Т. Живков пак "откри" дека всушност Турците во Бугарија биле асимилирани Бугари и им ги смени имињата.
БАН пак ги прифати и "научно" образложи неговите откритија (справедливо е Т.Живков да биде посмртно примен за почетен член на Б АН и да му се пресуди докторска титула бидејки на два пати успеал да направи револуционерни научни откритија посрамотувајки ги титулираните бугарски историчари и учејки ги како "треба" да работат).
Тоа доведе до познатото бегање на 500 000 Турци од Бугарија.
Co тоа етничко чистење Живков е всушност претеча и учител на Слободан Милошевиќ. Случајот со турското малцинство го илустрира и случајот со македонското малцинство пред тоа.
И Македонците даваа силен (дури и вооружен) отпор.
Организации постоеа во секое населено место и секое училиште, но во времето на најдив комунизам и во екот на студената војана тие немаа никаква шанса.
Во јануари 1990 г. бугарскиот парламент од немајкаде делумно се коригира спрема турското малцинство но во однос на Македонците на 07.03 1990 г. го потврди тодорживковиот став дека македонското малцинство е "непостоечко" и "нема ниту историски,ниту правни,ниту какви и да било други основанија да се бара такво малцинство" во Бугарија.
Програмата за националистичко воспитување на народот имаше дадено "богати " плодови.
И покрај изјавите на министерот за надворечни работи Бојко Димитров , дека "доколку станува прашање за етничкото самосознание, во условите на демократизација кај нас нема никакви пречки за слободно изразување на волјата" дадена на 16.02 1990 г , појавата на македонските организации и нивните акции во март и април истата година се дочекани крајно непријателски и со етикетирање "предавство,родоотстапништво" и сл. а во мај се преземени директни чекори за нивна забрана (само намесата на меѓународниот фактор ги спаси овие организации од целосно уништување).
Така се покажа дека правото на самоопределување(според бугарското сфаќање) важи за Македонците само ако се изјаснат како Бугари но доколку се дрзнат да го искористат за да се декларираат како Македонци ке бидат прогласени за предавници на "својата" нација.
Се покажа исто дека наспроти зборовите на министерот основна пречка "за слободно изразување на волјата" е токму државната власт и бугарскиот национализам.
Официалните антимакедонски ставови не се променија ниту по пописот од 1992 г кога според последните официални податоци 10 803 души се декларирале како Македонци (на 8 000 од нив властите не им ја признаваат националната определба бидејки како мајчин јазик го посочиле бугарскиот при што пак се обидуваат да ги озаконат резултатите од асимилацијата).
Тоа меѓутоа ни најмалку не им смета на бугарските влади по секој повод најофициално да тврдат дека во Бугарија нема Македонци и македонско национално малцинство.
Пописот во 1992 г. е спроведен во услови на забранети и прогонувани македонски организации,насилства над нивните членови и масовна антимакедонска пропаганада.
He e направено ништо да се намали со децении насадуваниот страв.
Податоците не се тајни.
Нема посебна графа "Македонец" (макар што во сите претходни пописи Македонците постојат!) додека се запишани со посебна графа малцинства од 2-3 000 души.
Допуштени се бројни прекршоци.
Често преброителите воопшто не ги ни прашале граѓаните а директно ги запишувале како Бугари, па морало похрабрите да протестираат.
Чести се и случаите кога преброителите ги агитирале оние што се изјасниле како Македонци дека тоа е неправилно и дека се тие Бугари.
Во еден случај го замолиле запишуваниот да не инсистира да се запише како Македонец "зашто ќе треба после се да препишам од почеток"!
Во друг случај се обиделе да зпишуваат со молив па морало запишуваните да протестираат ( и двата случаја се од Сандански).
He се објаснувало добро за да разберат луѓето кои сакале да се декларираат како Македонци дека тоа можат да го сторат во посебната графа "други", а едноставно им нуделе да ги запишат како други ,ш то нормално се сфаќа во смисла да ги запишат под некое од другите малцинства (Турци, Цигани и др.) поради што некои се согласувале "подобро" да ги запишат како Бугари.
Насред пописот во локалните медии се кренал голем шум за опасноста од македонизмот и запишувањето на луѓето како Македонци и ја повикувале власта да преземе сериозни мерки против оваа "национална опасност".