Како влијае марихуаната на здравјето...

  • Креатор на темата Креатор на темата MSV
  • Време на започнување Време на започнување
Не.. ми беше потребна во тој момент :D, досадно ми беше.. како во депресија да бев :)

Нејќам да звучам глупаво и не сум некоја 50-годишна баба за да солам памет, ама морам да кажам - годините да ти ги имам, паметот НЕ. Досадно му било, како во депресија да бил ... ти знаеш ли бе што е депресија? :uvo:
Туку не ми се верува дека темава по малку наликува на образовно катче во врска со марихуаната, како и нејзино пропагирање како да е најпозитивното нешто што може некому да се случи. Сфашта.:uvo:
 
Туку не ми се верува дека темава по малку наликува на образовно катче во врска со марихуаната, како и нејзино пропагирање како да е најпозитивното нешто што може некому да се случи. Сфашта.:uvo:
Нема никакво пропагирање.
Марихуаната не е најпозитивното нешто,има далеку поубави работи во животот и никој не го оспорува тоа.
Марихуаната си има свои негативни страни,како и позитивни...тоа е дуализам,слично како сите останати елементи на планетава земја.
А ако се смета за пропагирање неколку сликички од растение,однак избриши ги.
И на крај,зошто да нема образовно катче во врска со марихуаната?
Никој не смее да биде присилен да проба канабис,но ако некој веќе се решил самостојно на тој чекор, нели е подобро да има каде да се обрати за совет или слично,отколку да прави работи на своја рака и да си нанесе штета на некој начин?
п.с И треба ептен да си хејтер за да не признаеш дека растенијата убаво изгледаат.:)
 
Никој не смее да биде присилен да, но кога би ве прочитало некое младо дете кое е љубопитно се` да проба, верувај дека многу интересно и слатко ќе му изгледате. Лиги ви течат кога зборувате на оваа тема, а тоа се гледа од далеку.
Иначе не дека е грешно да се има податоци и некакви си упатства, но јас не гледам ниту една забелешка кај вас, нејзините уживатели. А тоа нели, знаеш како изгледа.
И ако викаш дека сум ептен хејтер ако не ми изгледаат убаво растенијата - така нека биде. Повеќе сакам растенија со поголеми цветови во убави форми, кои го прикриваат стеблото.:toe:
 
Нејќам да звучам глупаво и не сум некоја 50-годишна баба за да солам памет, ама морам да кажам - годините да ти ги имам, паметот НЕ. Досадно му било, како во депресија да бил ... ти знаеш ли бе што е депресија? :uvo:
Туку не ми се верува дека темава по малку наликува на образовно катче во врска со марихуаната, како и нејзино пропагирање како да е најпозитивното нешто што може некому да се случи. Сфашта.:uvo:
Појма немам што е депресија, и појма немам како е да си во депресија.
Поради тоа не пишав дека сум во депресија, туку пишав како да сум во депресија.
Знам само дека не ми беше баш најдобро, и од искуство знам дека тревката помогнува да излезам од таа ситуација. Тоа најверојатно е „добро“ дејство на тревката.

Во некои научни списанија пишуваше дека цигарите се поштетни од марихуаната ( или цигарите се мноогу штетни.. или марихуаната не е толку штетна :D ). Тоа било резултат од истражување на некојси институт.
Веројатноста за точност на резултат што е.. излезен од истражување на некој институт, е многу голема. Институтите не прават грешки „туку-така“. Подоцна, од други места бев информиран дека тоа што сум го слушнал за компарацијата на штетноста на марихуаната со штетноста на цигарите, не било точно. Сега сеуште барам образложение на тоа нешто, надевајќи се дека ќе стигнам до нешто што навистина е точно....
 
Појма немам што е депресија, и појма немам како е да си во депресија.
Поради тоа не пишав дека сум во депресија, туку пишав како да сум во депресија.
Знам само дека не ми беше баш најдобро, и од искуство знам дека тревката помогнува да излезам од таа ситуација. Тоа најверојатно е „добро“ дејство на тревката....

Овака се лечеше од депресија поради невозвратената љубов кон Дениса или компјутерот ти цркна (знам...тешко го преболи цркнатиот хард диск...дури и некролог му напиша), абе млад си, со време ќе ја заборавиш, ќе најдеш друга...батали тоа тревата...
 
Па зошто? Некогаш марихуаната ја користиле за смирување
 
Овака се лечеше од депресија поради невозвратената љубов кон Дениса или компјутерот ти цркна (знам...тешко го преболи цркнатиот хард диск...дури и некролог му напиша), абе млад си, со време ќе ја заборавиш, ќе најдеш друга...батали тоа тревата...
Ова има некаква врска со влијанието на марихуаната на здравјето?
 
