Самовила во македонските верувања е исто што и вила, и вилењак. Само разликата е во тоа што овие се имиња кои се користат во различни краеви и дијалекти. На пример, вилењак постои како збор и како поим (значи машка самовила) само во Мариовско, никаде на друго место.
Исто, многу е интересно што, покрај обичното верување дека самовилата носи добро и лошо, се верува во некои краишта и дека таа може да го полуди човекот. На пример, некаде самовилите ги викаат „мајки“ (и по селата за некој што полудел викаат „го зеле мајките“).
Инаку во мариовско имам слушнато дека има еден редок инсект (како нешто помеѓу пчела и пеперутка, само поголемо и поегзотично изгледа, го имам видено) кој се вика самовила и дека не смее да се допре и да се убива, оти ќе ти донесе несреќа в куќи. Плус, тој инсект ако постои неколку дена во куќата, тоа значи дека некој близок треба да умре.