Со оглед на тоа дека не јадам спанаќ и јас би го направила истото :lol: :wink:
Шкотско јајце
- 500 гр. Мелено месо
- 3 јајца
- лебни троШки
- 2 главици кромид
- брашно
- 2 варени јајца
- средина од 2 парчиња леб
- 1 дл. Млеко
- магдонос
- масло за јадење
- сол и црн пипер
Потребно време за подготовка е 30-тина минути. Предјадењето го подготвува мајстор готвач Сузана Ристевска, главен готвач во ресторанот Томче Софка.
Најнапред го земаме кромидот и го сечкаме на ситни коцкички на даската за работа. Во тавата ставаме масло за јадење на и го оставаме маслото да се загрее. Го земаме целото количество на млеко и го истураме во садот каде се наоѓаат срединките од лебот. Го оставаме лебот додека убаво не го впие млекото.
Го земаме садот со ситно исечканиот кромид. Го дтаваме целото количество од кромидот во тавата со загреаното масло да се пржи додека не омекне.
Настрана ги земаме варените јајца и ги лупиме. Излупените јајца ги оставаме во посебен сад. Потоа го земаме магдоносот и на даската за сечење со нож ситно гфо сечкаме. Го земаме ситно исечканиот магдонос и го ставаме во садот каде се наоѓа меленото месо. Земаме едно живо јајце го кршиме и го додаваме во садот со меленото месо и магдоносот. Потоа го земаме садот со натопениот леб во млеко и го додаваме кон смесата од мелено месо, магдонос и јајца. Додаваме црн пипер. Целата смеса добро ја промешуваме со дрвена лажица. Ја оставаме настрана.
Во меѓувреме неколку пати добро ја протресуваме тавата на оганот за да не загори кромидот. Кромидот од тавата го претураме во цедалка и го одцедуваме од маслото. Потоа одцедениот кромид го ставаме во садот со подготвената смеса. Целата смеса добро ја месиме со рака, додека да добиеме компактна маса. Потоа земаме од смесата и ја расплескуваме на дланка. Земаме едно варено јајце и го ставаме на средина од расплесканата смеса. Потоа јајцето со раце го обвиткуваме од сите страни со смесата од меленото месо. Со раце од меленото месо и вареното јајце формираме топка. Вака подготвените топки ги ставаме во тава за печење. Ја попрскуваме тавата со масло за јадење. Потоа ја ставаме тавата во рерна на шпорет да се пече. Вонредна особина на новата генерација шпорети е суперладната врата. Специјалното и трислојно стакло обезбедува оптимална изолациајна вратата од топлината на рерната.Ја оставаме тавата да се пече 5 минути на температура од 250 степени.
Во меѓувреме додека се печат шкотските јајца земаме две јајца ги и кршиме во еден подлабок сад. Јајцата во садот ги матиме со вилушка и ги оставаме на страна.
Земаме едно тенџере и го ставаме на оган. Во тенџерето ставаме поголема количина масло за јадење и го оставаме да се загрее.
Во меѓувреме ја вадиме тавата од рерната и ја ставаме на работната маса. Ги земаме едно по едно шкотските јајца и со раце ги валкаме во садот со брашно. Јајцето треба да е добро набрашнето од сите страни. Потоа шкотското јајце го ставаме во садот со изматени јајца и со раце го валкаме од сите страни. Потоа го вадиме шкотското јајце од садот и го ставаме во лебните трошки. Со раце добро го валкаме јајцето во лебните трошки од сите страни. Истата постапка ја повторуваме и со второто шкотско јајцце. Го набрашнуваме, го ставаме во изматените јајца и го валкаме во лебните трошки. Притоа внимаваме јајцата да се убаво облепени од сите страни со меленото месо.
Вака подготвените шкотски јајца ги вадиме од садот и ги ставаме во тенџерето со загреано масло да се пржат. За време на пржењето шкотските јајца ги превртуваме за да бидат рамномерно пржени од сите страни. Ги пржиме во маслото додека не добијат убава румена боја. Потоа ги вадиме шкотските јајца и ги ставаме на чинија за сервирање. Јајцата ги сечеме со нож на половина. Декорираме со копар. Со овој интересен специјалитет како прилог послужуваме комбинација од мајонез и кечап.