Иначе не дека е грешно да се има податоци и некакви си упатства, но јас не гледам ниту една забелешка кај вас, нејзините уживатели. А тоа нели, знаеш како изгледа
ОК,добро,можеби е и наша грешка,еве нека биде така.
Марихуаната си има свои негативни страни,и сега ќе напишам кои се:
-Прво,ако се злоупотребува премногу да предизвика параноја.
-Второ,може понекогаш да доведе до асоцијалност.
-Трето,може и негативно да влијае на расположението,ако состојбата на умот во моментот кога се пуши канабис е лоша.
-Четврто,луѓето кои се надувани,некогаш знаат да бидат многу досадни со нивното смеење,и имаат тенденција да се смеат и на работи кои не се навистина смешни во реалниот живот,што и не е баш добро.
-Петто,личност која долго време константно пуши марихуана,станува прилично несериозна и гледа на животот како игра,а не како дар од природата.
Сепак,овие негативни страни се однесуваат само на претерана употреба на марихуаната,т.е нејзина злоупотреба.
Ако се употребува вистински рекреативно(да речеме два-три пати месечно),многу е тешко да се појават ваквите симптоми.
Немој да грешите,марихуаната има и лоши страни.
Но,ако го почитувате растението и тоа ќе ве почитува вас.
Не користете канабис за лечење депресија,бидејќи дури и да ве извади од депресијата,тоа ќе биде само моментално и ќе трае додека трае дејството.Кога ќе помине,депресијата ќе настапи одново,и ќе морате да пушите одново.
Ако сте во депресија,марихуаната нема да ви помогне(односно,ќе ви помогне само привремено).Вистински може да си помогнете само вие самите и никој друг.
-Исто така,забораив да спомнам,марихуаната може да има лошо влијание врз тие што првпат ја пробуваат,бидејќи самото тоа што ги става во алтернативна состојба на умот,е прилично збунувачки,така да,ако не е доволно психички стабилна,индивидуата може да добие напад на паника,и тоа да биде многу лошо искуство.
Затоа,внимателно.
Ако веќе некој решил да пуши,нека внимава на сетингот,поточно на околината во која го прави тоа.
Многу е поубаво ако се опкружени со луѓе на кои им верувате.
Не знам друго шо да кажам,ако има некој прашања,слободно нека постави.
п.с еве Дивајн,нешто што би можело да ти се допаѓа:
halloween_2007_ulf_Cannabis_sativa.jpg

Иако нема цветови,за жал.:)
п.п.с Дали си љубител на Бонзаи растенија?
 
Не користете канабис за лечење депресија,бидејќи дури и да ве извади од депресијата,тоа ќе биде само моментално и ќе трае додека трае дејството.Кога ќе помине,депресијата ќе настапи одново,и ќе морате да пушите одново.
Ако сте во депресија,марихуаната нема да ви помогне(односно,ќе ви помогне само привремено).Вистински може да си помогнете само вие самите и никој друг.
Според ова, или не сум бил во депресија или тоа што го напиша не е точно, така?
 
Според ова, или не сум бил во депресија или тоа што го напиша не е точно, така?
Не те разбирам како мислиш?
Ти реков,ако си во депресија,не треба да се потпреш комплетно на канабис за да ти помогне да излезеш од неа.
Првенствено,мораш да си помагаш сам,а на канабисот гледај само како на некој секундарен додаток во борбата.Главната улога,ја играш ти.
Го кажувам ова,бидејќи сум доживеал периоди на депресија,и секогаш кога сум пробал да се извадам од нив со марихуана,ми успевало само привремено(додека трае дејството) и на крај,секогаш сум сваќал единствен начин да се извлечам од овие периоди е по природен пат,без користење на ништо.
Мислам дека е подобро човек да пуши канабис само кога е во добра умствена и емоционална состојба,бидејќи така ефектот е далеку подобар и само во такви случаи настанува вистинска експанзија на умот и проширување на перцепциите...а тоа е и вистинската намена на марихуаната според мене.
 
Медицински е докажано дека марихуаната има многу несакани ефекти (дури и при медицинска, контролирана терапија со истите) меѓу кои како најчести се вбројуваат:

-акутни споредни ефекти: седатација, еуфорија, чувство на страв и напади на паника, сигнификантно намалување на краткотрајната меморија, проблеми при движење, мускулна слабост, зголемување на срцевата фрекфенција и опаѓање на крвниот притисок, сериозни вртоглавици.

-хронично споредни ефекти: психомоторични пореметувања, зголемување на очниот внатрешен притисок, акутни психози, спастични симптоми, го зголемува ризикот кај предиспозирани личности да развијат шизофренија, намален развиток кај личности во пубертет, намалува церебрален крвоток, зголемување на апетит, разни промени на кардиалниот, хормоналниот и имуниот систем, итн итн.

Се на се, ќе да нема некој толку позитивен ефект,после многубројните споредни ефекти нели...
 
Мислам дека марихуаната има медицинска примена кај оние кои го изгубиле апетитот и што патат од болести као анорексија и булимија
 
иии,види мајката шо било!:vozbud:
баш пред некој ден во 9 јадев во 10 пушав и во 12/1 по полнок јадев ко луд и си мислев шо е работата.не сум знаел за ова
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom