Acid напиша:
Каков е тој „Стандард“ прво? Ќе ми објасни некој пред да гласам? :wink:
Acid. стандард мотор е оној кој никогаш не е чепнат, како излегол од продавница, така и останал, во таа категорија спаѓаат сите оние погоре, споменатите, плус брзинците, туристичките, супер спорт или спорт туристичките, ама ккао што реков, не е чепнат од страна на бајкерот.
Значи, се она што го гледаме по улиците, на филмовите, наоколу, ама кое не е пипнато да се подобри, измени т.е. бајкерот го вози таков каков што си е и по ништо не се разликува од илјадниците други излезени од таа серија до фабриката.
Мислам, ако веќе некој сака да се нарече бајкер,тогаш сигурно би сакала да има нешто посебно, барме малку да измнеи. Било ретровизорите (помали, несоодветни, преголеми - се мисли за инивидуалниот бајкер), гумите, браниците, резервораот...сешто.
Разликата меѓу кастом моторите и стандардите е во тоа што кастомот е напавен според замислата на индивиуата, од различни причини, уникатен е, а станардот (најчесто брзинците, спортските и туристичките) е како по ЈУС. Пример, имаш мотор кој го имаат сите, направен според средна величина на човек, според средно земени параметри - стандард. Имаш мотор кој бил таков, ама бајкерот решил да го преправи во нешто кое повеќе му одговара, лежи, замислил, и е едниствен.
Но, покрај долгиов пост. накратко, кога беше отворена анкетава, се мислеше на сите оние кои ги гледаме низ Скопје (Чаир, топанско итн.) А се возат со папучи, маица без ракави, брзо со некоја цура позади на која и вири тангата од фармерките и едвај ги ставила штиклите на држачите, бланширан, и од семафор до семафор се турира, не повеќе од втора брзина на 8000 вртежи....Ти текнува, нели!