Како влијае марихуаната на здравјето...

  • Креатор на темата Креатор на темата MSV
  • Време на започнување Време на започнување
епа дај објасни како погоре шо ми е објаснето......или само да се изнасмејш знајш.....:tapp::tapp::pusk:

100 пати се имам изјаснето на темава, ме мрзи пак. Ако те интересоват побарај си.:baeh:
 
Тешко дека некад марихуаната ќе му се здосади на некој и ќе помине на потешки дроги,ако знае дека легално може да ја добие.
Тоа е само мит,пласиран од противниците на канабисот.
Ако некој влегол во потешки води,тоа не е директно поради марихуаната,туку поради нејзиниот нелегален статус,а еве и зошто се случува тоа:
Да речеме дека некој сака да дува марихуана.
За да ја добие,мора да влезе во одредени кругови и да се запознае со дилери.
Тука настанува проблемот.
Кога ќе влезе во таквите кругови(во обид да купи канабис),тој автоматски станува опкружен со многу потешки дроги,бидејќи дилерите не дилаат само канабис туку и се останато.
Со самото тоа што влегува во контакт со тие потешки дроги,индивидуата ги прифаќа како нормални и почнува да ги конзумира.
Тоа е причината што марихуаната ја нарекуваат отскочна даска кон потешките ствари.Во суштина,марихуаната не е крива за ништо.
Доколку била легална и би можело да се купи во специјализирани продавници,тогаш секој ќе може да ја купи таму и НИКОЈ нема да биде изложен на потешки дроги,па на тој начин,тие ќе престанат да се конзумираат.
Втора работа,забранетото овошје е секогаш послатко.
Затоа мали деца ја пробуваат марихуаната.
За да покажат дека се бунтовни или фраери,дека немаат страв и слично.
Поентата е дека,со ваков нелегален статус,секој може да ја набави марихуаната,без разлика дали е малолетен или не.Дилерите не бираат возраст.
Кога би била легална,би имало забрана за продажба на лица под 18 години.
Тие што се полнолетни,имаат право да одлучат сами дали ќе земат такво нешто или не.
Со стандардизација на канабисот,ќе се оттргнат многу негативни појави од општеството-дилерството како прво(зошто некој да ја купува на нелегален начин,кога може да ја набави без никаква опасност).
Друго,може до утре сабалје да се сере дека канабисот е штетен,па затоа не е легален,но да бидеме реални:Алкохолот и тутунот се далеку поштетни.Зошто тие се легални?
Зошто никој не смее да ги забрани нив?
Алкохолот уништува семејства.
Расипува луѓе до нивната срж.
Предизвикува сообраќајни несреќи.
Индуцира насилство.
А сепак,сеуште е легален.
Зошто?
Бидејќи никој не смее да оди против милионската индустрија што го произведува.
Дури и кога некој би се обидел,би бил потплатен за да се откаже или во краен случај-убиен.
Затоа,многу е полесно да се најдат други(многу понемоќни) виновници за девијантноста и расипаноста на општеството и да се обвинуваат и гонат тие.
И нормално,во оваа пресметка влегува канабисот,затоа е и забранет.
Ова не е некакво оправдување,ова е чиста реалност,која одбиваме да ја видиме,бидејќи е многу полесно да се рече:Остај го бе вој,џанка е,не знае шо зборуе,само се правда,отколку сериозно да се седне и да се разгледа на што укажуваат чистите факти.А тие се:
1.Никој,ама баш никој,не смее да забранува растение кое потекнува од природата,бидејќи неговото постоење воопшто не зависи од човекот.
2.Алкохолот и тутунот носат илјадници мртви секоја година.Да не зборуваме за малтретираните жени и деца-а сепак,никој не ги забранува.
3.Никогаш,никој не умрел од марихуана.
4.Да бидеме реални,властите ги заболе газот за нашето здравје,тоа е последната причина зошто марихуаната би била нелегална.
5.Ако се легализира,канабисот може да има широка употреба(и притоа не мислам на конзумација,туку на употреба во индустријата).Но секако,ова би одзело дел од пазарот кој го држат останатите индустрии(памук,хартија,лекови итн),а тоа не милионерите не смеат да си го дозволат,бидејќи губат профит.
6.Никад нема да се освестиме,се додека веруваме во медиумски пласирани лаги.
Ако веќе некој сака да суди за нешто,прво нека го проба сам,па нека оценува од лично искуство.Така е најреално и најобјективно.
Legalize it!!!

Хаха,не биди толку сигурна за тоа:back:

Te cenam za ova!!! Navistina si vo pravo koga si izlozen da dilerite sto se prodavaat za koi marihuanata e nisto vo sporedba so drugite teski drogi kako nema da se zakacis na potesko.Samo sepak se pocnuva od Marihuanata ja imam dosta vreme koristeno i nea i drugi raboti.Momentalno nisto ne koristam od toa i doznav deka i vaka mozelo da bide COOL.
 
Фебулос свака ти част за постов еј! А иначе не викам дека не дошол сканк кај нас.. Али еднаш у годината има прав сканк.. Повеќето секоја хемија и прсканица или појака херба ја викаат сканк.. Веруј ми пратам фаци што за се што е појака трева сканк викаат.. А иначе дека има понекад кај нас има али ретко е тоа..
 
Алхохолот и цигарите имаат поголема штетност од мариханата па никој нив не ги забранува.
За спредба само во Америка годишно 50 000 луѓе умираат од алкохол, 440 000 од цигари. Се уште нема документиран случај да умрел некој од марихуана.
За разлика од претходните две докажано е и дека марихуаната има многу здраствено употреби но до крај не може да се испитаат бидејќи е забранета за осгледување и употреба.


Дувај бе :smir:
 
Моментално најсигурниот начин на конзумирање канабис е преку Vaporizer.
Ова е направа,која го загрева растението до одредена точка,но не го гори,како што тоа е случај со пушењето на истото.
Самото име наложува на тоа:
Vaporizing=испарување.
Поентата на ова е тоа што,при ваквото загревање,не се постигнува доволна температура за да се ослободат штетни гасови(катран,јаглерод диоксид и слично),а сепак таа температура е оптимална за ослободување на активните состојки од растенијата(велам растенијата,бидејќи Vaporizer не се користи само за конзумација на марихуана,туку на широк спектар од различни видови медицински растенија).
Како и да е,ова е најнештетен начин на конзумација.
Далеку е побезбеден од цигарите и од пушењето на канабис,бидејќи во телото се внесуваат многу помалку отрови.
Друг битен елемент е неговата ефикасност.
При пушење канабис,голем дел од THC се уништува во процесот на горењето.
Всушност,кога се пуши,ние добиваме отприлика 20% од целокупната содржина на THC.
Со Vaporizer,се ослободува голем дел од активната состојка,па на тој начин е потребна многу помала конзумација.
На пример,ако по пат на пушење е потребен еден грам марихуана за да се постигне саканиот ефект,при испарување е потребно само околу четвртина грам,што е далеку помала количина.
На запад,оваа направа е широко користена,и се продава скоро насекаде.
Активистите за легализација се надеваат дека токму ова ќе биде нивниот главен адут кој ќе докаже дека канабисот има повеќе позитивни страни,отколку негативни.
Нормално,како и се останато на светов,има свои лоши страни и никој не го негира тоа,али сепак,не треба да се заборават и позитивните.
Постов не е за дебата,туку бидејќи темава е за марихуана,мислам дека треба да се знаат начините на кои таа се конзумира на запад,во земји далеку понапредни од нашата.
Еве и по некоја слика:
volcano_vaporizer.jpg

Ова е најпознатиот Vaporizer во светот,наречен Volcano.
И веројатно најдобриот од сите на пазарот.
vapor-cannon-vaporizer.jpg

Vaporizer_01.JPG
 
Така се почнува прво со марихуана како најлесна дрога, па после се преоѓа на појака и појака и на крај труење од предозирање и смрт.
 
tolu ednostavno(a stvarno e slozeno)go opisa ova....mislis sekoj ko pusel maruhuana odel na potesko pa na smrt...ami togas 80% od narodot na planetala trebalo da umre
P.S jorj bus i obama pusele pa eve zivise:pos2::pos2::pos2:
 
Така се почнува прво со марихуана како најлесна дрога, па после се преоѓа на појака и појака и на крај труење од предозирање и смрт.

Така се лажат мали деца...демек марихуаната ќе те натера да се префрлиш на нешто смртоносно...

Колку луѓе годишно умираат од употребување на марихуана?
Дали било кога сте чуле дека марихуаната предизвикува насилно однесување?
Дали некаде во светот е забележано створање зависност од марихуана?


На овие прашања, сериозно барам одговор.


Тврдат дека марихуаната уништувала мозочни ќелии...тоа уште ниедна научна институција го нема докажано.

Има уште многу митови со кои се заплашуваат луѓето во врска со марихуаната кои се апсолутни невистини.

Канабисот, доколку би се ставил во легална контрола, може да и стане пандан на сојата бидејќи сите органски материјали кои се произведуваат од сојата, може да се произведуваат и од канабис. Голем плус на канабисот во однос на сојата е што канабисот може да се употребува и за произведување на лекови, и општо да земе голема улога во медицината.
 
Епа има некои сто само пробале, и не се навлекле на тоа, ама тие сто редовно пушат не можат после само на тоа да си останат, организмот им бара појака дрога и на крај хехе баш како што опишав едноставно е:smir:
 
Колку луѓе годишно умираат од употребување на марихуана?
Ниеден.
Дали било кога сте чуле дека марихуаната предизвикува насилно однесување?
Никогаш.
Мислам,не е логично нешто што индуцира смеа и релаксација,во исто време да предизвикува насилство.
Дали некаде во светот е забележано створање зависност од марихуана?
Многу ретко.
Никој не станал зависен од рекреативна употреба на марихуана,дури и во земјата каде што најмногу ја има-Холандија.
И нормално,треба да се прави разлика.
Ако некој го злоупотребува растението,тогаш може да се јави психичка зависност,но тоа е поради индивидуата и нејзините акции кои придонеле до тоа.
Сепак,дури и таа зависност е далеку помала и полесна,од онаа што ја предизвикуваат цигарите,алкохолот и поголемиот дел од фармацевтски продукти кои упорно им се нудат на лугето денеска и на кои е навлечена половина популација.
Тврдат дека марихуаната уништувала мозочни ќелии...тоа уште ниедна научна институција го нема докажано.
Точно.
Има уште многу митови со кои се заплашуваат луѓето во врска со марихуаната кои се апсолутни невистини.

Канабисот, доколку би се ставил во легална контрола, може да и стане пандан на сојата бидејќи сите органски материјали кои се произведуваат од сојата, може да се произведуваат и од канабис. Голем плус на канабисот во однос на сојата е што канабисот може да се употребува и за произведување на лекови, и општо да земе голема улога во медицината.
И одново точно.
Сепак,заплашувањето е преголемо за некои луѓе да ги прифатат овие работи.
Епа има некои сто само пробале, и не се навлекле на тоа, ама тие сто редовно пушат не можат после само на тоа да си останат, организмот им бара појака дрога и на крај хехе баш како што опишав едноставно е:smir:
Ај кажи ми,познаваш ли ти лично некој таков?
Ако има барем еден,тогаш не коментирам повеќе.
Многу ме нервираат лаици,што мислат дека знаат нешто за некоја тема.
 
Епа има некои сто само пробале, и не се навлекле на тоа, ама тие сто редовно пушат не можат после само на тоа да си останат, организмот им бара појака дрога и на крај хехе баш како што опишав едноставно е:smir:


Јас пушам ко ќе ми текне, и досега не сум осетила потреба за некоја потешка дрога, не знам од каде ти е оваа информација :toe:
Ти објаснаа убаво другите, да не се повторуваме. Ау колку се нервирам некој онака да си треси, без некој посебен доказ, или без да осетил на своја кожа.
 

Дали било кога сте чуле дека марихуаната предизвикува насилно однесување?
Не сум слушнал сум видел на дело. Ме стегна за врат сакаше да ме дави човекот.
 
Така се почнува прво со марихуана како најлесна дрога, па после се преоѓа на појака и појака и на крај труење од предозирање и смрт.

И во кафич или дискотека пијачката пред тебе да ти ја отвараат. Ставаат марихуана во пијачките :wink: така те навлекуваат да идеш кај нив во кафичот или дискотеката и постојано да ја пиеш таа пијачка, после тоа на суво ќе бараш дрога и ќе станеш ДРОГАШ.

Страшно, страшно

Не сум слушнал сум видел на дело. Ме стегна за врат сакаше да ме дави човекот.

Тој само лошо си се нафурал т.е. се глупирал, THCто спаѓа во дрогите downers што значи дека се спуштачки дроги т.е. не ти дигаат адреналин и крвен притисок како кокаинот и амфетаминот
 
Тој само лошо си се нафурал т.е. се глупирал, THCто спаѓа во дрогите downers што значи дека се спуштачки дроги т.е. не ти дигаат адреналин и крвен притисок како кокаинот и амфетаминот
Да те фати тебе некој така сериозно за врат ќе го немаше мислењето дека се глупирал, верувај ми. И остави дефиниција кревачи, спуштачи гледај мене на дело што ми се има случено.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom