Каков бил животот порано, а каков е сега ?

  • Креатор на темата Креатор на темата ZIKS
  • Време на започнување Време на започнување
порано живото бил мнооогу поздрав од овој денес што го живееме. порано се хранеле здраво, немале телевизори пак да не правиме муабет за компјутери и интернет :nesum: и биле среќни на се она што го имаат, а да бидеме искрени за разлика од нив(луѓето од порано) ние сме збеснати до даска :vozbud: интернети, компјутери, телевизори.......и пак не сме задоволни со ништо :toe:

Чек, шозбориш бе..
За кое време зборуваш? У кое време се хранеле здраво живееле многу подобро него денес шо живееме?
Со шо биле задоволни? А ние со шо не сме задоволни?
 
Чек, шозбориш бе..
За кое време зборуваш? У кое време се хранеле здраво живееле многу подобро него денес шо живееме?
Со шо биле задоволни? А ние со шо не сме задоволни?

зборувам за минатото, за животот порано каков бил (јас фала богу не сум бил да знам како било, туку што ми кажувале баби, дедовци, прабаби) и да, се хранеле многу поздраво од нас како што кажав. мислиш порано знаеле што е тоа брза храна???? а да не правиме муабет дали пробале. а сега не гледаш дури и по Тв кажуваат се повеќе се зголемува бројот на дебели деца, затоа што секојдневно јадеме брза храна. и порано да нашле едно ливче ( какво било) цел ден играле со него, среќни и весели а не сега ние имаме се и пак не сме задоволни со ништо, пак нешто ни фали
 
Порано или сега ????.......незнам за кој временски период станува збор..

Што се однесува до моето животно патешествие ...ќе кажам сега ми е подобро и подобро се живее..

А ако збориме за далечно минато .....па мислам дека подобро се живеело во времето пред нашата ера...
кога би живеел во тоа време со овој ум ...би бил главен значи фараон..крал или нешто слично:vozbud:
 
Незнам од кога да го земам тоа "порано."
Еве ќе почнеме од времето на нашите родители.Во нивно време немало работи како сега комјутери,добри коли....едноставно технологијата не била развиена тогаш и не само тоа и медицината.Доколку се појавела некаква болест не се лечела како сега така брзо и ефикасно,тогаш немало такво апарати.
Во споредба тоа време,сегашницава е многу подобра и многу понапредна а тек за во иднина што ќе биде.
 
порано... кога немало компиутери било мн подобро него сега... сега по цел ден на компиутер седат повеќето од младинава и така се утупуваат!!!
некој сега ке рече е како се утупуваат кога имаат се и свашта на интернет.. имаат гугл википедија незнам ти јаху енсверс и тако даље...

Епа се утупуваат бе.. денешнава младина осим фејсбук незнае ништо друго!!! гуглаат кога им треба некој проект да прават некоја домашна или семинарска и тоа не дека сакаат да научат него затоа што мораат тоа да го направат.. прашај ги после месец дена шо праеле т.е шо знаат од тоа шо го напраиле ништо нема да знаат...
порано имале поголемо дружење него ли нашево денешно што било... иделе на корзо тогаш.. мобилни луксуз ! се знаело ред тогаш на се... у 7 8 да речеме таму и таму се собираат и немаат потреба да се прашуваат кога каде како кој.. се знае тогаш таму и крај! кој дојде дојде кој не сигурно има добра причина што не дошол...
дружба имало поголема.. заебанции паѓале шали сериозни муабети и ред други работи.. во споредба со денешницава 100% подобро било!!!
 
Само еден пример: Минатата недела додека гледав ТВ снема струја и немајќи што да правам станав од кауч и земав да читам книга:toe:
 
porano i imalo nekoj zivot a sega se e svedeno na navika
 
Животов денес се сведува на компјутер, школо/работа/факс, а за другото ако има време.

Додека пак, порано било ептен различно отколку сега. Имало повеќе дружба, повеќе слободно време кое го трошеле со друштво, заебанции, игранки, собиранки, а сега ние младиве истото го трошиме за дремење пред PC.
На жалост е така, и како идат генерации све полошо и полошо е.

Кога ќе видам дека 5-6 годишни деца разговараат, за тоа на кого му е поубав компјутерот, дали има профил на ФБ и слични глупости, не можам да поверувам. Па ја, на нивна возраст сум собирал албуми од СП,Еуро, сум киснел во флиперница, сум играл жмурка, а сега тоа нив не ги занима, ама баш ич.

Мое мислење е, дека порано имало стопати подобар живот отколку сега.
 
Ако гледаме според ова што ти го кажуваш, животот би требало да биде во стагнација, да нема никакви промени.
Животов денес се сведува на компјутер, школо/работа/факс + спортување, дружење, заебанции и шеги, натпреварување во различни области...
Ако оставиме на тоа да нема промени и се да се одвива како што било во „вашето време“ животот би бил монотон.
Точно е тоа дека поголемото време се поминува пред компјутер, не го спорам тоа , но со оваа технологија многу работи се олеснети и побрзо се одвиваат.
Како што тебе ти е чудно кога слушаш деца од 5-6 год како разговараат за facebook, skype, интернет, и компјутери, така и мене ќе ми биде чудно по 20 години бидејќи којзнае какви нови работи не очекуваат, а со секоја нова промена ни требе и време за да се прилагодиме на неа.
Не викам дека сега животот е идеален и многу подобар од порано, напротив некои работи и мене ми се допаѓале во минатото, но некои сега се подобрени, така да мое мислење е дека требат промени, а да констатирам кога бил подобар неможам бидејќи не сум го искусил лично животот порано, а само од кажување неможе да одлучам дали тогаш или сега било подобро.
 
За болдот.
Па чудно е, зар не. Ја сеа имам скоро 15 години, и чудно ми е кога ќе видам ова бидејќи ја во нивно време не сум го правел истото, но како оди понатаму, ја полека почнувам да го сфаќам и се помалку ми е чудно.

Точно дека би бил монотон животот, и ја сум за промени, али да одат на подобро, а не на полошо, како што е сега.
 
Ако гледаме според ова што ти го кажуваш, животот би требало да биде во стагнација, да нема никакви промени.
Животов денес се сведува на компјутер, школо/работа/факс + спортување, дружење, заебанции и шеги, натпреварување во различни области...
Ако оставиме на тоа да нема промени и се да се одвива како што било во „вашето време“ животот би бил монотон.
Точно е тоа дека поголемото време се поминува пред компјутер, не го спорам тоа , но со оваа технологија многу работи се олеснети и побрзо се одвиваат.
Како што тебе ти е чудно кога слушаш деца од 5-6 год како разговараат за facebook, skype, интернет, и компјутери, така и мене ќе ми биде чудно по 20 години бидејќи којзнае какви нови работи не очекуваат, а со секоја нова промена ни требе и време за да се прилагодиме на неа.
Не викам дека сега животот е идеален и многу подобар од порано, напротив некои работи и мене ми се допаѓале во минатото, но некои сега се подобрени, така да мое мислење е дека требат промени, а да констатирам кога бил подобар неможам бидејќи не сум го искусил лично животот порано, а само од кажување неможе да одлучам дали тогаш или сега било подобро.

Се сведува на глобализација. Секое делче на светов станува зависно со сите други делови. Општеството е динамично и сите се растрчани. Се помалку им се дава значење на религијата традицијата, нациите, се губи сето тоа.
И животот по дефолт се сведува на компјутери и на технологија тоа е напредокот другото е се минато завршено.
 
секогаш Македонија била со понизок стандард но факт е дека пред 15 тина години подобро се живеело барем повеќето работеа веќе таму кога бев јас средно 1999 година или 2000 мислам почна нагло да опаѓа стандадот и се повеќе отпуштања од работа па се до ден денес ако вака продолжи ќе дојдеме до дното, Не дај Боже! ми е страв само да не биднеме втора Етиопија....

