлака ги сечеме на парчиња. Две парчиња ставаме на чинијата за сервирање. Еден домат го сечкаме на кришки со кои ја завршуваме декорацијата.
 
Аргентински омлет

- 6 јајца
- 1 кг. компири
- 2 главици кромид
- масло за јадење
- сол и црн пипер


На даската за сечење ситно го сечкаме кромидот. Претходно излупените компири ги сечкаме на многу тенки кругови. Во вок тава на оган ставаме масло да се загрее. На загреаното масло ги ставаме круговите компири да се пржат. Промешуваме. Во тавата го додаваме исечканиот кромид. Посолуваме. Наросуваме мелен црн пипер. Промешуваме.
Во подлабок сад ги кршиме јајцата. Ги матиме јајцата со вилушка. Содржината од вок тавата, ја претураме во поголем длабок сад. Во садот ги додаваме изматените јајца. ПромеШуваме.
На оган ставаме тава за пржење. Во тавата ставаме масло да се загрее. На загреаното масло ја ставаме содржината од длабокиот сад, да се пржи. За време на пржењето тавата ја протресуваме. Откако омлетот ќе се испржи од едната страна, тавата ја покриваме со чинија и ја превртуваме. Го ставаме омлетот да се испржи и од другата страна. Ја тргаме тавата од оган. Повторно ја покриваме тавата со чинија и ја превртуваме. Украсуваме со 2-3 млади кромитчиња, една засечена ротквичка и гранчиња рузмарин. Со нож Шпансккиот омлет го сечеме на 8 парчиња.
 
баба ми каква кагјана ми прави ту ту ту

//земаш 10 јајца ги цепа на 2 дела ги муте става малку мас клае троа сол
//заедно со младолукче и љута пиперка лелелел прстите ке си ги //излижам..

//и после цел град ми е вампири
 
Ма не би е битно за другите, битно ми е мене да си го напунам мешето.
Како ме настрви ова еј, одвај чекам да дојдам дома и да си „сматам“ нешто со лукче. Ако и смрдам на девојка ми, ич не ми е гајле! :nezboram:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom