Како се замислувате по 20 години?

  • Креатор на темата Креатор на темата kity_cat
  • Време на започнување Време на започнување
Во кафана,голема софра и цигара во раката.

Е драга моја, и јас така се замислував пред дваес години, и бидна така. Само, последниот дел од предвидувањето (обележено со црвено) ми го скењаа лошите чичковци.
 
Веза немам... а и не се замислувам. Арно ми е во сегашноста, за иднината ич не се секирам, самата ќе си дојде :toe:

п.с. Патрик Свејзи не ми е џабе на аватар :) само шо сум глумец подома, наместо на сцена.
 
Се замислувам некаде во Азија, Африка или Бразил, како силна жена со кариера, 2 дечиња, со одлепен маж :) што ко мене сака да оди секаде и да прави свашта, со многу пропатувани места во минатото и веселост и авантуризам на дете :)
 
Сега сум 24 значи коа ќе имам 44 ваљда женет со 2-3 деца,ќе бидам строго во смокинг и кошула колекционер на цвикера,саати и вратоврски се замислувам со малку побелена косичка онака секси :vozbud: плус дека сум висок,а и плави леќи планирам да ставам ваљда мед.сестри ке паѓаат по мене ако на сопругата ќе и смета :pos2:
 
Среќно мажена со љубовта на мојот живот, со два завршени факултети (медицина и политички науки), не работејќи ништо во врска со завршените факултети, живеејќи во малечко село во Холандија, во огромна куќа со фонтана, базен и тениско игралиште како и ботаничка градина која се наоѓа до плантажите со марихуана и ветерниците, со две деца на возраст 7 и 5 години, машко и женско, со многу пари во банка и McLaren SLR во гаражата... И тоа би било се.
 
sir_alex_ferguson___233570c.jpg


На кормилото на Јунајтед, заменувајќи го човеков. :pos2:
 
Охо =) уба темава ..

Работа: Магистер .. шо спрема докторат во меѓувреме... Со дружината работиме на некој голем локалитет и одгатнуваме некоја супер тешка загатка од минатото.

Друштво : Неколку добри пријатели.. одиме по концерти забави ..Некогаш можи и да подзаминиме на некое автостопирање или кампирање . Луди ...

Семејство: можеби омажена а можеби и не .. ама обавезно ќе си посвојам детенце . :smir:
Со стан во некој прометен и модерен град ... а и викендица во некое планинско место или покрај езеро не би било лошо . Не сакам нешто раскошно . нека биде мало и станот и викендицата .. само удобно да биде . :smir:
 
Да да, супер тема... Епа после 20 години се замислувам како човеков --->
jose-mourinho_799173c.jpg
:-) на кормилото на Интер... Женет, 2 деца (среќно женет и добар татко) и друго :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom