Каков е вашиот стил ?

аааааа да бе .. ја гранџерски :pos2:

Не знам сакам разновидност .. можам се да носам само да не е розево или жолто .. или бели пантолони ... најн ...

Ако речам спотски нема да погрешам .. ако речам рокерски детали пак нема да згрешам .. ако речам хипи исто пак нема да згрешам .. то во зависност од расположение .. Важно да е удобно ..

обично фармерчина и маички со интресни апликации по можност уникат да бидат ... стартки обавезно ...
 
Патичиња, фармерки, маица и дуксер :) (нема нешо поубаво и поудобно)
Ок, во посебни прилики се случува и елегантно, ама нели... посебни прилики :)
 
ме интересира каков стил ви е тоа металски? :pos2:

Иначе мојот стил е прилично недефиниран.
Секогаш во зависност од расположението,така и се облакам.
Во плакарот доминира црната боја со рандом сиви,темно сини и црвени парчиња.
Неизоставен дел од мене, што дефинитивно влегуваат во стилот, ми се неколку алки(кои скоро никогаш не ги вадам),црни фармерки,старки и моето никакво расположение :pos2:
 
Во Зима носам јакна)рацете обавезно ми се во џеб), блузон со капуљача обавезно, шал окулу вратот(така што не ја закопчувам јакната до горе, туку оставам простор за шалот да го покрие тоа празно место) фармерки(не многу широки) и патичиња(црни претежно)
А во Лето носам капче, црни наочари, маица и некои кратки до подколеници и црни патичиња
Би си го нарекол овој стил Ултра или поточно навивачки...
 
ме интересира каков стил ви е тоа металски? :pos2:

металски хмм еве ќе кажам според мене лично:

маичка(пантера,металика,слејер,) елече без ракави од времето на дедо ное ....црна фармерка или избелена некоја(ланец на панталона)..... мартинка или старка и тоа е
 
Удобно да ми е и тоа ми е најважно. После тоа гледам да биде едноставно и затоа носам обично фармерки, блузон и јакна во зима и тоа во можност се црно или друга темна боја. Во лето едноставно сум со шорц и светли маици. За патики не му ја мислам многу али сеа сакам стартки да си купам.
 
можам да кажам спортско елегантен. Фармерките се мојот заштитен знак, најудобно се чувстувам во нив и во некоја интересна впечатлива маичка, а чевли носам со мала штикла или без неа, ретко обелекувам чевли со висока потпетица, тоа за излегување најчесто
 
металски хмм еве ќе кажам според мене лично:

маичка(пантера,металика,слејер,) елече без ракави од времето на дедо ное ....црна фармерка или избелена некоја(ланец на панталона)..... мартинка или старка и тоа е
Мислиш тоа е трешерски:
5123_photo.jpg


А ова не е металски:
(без елече и без маичка од некој бенд)
moonspell.jpg


Следниве типци не се металски?
dimmu-borgir.jpg


:smir:
Мислам дека веке ја сфати поентата на постов :)
 
Си варирам. Понекогаш спортски, почесто кремски:kesa:
Најчесто носам облека што ми се допаѓа... И така:helou:
 
Имам пишано пред година-две на темава, рокерски стил. Сум мислела на каиши и алки со нитни, претежно облека во црно. Али од тогаш до сега стилот ми е многу сменет. Сеа сум шмизла. :pipi:

Не, шала на страна, малце по малце вметнав боја во гардеробата, црнилата ги намалив, сега стилот ми е спортско-кремски ( мада глуп ми е зборов.. ) и поелегантно за вечерни излегувања.
 
za vo skolo i pa kafinja denje po sportski a za navecer po elegantno(kremski) inace najvisee si sakam zelenkooo....
 
метеоролошки :) хахаха.... за по дома мнооогу спортски, можам да кажам скоро хип хоперски, за на школо ар ен би, то ест младешко спортско и слатко, а за низ град нешто поразлично, у смисла штиклички, не ниски мин. 10цм :) , кошулчиња итн итн.. .а за навечер диско грл, нешто шик и впечатливо.
лете обожавам и јапонски сандалки ... значи од крајност у крајност од едвај 5мм обувка како јапанки и патикички, до 12 цм штикла :) ... у главно мешавина од рнб и бохо терам :)
 
Немам некој стил. Само обожавам да се облакам у црно и некад тепам на зелено (=
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom