Пржени јајца од обете страни (eggs over easy)
Потребни состојки
2 јајца (свежи)
1 супена лажица несолен маргарин (Омега 3)
Сол, црн пипер, чили во прав
1 Печено лепче (тост)
Начин на приготвување
Загрејте го маргаринот во средно голема тава (тефлон или со мазна површина која спречува запекувања) на тивок оган. Штом маргаринот престане да се пени скршете ги внимателно јајцата и ставете ги во тавата.. Погиднете ја тавата, за рачката, со цел јајцата да се преместат во едниот агол (на едната страна) на тавата. Држете ја тавата во таа положба 30 секунди или додека белките не започнат да се стврднуваат, потоа спушптете ја повторно тавата во хоризонтална положба и малку, внимателно, протреесете ја за да се осигурате дека не се залепени за дното. Посолете ги, запиперете ги и ставете од чилито во прав и продолжете да ги пржите на тивок оган се додека белките не станат цврсти. Потоа, подигнете ја тавата над оганот, протресете повторно за да ги одлепите доколку се залепиле за дното, превртете ги јајцата, со внимателно, но отсечно движење, штом јајцата се кренат над тавата и започнат да се превртуваат 9слично на превртување палачинки), подгинете ја таавата за да ги дофатите нежно, со цел да не се растече жолчката. Доколку успеете да је ја растечете жолчата, вратете ја тавата на огнот и избројте до 20 и потоа повторно превретете ги на истиот начин. Пржете ги уште 45 секудни до 1 минута на тивкиот оган, со мазна лопатка извадете ги, ставете ги врз тостот и послужете ги.
Совет: Доколку ги приготвувате пред публика, а ви се растечат жолчките, претварајте се како тоа да ви била намерата, ансмевнете се, послужете ги у уживајте.
Внимавајте, приготвувањето бара цврста рака, внимание и умешност! Не секој може да биде
Garfield!
Отприлика, вака треба да изгледаат:
Јајца на прилепЦки начин
Потребни состојки:
6 тврдо варени јајца, изладени (може и меко варени јајца, потоа преку ноќ ставени во ладилник за да се стврдат).
½ кг мелено месо
1/3 кафена лажичка цветен мед
Жалфија (по желба)
Бел пипер (по желба)
Сол
Дафинка(ПрилепЦка Вегета)
½ шоља брашно тип 400
2 јајца (изматени)
¾ шоља лебни трошки
Малсиново масло (ладно цедено)
Начин на приготвување:
Излупете ги јајцата;
Поделете го меленото месо на 6 дела;
Ставете го грашното во чинија и испрпелкајте ги јајцата, а потоа сролајте ги јајцата, едно по едно, во порција мелено месо.
Ставете ги матените јајца, медот и лебните трошки во длабока чинија и измешајте ја смесата внимателно.
Потоа, јајцата, кои претходно се обрашнети и смотани во меленото месо внимателно ставете ги во смесата на матени јајца и лебни трошки.
Во меѓувреме загрејте го маслиновото масло во средно длабок сад или тава на 175-200 степени целзиусови.
Пржете ги јајцата, индивидуално, околу 4 до 5 минути. Повремено превртувајте ги, за рамномерно да бидат приготвени или додека не потемнат еднакво од сите страни.
Јадењето се служи топло, но може и студено.
Отприлика вака треба да изгледаат:
Чинијата може да се гарнира со малку аспарагус, лист марула, домати.