Корисниците на кабелски од ОнНет кои се приклучени на Телекабел ги плаќаат сметките во Телекабел, Бисер.
Вистина е дека не се должни да ти кажат дека не си платил, ама од ОнНет секој месец стига предупредување на меил дека тие што немаат платено ќе бидат "привремено исклучени" почнувајќи од 15ти (најново).
Кога ќе платиш во Телекабел, тие треба да се јават одма во ОнНет да им кажат дека корисникот платил за интернет.
Ова теоретски функционира супер, практично никако (барем последниве 2 месеци). Едно време се замарав со тие цурите од Телекабел, да им се јават на ОнНет да им кажат, па ќе добиев интернет за 3-4 саати..
Сега плаќам, им кажувам да се јават, доаѓам дома и сам се јавувам во ОнНет да проверат со Телекабел. Што е сигурно, сигурно е (=
Ако добијам понуда од Телекабел да се префрлам кај нив, зависно од условите, би размислил (ако е бесплатно, па уште месец-два без лимит и без намалување на брзина).. па уште ако даваат од тие SB4200.. мераци..