Техники на заведување- тој/таа
Еве отворам една интересна тема во кои мажите на форумов,но и повеќето жени ќе се пронајдат.
Заведување.
Да објасниме.
Значи да заведеш некоја е да и всадиш желба да има физички контакт со тебе(се знае на што се мисли де),т.е.да и’ станеш привлечен.Е сега не оди тоа туку така,и не можат сите да го прават тоа.
Некои дури велат - или се раѓаш со тоа или го немаш - јас велам - ако со тоа се раѓаш,си поприроден од оние кои допрва ќе го научат.
Пример:
Ви се допаѓа некоја подолго време.Не знаете ништо за неа освен што сте заедно на школо/факс/работа.
Е сега,немате ни некој муабет со неа за да ја привлечите ниту пак пали „ди ај контакт“.
Решение:
Заземи позитивен став.Диши полека и длабоко.Извади ги сите искри од твоето срце на очите и устата.Почувствувај ја страста.Нека те обземе желбата.Не противи се.Погледни се во огледало.Избери фаца што најмногу ќе одговара за заведување,т.е. фаца која вели- „Јас сум ладен,самоуверен и тука сум да ќарам“.
Да претпоставиме дека не пушиш.
Пушти ги рацете надолу.Битно е да си облечен комотно и да се чувствуваш полн со самодоверба.
Пријди и’.
Е сега,тука доаѓа персоналноста твоја до израз.Како вие би постапиле ако имате ваква ситуација.
П.С. Ајмо шмекери и фраери,да се види кој е нај-нај.
:smir: