Еј добро што спомна. Во врска со бирањето на твојата тема на истражување за тезата, дали се лабораториите и претпријатијата кои што нудат да речеме само одредени сфери кои тие би ги финансирале или ти, можиш да побараш финансии стриктно за твојата теза? Мислам дека го знам одговорот однапред, ама сепак...да се осигурам. Бирањето на тезата е малце комплицирано и зависи од повеќе фактори, според мене.
Во Франција, после Докторат, препорачливо и пожелно е да се оди во Америка (нели!) и да се праве таму Пост-Докторат (2 години) и дури после тоа те признават како прав научник и истражувач. И таму ли е така?
И дали знаеш како се котирани инженерите во Германија? Зошто тука после Биохемичарско Инженерско Школо си многу повреднат отколку со некое друго школо.
Фала многу!Чао :helou:
Види вака, не знам кај тебе какви ќе ти бидат вежбите, ама ко за почеток, во главни студии ние биолозите си бираме по три главни предмети и од тоа ќе зависи која ќе ти биде официјално насоката, и тука сме пофлексибилни него кај бечелор мастер системот. Како и да е во главни студии мораат да се направат три големи шестнеделни целодневни лабараториски вежби кои се воглавно на одделите на предметите кои ги имаш избрано. Некогаш се тие вежби однапред испланирани и и се прават групно, ама еве јас избрав генетика, биохемија и клеточна биологија и на секој од трите шестнеделни лабараториски вежби јас работев само под надзор на еден докторант, и воглавно тоа што го правев не беа некои многу пати повторени опити, туку бешеш чисто примена на стандарни молекуларнобиолошки методи кои се вежбаат со тоа што нив јас активно ги користев како алатки за испитувањата кои се вршат на тие оддели, односно со вежбите директно бев поврзан и работев на актуелни истражувања, и смислував нови начини или решенија за како некои работи би можеле да ги докажеме експериментално. Дополнително на тоа мораме да направиме и уште 2 шестнеделни лабараториски надвор од универзитетот, дали во некој институт или некоја фирма. Згора на тоа дипломската теза се прави на актуелна истражувачка тема и со оглед дека се прави најмалку 6 месеци се прави добар придонес до актуелното истражување и се има добри шанси да името на еден студент стои во научна публикација.
Кога твоето име ќе стои на научна публикација, тогаш ти си официјално со тапија истражувач и научник. А тоа може да биде и пред да ја завршиш дипломската или пред да ја земеш дипломата, ама пошто после диплома се прави докторат (нема врска во која држава го правиш туку на кој институт или на кој универзитет) кој трае околу 3 години, тогаш сигурно ќе направиш најамлку една публикација за твојата докторска теза така да истражувач односно научник стануваш во моментот кога ќе започнеш докторски студии.
Е сега може ти не си разбрала точно, но зависи ти во која насока сакаш да идеш и кои тие се можностите. На пример ти како што спомна студираш биохемија, со која диплома можеш веднаш да најдеш работа како лаборант односно биохемичар во некоја лабараторија, јас како официјално молекуларен биолог (иако студиите не ни се разликуваат не повеќе 10% од материјалот и практичното искуство) потешко би ме примиле, па затоа голем дел од биолозите идат на постдипломски односно докторираат, и како такви лесно наоѓаат места за водачи на истражувачки групи во некои лабаратории односно се надредени на дипломираните биохемичари.
Како и да е со тој докторат си само доктор на науки што ти е повеќе од доволно за да активно бидеш дела од научната и стражувачката дејност.
Е сега ако се стремиш кон позиција на професор на факултет, треба да фатиш пост-док место, да седиш уште едно 2 до 4 години, да направиш уште еден докторат со други зборови, и да држиш предавања за да можеш и да хабилитираш, е тек тогаш можеш да конкурираш за професорски места на факултети. Пост док исто така не е битно во која држава ќе го правиш туку на кој институт или универзитет.
Што се однесува до бирање на тезата за дипломска, обично се добиваат неколку проекти кои се дел од целокупното истражување на одделот каде сакаш да ја правиш дипломската.
За докторската е друга приказна бидејќи за докторат имаш избор да видиш кои институти на кои факултети или истражувачки центри со што се занимаваат, па од таму мжеш да решиш на кои би конкурирала за докторат.
Сега појасно ти е како функционира системот?
Само имај на ум со бечелорот односно првите три години ништо не правиш, бидејќи мојата Диплома по биологија е еквивалент на Мастерот, затоа и можам директно после дипломирање да идам на докторат. Само тоа зависи и од човекот, обично тие што се одлучиле за биоемија се обично се луѓе кои предимствено би завршиле со диплома односно мастер и би барале работа, додека биолозите се повеќе луше кои се наосечени повеќе кон истражувачка дејност бидејќи нема голема потреба од дипломирани биолози за класична работа. А кога веќе прават биолозите истражувачка работа, зошто од тоа што го истражуваат да не напишат и еден докторат. Така да немој да си претставуваш тоа докторатот и пост-докот кај тие што се бават со природни науки како нешто престиж, туку повеќе како нормален развој односно логична последица од самата струка.
А да и кажи ми на што студираш ти? На некое више школо, или на некој универзитет и ако си на некој универзитет на кој факултет односно дали си под медицина или си под природни науки, бидејќи биохемиски инжењер звучи малку смешно, бидејќи врти го сучи го има само биохемичари, биотехнолози и молекуларни биолози, кои во основа сите се инжењери колку што се и хемичарите инжењери.