а да не кажувам за луѓето се посебични се, се се измени и постари и помлади генерации, ова младите уште малку од 1 одделение што не водат љубов, уште у моја генерација тоа го имаше а да не кажувам сега и понатаму, се се одвива преку виртулениот свет, реалниот живот стана пролазен колку на работа да отидеш да сработиш и правац дома на компјутер.... кај си да си на Фејсбук да си, а што да прават младите кога немаат пари у џеб таму утеха и наоѓаат!
 
Денес имаме поголеми куќи, а помали семејства

Повеќе удобности, а помалку време

Повеќе сме учени, а имаме помалку здрав разум

Повеќе знаење, но помалку расудуваме

Имаме повеќе експерти, но и повеќе проблеми

Повеќе медицина, но се' помалку здравје

Се' полесноверни сме, а се смееме се' помалку

Возиме пребрзо, се лутиме пребрзо

Се' подоцна си легнуваме и се будиме се' поуморни

Премалку читаме, премногу гледаме тв

А се молиме се' поретко

Имотите си ги зголемивме

Но си ги намаливме ведностите

Зборуваме премногу, а сакаме премалку

Лажеме пречесто

Научивме како да заработиме за живот

Но не и како да си го направиме животот убав

Додадовме години на животот

Но не и живот на годините

Имаме поголеми згради, но помалку трпение

Пошироки патишта, но сме се' потесногради

Трошиме повеќе, а имаме се' помалку

Купуваме се' повеќе, и се' помалку уживаме во тоа

Се качивме на Месечината и се вративме

Но тешко ни е да ја преминеме улицата за да го посетиме соседот

Го освојуваме и надворешниот свет,

Но не и внатрешниот свет во нас

Го поделивме атомот

Но не и нашите предрасуди

Пишуваме повеќе, но учиме помалку

Планираме се' повеќе, а постигнуваме се' помалку

Научивме да брзаме, но не и да чекаме

Имаме повисоки примања, но понизок морал

Составуваме поголеми компјутери

Кои содржат се повеќе информации

За да може да направиме повеќе копии

Но имаме се помалку комуникација

Имаме кванитет

Но не и квалитет

Ова се времиња на брза храна и споро варење

На големи луѓе со мали карактери

Претерани профити

И површни врски

Повеќе слободно време

А се помалку забава

Повеќе видови на храна

Но се' помалку вистинска

Повеќе примања, но и повеќе разводи

Софистицирани куќи

И се' повеќе растурени домови...

Сите ние имаме живот сега... и живот сега, кој ќе стане порано, а некој живот после, ќе стане живот сега. За да не се заплеткам во она што сам сакам да го кажам и потенцирам, ќе почнам со попросто доловување на одговорот на темата. Сегашниот живот секој го споредува со некој живот порано, па секогаш сегашниот живот ќе биде оквалификуван како живот кој го надминал претходниот живот и добил на квалитет во нешто, но од друга страна пак изгубил на квалитет за нешто друго. Брзиот развој на човештвото не може да ги предвиди сите позитивни и негативни страни кои ќе бидат продуцирани од технолошките изуми. Но најбитно од се е што сегашниот живот, онака подобрен и усовршен, е резултат на мечтаењето од претходниот. Последнава реченица е универзална дефиниција, која во секој момент како реалност се повторува. Оттука најбитно од се е, живеејќи го животот, не треба да се изгуби балансот и адаптирањето на сите промени помеѓу двата живота или она што за некого било мечта, а за некого реалност, да се искористи онака како што била мечтата, а не егоистички да се приоѓа кон остварувањето на нечија мечта. Од друга страна пак и да се негуваат добро испробаните нешта кои постојано се провлекуваат и претходно и сега. Едноставно, балансот е лек за се, нема стриктно порано и сега има мудро искористување на сите добри нешта и претходно и сега.
 
порано било топ сега е тиња кратко и јасно кажано.

во ова време сите патат од еден синдорм наречен љубомора !!!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom