"Шетајќи" по интернетов наидов на текст околу марихуаната и како делува на здравјето кај човекот. Еве го преведен, сметав дека му е местото на овој форум:
"ВЛИЈАНИЕ НА МОЗОКОТ
Активната состојка на канабисот многу брзо по консумирањето продира во крвта, потоа со крвта допира до сите органи па и до мозокот. Во мозокот ТХЦ се врзува со специфични канабиноидни рецептори, а најмногу такви рецептори се наоѓаат во делови на мозокот задолжени за памтење, размислување, концентрација, перцепција. Со други зборови, краткотрајни последици или ефекти од консумирањето на канабисот се: тешкотии во краткотрајното памтење, намалена способност за концентрација и учење, промена во перцепција на реалноста и тоа особено за времето (личноста има чувство дека времето врви поспоро), потоа пореметување на рамнотежата, а при земање поголемо количество канабис може да дојде до халуцинации. Што се однесува до влијанието на расположението и однесувањето, уживањето канабис предизвикува еуфорија, смеење без причина, но исто така може да предизвика напад на паника, а халуцинациите можат да бидат незгодни и застрашувачки.
Најновите истражувања покажаа дека долготрајната употреба на марихуаната создава промени во мозочните функции кои траат долго и откако личноста ќе престане да зема дрога, а слични им се на оние промени кои настануваат и при долготрајната употреба на другите опојни дроги. Можна е и појава на амотивациски синдром како сериозен недостаток на интерес и мотивација за било какви активности во животот.
ВЛИЈАНИЕ НА РЕСПИРАТОРНИОТ СИСТЕМ
Пушењето марихуана негативно влијае на респираторниот систем, менувајќи го ткивото на дишните патишта, кое може да доведе до пореметување на функцијата на плуќата и дишните патишта слично како и кај пушачите на цигари. Консумирачите се подложни на настинки, кашлица па и болести како хроничниот бронхитис. За разлика од тутунот, чадот на марихуаната содржи околу 50% повеќе канцерогени состојки и може да предизвика развој на тумор на дишните патишта, вратот и главата. Исто така, најверојатно поради начинот на пушење на марихуаната (пушачите на марихуана појако тргаат и повеќе време го задржуваат чадот во плуќата, а воедно тој не се филтрира), нејзините корисници внесуваат во организмот три до пет пати повеќе катран и јаглен моноксид од пушачите на цигари.
ВЛИЈАНИЕ НА КАРДИОВАСКУЛАРНИОТ СИСТЕМ
Доаѓа до убрзано работење на срцето (пулсот се забрзува за 20-50 отчукувања во минута) и зголемената потреба на срцето за кислород .
ВЛИЈАНИЕ НА РЕПРОДУКТИВНИОТ СИСТЕМ
Долгогодишното редовно консумирање марихуана, влијае на сексуалните и репродуктивните функции. Уживањето поголеми количини канабис предизвикува намалена сперматогенеза кај мажите, а кај жените може да предизвика пречка во овулацијата и прекин на менструација. Во секој случај, редовното земање канабис во подолг период, ја менува хормоналната рамнотежа на организмот што делува на плодноста, а се намалува или потполно исчезнува сексуалното задоволство."