Како си го замислувате сопствениот погреб

  • Креатор на темата Креатор на темата Toecutter
  • Време на започнување Време на започнување

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Веб-сајт
ygeneration99.blogspot.com
Дали и како си го замислувате сопственото последно испраќање? :vozbud:

Што мислите,има ли вистина во тврдењето кое кажува - најдобар начин да видиш на кои луѓе можеш да сметаш во животот се оние за кои си целосно сигурен дека во случај да се упокоиш ќе се појават на погребот,без разлика на се без изговори...

Интересно е да се види каква перцепција се има по ова прашање кое е табу и за кое не се зборува (фрст рул абаут фајт клаб,ако не зборуваш за тоа - тоа ќе си седи некаде настрана)...иако не ми се верува да постои човек кој не се фатил себеси некогаш во ваква помисла...

Јас на пример шо знам...нешто посебно галама знам дека нема да има,лица по службена должност (гробари) или техничари во креамториум...некако тивко и набрзина,понекој пес скитник или мачка наоколу...времето сончево накај горештина...залудно испратени музички желби (“и онака не може да чуе, го заборавив цедето некаде“) и тоа е тоа...

Како ја замислувате последната станица...?
 
Не верувам да има многу луѓе и се` си мислам ќе биде времето облачно и ќе врне дожд.
 
не сум размислувал на оваа тема, т.е. годините сеуште не ми дозволуваат да размислувам за ова, но сепак, како и на сите, така и на мене еден ден ке ме сместат 2 метра под земјата, каде што ке останам засекогаш... Верувам дека на денот на моето испраќање ке има многу тажни лица и многу солзи :'(
 
Чудно ама никад не сум мислел на оваа тема.:)
A у секој случај нејќам да бидам закопан у гроб.
На некое вакво место заедно со гаврани и мршојадци да го напуштам телото.
33450123_4924f47756.jpg
 
Мех... џабе ти е мислење кога друг ќе ти го смисли... и онака нема да може да се буниме како и да не украсат, инаку дупка... 2 метра длабочина, дожд за да е позаебано за публиката (ама па така нема да се продадат сите билети :() дрн дрн брн туп и ајт. Не верувам да плаче некој (плус нема да се сети во дождот)
 
Две работи знам само за сигурно,
1.кога ќе ме симнуваат доле ќе свират гајди(која песна ќе ја свират, не знам уште)
2. нема да се јаде пченица, пошто никад не сум ја сакал и не ме интересира дали е така редо или шо ти знам, сутлијаш ќе се јаде кај мене со големи лажици!!
 
Па органите ако се функционални ќе ги дам за пресадување и нема шо да ми закопаат.
И сите ќе плачат и ќе викаат е шоарен чоек беше :D
 
Пудинг Апо подобро е.

Ја не би да ме погребуваат. Нека ме кремираат и после ке им стојам ко украс на идните генерации, повремено ке бришат прашина од мојата урна, али не мора стално да е, да не им стварам обврска:pipi:
 
Ке оставам во тестаментот барање да ми ја истурат пепелта во планина во густа шума и ветерот да ме разнесува
 
Па органите ако се функционални ќе ги дам за пресадување и нема шо да ми закопаат.
И сите ќе плачат и ќе викаат е шоарен чоек беше :D

Ако има кој да плаче добар си...за мене изгледа ќе мора професионални тажачки (ако дозволува буџетот,ако не касетофонот...)
 
Ако им се слизне ковчегот аир нема да видат од мене МИЕ.
 
Ако има кој да плаче добар си...за мене изгледа ќе мора професионални тажачки (ако дозволува буџетот,ако не касетофонот...)
Ќе се снимаш сам од сега или ќе тркнеш до кај некои гласити баби?
Ако им се слизне ковчегот аир нема да видат од мене МИЕ.
Ќе ги прогонуваш на сон?
 
Само да не праат адети ќе им бидам благодарен...пари џабе џиткање...може колку за споменик ова она,ограда покрив такви ствари не ми требаат...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom