Каква КАЈГАНА матите вие? (сè и сешто со јајца)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Господ, а во замена за лукче може нешто друго? Кромид на пример:))
Пошо не јадам лук.. а сакам да го пробам рецептот на баба ти :P
 
СПАНАЌ CO ВАРЕНИ ЈАЈЦА

Земете: половина нилогран спанаќ, сода бикарбона масло, брашно, 3 лажици кисело млено, јајца, црн пипер, сирење и сол.

Исчистете половина килограм спанаќ, измијте го и ставете го да се вари. Во варењето додајте му сода бикарбона за да ја задржи зелената боја. Откако ќе се свари спанаќот исцедете го од водата и сомелете го на машина за мелење месо.

Во сад ставете масло и испржете една лажица брашно да добие црвеникава боја, потоа ставете го пржениот спанаќ, додајте сол и црн пипер и шест лажици кисело млеко. Се измешајте добро и ставете го во садот во кој ќе го печете јадењето. Одозгора ставете три тврдо варени јајца, исечени на половинки и иситнето сирење, печете го јадењето 15 минути.
 
Ууууууууу :? :? :roll: :roll: :roll: :roll: .....МРАЗАМ СПАНАЌ! :pov:
 
И јас мразам.. ама има луѓе кои го обожаваат!
Ацид, во право беше за смајлито! :wink:
 
Ролована кајгана со шампињони

потребни состојки:

- 200 гр. Свежи шампињони
- 6 јајца
- 200 гр. шунка
- магдонос
- масло за јадење
- сол и црн пипер

подготовка:

Земаме еден поголем длабок сад И во него ги кршиме 6-те јајца. Јајцата убаво ги матиме со жица за матење. Шунката ја сечеме на долги парчиња И ја додаваме во садот со јајцата. Потоа на тенки листови ги сечеме шампињоните па И нив ги додаваме во садот. Зачинуваме со мелен црн пипер, посолуваме И уште еднаш промешуваме со жицата за матење.

Земаме една тава за печење И добро ја попрскуваме со масло за јадење. Тавата ја ставаме во фурна загреана на температура од 250 степени. Откако маслото ќе се загрее ја вадиме тавата од фурна И вон еа ја истураме кајганата. Наросуваме сечкан магдонос И тавата ја ставаме во фурна да се пече кајганата. Печеме десетина минути на температура од 250 степени. Тавата со испечената кајгана ја вадиме од фурна И ја ставаме на работната маса. Потоа кајганата ја превртуваме на алуминиумска фолија И ја виткаме во ролат. Ролатот го сечеме на коси парчиња кои ги редиме на чинија за сервирање.
 
Кајгана со чоколада

Кајгана со чоколада
Потребни состојки:

3 јајца
3 супени лажици хопла (или било кој друг течен шлаг крем)
3-4 коцки млечна чоколада
шеќер по вкус
цимет по вкус


Јајцата шлагот шеќерот и циметот ги матиме како за кајгана. Чоколадата ја рендаме и ја ставаме на страна. На загреано тефлонско тафче попрскуваме малку масло на кое ја пржиме кајганата без да матиме. Оставаме долната страна да се запржи и потоа како палачинка ја вртиме кајганата на другата страна. Сега на горната страна ја додаваме чоколадата и кајганата ја склопуваме на половина така да чоколадата остане внатре.

Се сервира веднаш:)

Во сласт....


:bal:
 
Re: Кајгана со чоколада

Astra напиша:
Кајгана со чоколада


Се сервира веднаш:)

Во сласт....


:bal:
Не зезај! :shock: Ова го немам пробано.
Сигурен/а си дека ќе биде вкусно? Да пробувам?
 
Re: Кајгана со чоколада

Не зезај! :shock: Ова го немам пробано.
Сигурен/а си дека ќе биде вкусно? Да пробувам?[/quote]

Ама ич не зезам. Јас го правам минимум еднаш неделно дома како десерт. Мажот ми го обожава:) Иначе вкусот највеќе подсеќа на палачинки. Ај пробај па јави ми како ти се свиѓа ОК? :D

Иначе имаш и други варијанти. На пример: замени го циметот со ванила (екстракт или во прав, не ванилин шеќер) и замени ја чоколадата со свежи јагоди.
Можеш да употребиш и било кое друго овошје (свежо или конзервирано) кое ти е по вкус

Или може да ја пробаш следнава варијанта:
истиот рецепт како за со чоколадото само во смесата додаваш и 1 мала лажичка какао.. тоа ке му додаде уште подобар чоколаден вкус.

И така.. :) се надевам дека ке биде по твој вкус

:bal:
 
Работата е што знам дека ќе ја оплескам работата од првпат, нема да ми успее, и веќе никогаш нема да пробам да направа. :?
 
Запечени јајца

Ееее еве ми текна на уште еден вкусен рецепт со јајца:)

Потребни состојки:

За 4 лица


6 Јајца
400г кашкавал (ако имате неколку различни врсти уште подобро)
2 лж. кисела павлака
150г кулен (или друг сувомеснат производ по вкус)
1-2 пиперки (слатки или лути...како повеќе сакате)
1лж. масло за јадење
сол и бибер по вкус

Подотвување:

Јајцата ги матиме како за кајгана заедно со маслото за јадење,павлаката и сол и бибер. Кашкавалот го рендаме и го додаваме на јајцата и матиме додека не добиеме колку е можно по конзистентна маса. Куленот и пиперките ги сечкаме на коцкички и ги додаваме на смесата од јајца и кашкавал. Сето тоа го ставаме во мало тавче (смесата треба да биде околу 5 до 7см дебелина но внимавајте да оставите уште толку празно бидејќи смесата ке се надигне додека се пече) и го ставаме во загреана рерна на 180С да се пече околу 15/20мин или додека не добије златно жолта боја.

Во сласт...


:bal:
 
Acid напиша:
Работата е што знам дека ќе ја оплескам работата од првпат, нема да ми успее, и веќе никогаш нема да пробам да направа. :?

Е! ај не зезај сега ти! :D Тука стварно нема што да се оплеска! Што год да направиш ке биде за јадење :P да не кажам јестиво. Затоа само напред и храбро... Не е ваљда дека се плашиш од нови работи? :D

:bal:
 
samo kajgana znam da pravam so jajcata,se drugo mi zagoruva
 
za kajgana sum podgotvuvala na najrazlicni nacini ( so pecurki; cuski; patlidzani; pavlaka; majonez i kecap; so suvomesnati raboti; so sirenje ili kaskaval......) i sekogas mn sum se najaduvala :kajg:. ama ne sakam samo kajgana. za nisto nemam recept i se si stavam po moe. a ovoa za cokoladovo bas ke go probam
 
Ма ставам се и сешто, салама, кромид, патлиџани и сл.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom