Оној кој го поминува детството неповреден никогаш нема да стане возрасен
Ќе стане, во еден момент од својот живот, ама веројатно тоа ќе му се случи подоцна отколку на оној кој бил принуден да учи од животната школа што во периодот на детството и не е така лесно да се поднесе.
Потешкотиите кои му се јавуваат, проблемите со кои мора да се соочува уште како дете, (и не мислам на секојдневни тинејџерски проблемчиња, туку на потешки проблеми кои не соодветствуваат со возраста на детето), ќе направат индивидуата да созрее побрзо во однос на своите врсници, затоа што било принудено да изнаоѓа зрели решенија и да се приспособува на потешки услови отколку што реално може да постигне.
Затоа таквото дете брзо ќе ги батали детските игри и ќе биде принудено да научи да размислува како возрасно, затоа што тоа од него го бараат животните ситуации.
Затоа побрзо ќе влезе во светот на возрасните во однос на дете кое е растено во нормални услови, со сите потребни нешта, родителска љубов и грижа, безгрижност, игривост и се тоа.
Но човек кој (цитирам) „никогаш нема да стане возрасен“, тоа нема да му се случи зошто го поминал детството неповреден, туку поверојатно зошто има проблеми со заостанат ментален развој. 40 годишен човек со константно инфантилно однесување мене на тоа ме асоцира.
