Како живеете?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.856
Како живеете ... како што сакате или како што "треба"?
Дали вашиот живот секојдневно го живеете според некој ваш стандард и желба, дали го живеете според некои општи или на вашата околина стандарди или зависи за што се работи т.е. за некои работи според вас, а за некои според другите?
Ако е тоа третото, што и кој е вашиот живот, а што и кој е животот кој го живеете за другите т.е. како што "треба"?
Како е всушност подобро да се живее за подобар живот?
:helou:
 
Мојот живот е оној внатрешниот. Надворешниот е нешто што мораме да го правиме за ај така да се изразам „општото добро”. Тоа не ми се допаѓа, но кога си опкружен со луѓе кои сакаат да го контролираат твојот живот и кога чисто од симпатии и желбата да не сакаш да ги повредиш ги следиш нивните желби. Се разбира си имам „моменти на истушување” бидејки таков „ми е кројот” и неможам да трпам некои наметнати мислења, начини на однесувања, начин на размислување...

Се борам секогаш да бидат нештата правилни, па и да биде на моја штета, сепак совеста ќе ми е задоволена,а тоа ми е најважно.

Е сега, на прашањето како е подобро да се живее?

Ако планирате сами да го поминете животот, најубаво е вас како што ви одговара, ако сакате да живеете во заедница, мора да се прилагодувате на нечии каприци. Тоа е цената што треба да се плати за да не зборувате со ѕидовите секој ден.
 
"Живота е това ,което се случва,докато ние чакаме нешто друго..",мислја,че тази мис'л на Джон Лен'н нај-добре дава представа за живота ни..всеки и всјакога чака нешто в живота си ,целија ни живот представлјава едно голјамо "чакане" /жалко е ,че за повечето лјуде това се превр'шта в основно занимание или един вид професија или п'к просто "Очакване на Годо"..докато чакаме денја на заплатата ,да срештнем голјамата лјубов,да сберем пари за нова кола ,нова к'шта,за летната ваканција и т.н -живота вс'штност преминава тихо но неусетно покрај нас,п'рвите бели косми,п'рвите бр'чки,п'рвите мазнинки около талијата-успјават да ни отрезвјат за малко но само временно..е да нјама ништо вечно-всичко е временно ,почнах с една мис'л на велик човек/поне за мен/ ште св'рша с една друга м'дрост от древността-" Живота е мост-премини ,но не строј к'шта в'рху него.."
 
Како живеам?
Епа секој ден го поминувам баш ама баш како што јас си сакам :) Непотребно си се смеам т.е. секогаш си се смеам, za bilo kakvi raboti :icon_razz А за подобар живот треба да си живееме така како што самите сакаме, зошто самите си знаеме кое е најдоброто нешто за самите себеси. А јас сепак мислам дека добро би било да сме сааамооо насмеани и среќни, ништо повеќе :)
 
Знаеш како викаат, луд е оној чија што лудост не се поклопува со лудоста на мнозинството. Затоа, сите по малку се трудиме да не сме луди. Пробуваме нашите желби и потреби да ги прилагодиме според правилата на општеството.

Убаво е човек да му даде слобода на својот дух, но не треба да претера.
 
Живеам - дишам се смеам се веселам се правам срекен Се обидувам др. да ги насмеам усрекам развеселам.Задоволен сум од тоа како се развиваат работите ...од целите на мојот живот. Задоволен сум од грешките што сум ги направил и тоа морало да се случува во одреден период можеби порано или подоцна.
Ги сакам тие околу мене и ДОБРИТЕ и ЛОШИТЕ сите имаат иста душа која кај некој во погрешен правец е упатена кај некој срекно ја храни секојдневно .ДОволно ми е што сум срекен некад и тажен Скромен и радонзал за мн. работи се сакам да пробам експериментирам во границите на нормалата ме интересираат работи кој за мн.луѓе се малку чудни и необјасниви али тоа е тоа..Се обидувам да со сите сум добар и коректен каде грешам се извинувам Исполнувам и нечии желби од време на време ете и таа маса на народ да е срекна нахранета со своето его.
Скромен живот со зачинет СО мнгоду адреналин. Интересно детство.Мн модрици и крв:vozbud:. И една фалична даска во мојот мозок :helou:
 
SCORPIO__20 напиша:
се сакам да пробам експериментирам во границите на нормалата ме интересираат работи кој за мн.луѓе се малку чудни и необјасниви али тоа е тоа
Ја откриваш хомосексуалноста во себе? :pos2:

Се шегувам, не се лути. :smir:
 
ах, живот.. љубов.. во него. живот... пенал! за малку...
доста сеа со булкрапот,
живеам по мое и по некои одредени правила(како што треба, нормален начин на живот). некоја златна средина.
 
Супер живеам .. како сакам така .. ( зш од дома ми одат по кејф )

Супер е шо сакам тава
 
Живеам како што јас сакам,правам работи што јас ги сакам и одговорноста за се досега си ја преземам сама.Од секогаш сум била против, некој друг да ми наметнува мислења или ставови за живеење.Сакам да бидам среќна и горда со себе,тоа и го правам.Општите стандарди кои ми се прифатливи се споени со моите стандарди за живот и воопшто не ме интересираат коментарите од страна,не сум ништо поразлична од останатите,но живеам како мене ми одговара,за разлика од некои што не прават работи што ги сакаат,за да не ја навредат околината.Не ни можам да замислам како живеат луѓе ограничени во движење,желби,интереси,фантазии,односно да бидат прототип на совршено однесување.Каков е тој живот ако јас сакам да правам една работа што ме исполнува,а поради околината да правам друга,која ја мразам и неможам да ја поднесам.Која е таа цел што ја имаат во животот,сопствена или наметната?!
Најубаво е да се живеат своите соништа,зошто животот е толку краток,не ни се дава уште една шанса,направи да бидеш среќен и задоволен од она што го имаш,гледај за себе,а не за другите.Секогаш на некој нешто нема да му се допаѓа во нашето однесување,ако продолжиш да ги задоволуваш нивните барања,ќе немаш време за свој живот,а никој нема да ти даде диплома за перфектно однесување.
 
...ziveam kako sto sakam jas,ama i gleam i drugite okolu mene da ziveat kako sto sakaat...bi kazal neshto pomegu kompromis i prilagoduvanje na dadena situacija sto go pravam mnogu dobro(inache nebiva drugachie osvem ferski)...dosega sum zadovolen ama siguen sum deka mozam i bolje od ova-pokvalitetno ushte-zdravje boze ke bide...
 
Живеам за другите и е премногу досадно
 
Па гледам да го живеам животот како што јас сакам, меѓутоа не може во секоја ситуација да се однесуваме како што сакаме.
Колку и да негираат некои луѓе, нема еден човек што барем еднаш не се однесувал по своја воља или нема човек кој што барем еднаш не му биле работите по мерак.
Додуша сепак сум задоволна што не потпаѓам под некои т.н "општествени" стандарди и гледам да си поставам свои стандарди.Во принцип секој човек треба да си го живее животот како сака,да не се стега пред некои одредени работи,меѓутоа сепак треба да се има и некоја гранца на тоа живеење како сакаме.
Подобро ќе живееме сите кога ќе исчезне она глупо ривалство и љубомора и омраза која што ја чувствуваат луѓето, и место омраза би се исполнувале со љубов и задоволство.
Би биле сите по смирени и нема толку да доживуваме стресови,негативни мисли...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom