Нема проблем ! Нели сакам да знам, треба и да кажам, така ли?

Јас еве веќе втора година студирам во Франција, лани се утепав од учење и фанав просек 12 и 13,5 во втор семестар, (тука оценките се од 0 до 20) и бев презадоволна оти со францускиот не бев нај-нај. За оваа година ќе видиме како ќе оде ! Иначе на почетокот ми беше многу тешко, не разбирав ништо и не можев никако да влезам у муабет со некој или да се умешам на часот, иако веќе во втор семестар се поопуштив, и сега добро е. Другo, тука има многу вежби и јас на почетокот додека да се снајдам со микроскопи и секакви апарати(инаку студирам биохемија и значи прв пат у животот сум видела такво нешто!) и се губев у просторот, цело време се плашев да не згрешам, и воопшто немав самодоверба. Материјалот, има и многу теорија ама со вежбите се е многу полесно. Има многу фини професори и во секој момент можиш да ги контактираш и да прашаш шо не ти е јасно. Предавањата се секогаш на видеобим и со Пауер Поинт секако ! И друго не ми текнува.....питајте нешто... и пред се кажите и кај вас како е. :helou: