Како се станува возрасен?

Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Little Lady напиша:
Оној кој го поминува детството неповреден никогаш нема да стане возрасен
Дали мислите дека е ова точно? Факт е дека некои луѓе едноставно никогаш не пораснуваат, но дали тешкотиите низ детството, тинејџерството, допринесуваат или не? Дали е сосема обратно? Мирното детство да ни овозможи подлога за спознавање на светот и со тоа да влеземе лесно во светот на возрасните... М?
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Оној кој го поминува детството неповреден никогаш нема да стане возрасен
Ќе стане, во еден момент од својот живот, ама веројатно тоа ќе му се случи подоцна отколку на оној кој бил принуден да учи од животната школа што во периодот на детството и не е така лесно да се поднесе.

Потешкотиите кои му се јавуваат, проблемите со кои мора да се соочува уште како дете, (и не мислам на секојдневни тинејџерски проблемчиња, туку на потешки проблеми кои не соодветствуваат со возраста на детето), ќе направат индивидуата да созрее побрзо во однос на своите врсници, затоа што било принудено да изнаоѓа зрели решенија и да се приспособува на потешки услови отколку што реално може да постигне.
Затоа таквото дете брзо ќе ги батали детските игри и ќе биде принудено да научи да размислува како возрасно, затоа што тоа од него го бараат животните ситуации.

Затоа побрзо ќе влезе во светот на возрасните во однос на дете кое е растено во нормални услови, со сите потребни нешта, родителска љубов и грижа, безгрижност, игривост и се тоа.

Но човек кој (цитирам) „никогаш нема да стане возрасен“, тоа нема да му се случи зошто го поминал детството неповреден, туку поверојатно зошто има проблеми со заостанат ментален развој. 40 годишен човек со константно инфантилно однесување мене на тоа ме асоцира. :toe:
 

rkalo88

Били Талентиран
Член од
26 август 2008
Мислења
33
Поени од реакции
0
Возрасни сме кога самите себе и повеќето луѓе околу нас ќе не сметаат за созреани . Мое мислење ... вие ?
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
da tocno e toa treba da se izgoris za da sozrees i da svatis deka na svetov nema milost, tuku i nesto drugo, za da stanes vozrasen potrebno e sam da si go zarabotuvas lebot, znaci da si finansiski nezavisen inaku ko sto se veli civ leb jades negova pesna pees, no za toa ovaa nasa drzava ne sozdala uslovi kakvi sto im se nudat na lugeto vo zapadnite opstestva i vo taa smisla celo nase opsstestvo to est drzavata ne e zrela za da ovozmozi takvi pogodnosti, na primer da imas dobro platena rabota, da mozes da kupis na kredit svoj stan i t n, inaku vaka kolku i da si star ako te izdrzuva nekoj drug, pak ne si vozrasen nego ko dete te cuva drug i zavisis od negovata dobra volja i milost, a nema poponizuvacko cuvstvo zdrav covek da ne moze da najde rabota spored svoite potencijali, kvaliteti i obrazovanie, a za toa ke potenciram vinovna e drzavata i vlasta bidejki ne moze da gi ovozmozi onie uslovi koi gi imaat lugeto vo razvienite zapadni zemji.Znaci kolku i da si star bioloski emotivno ne si vozrasen koga znaes deka te izdrzuva nekoj drug, zatoa sto toj ziveel vo nekoe podobro vreme so jak standard pa dosol do stan, penzija i slicno i uste ako ti soli pamet kako si mrzliv i ne te biva toa e da poludis. kako da se bide vozrasen bez razlika na godinite koga drzavata ne nudi rabotni mesta i dostoinstvena zarabotuvacka za da se pocuvstvuvas kako svoj covek zrel i vozrasen.
 

Quark

brr,brr...zbrc
Член од
12 март 2008
Мислења
3.489
Поени од реакции
156
Dete koe sto vo najmala raka barem ednas vo zivotot ne uspeal da gi kupi onie Nike patiki koi mu se dopadnale.... tesko deka ke go bide nekad ( isklucoci postojat sekako :))
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Зарем има некој кој на никаков начин нема да е повреден... кога и да е?
љубов, семејство, школо, работа, упм...
јас не планирам да „пораснам“ барем не во душава, убаво ми е да си бидам дете...:poss:
сепак, кога треба да се биде сериозен не ми е проблем да се свртам за 180 степени...
инаку ворасен се станува според нашиот ни закон со 18-от роденден...
вистински возрасен... хммм... во право сте, само не баш така, повреден, туку кога ќе почнат да му се случуваат посериозни работи, кога ќе треба да почне да носи големи одлуки, кога ќе му падне плафонот...
така нешо...
или пак кога 15-годишно девојче ќе треба да гледа дете :nesum:
 

Antagonist

Systematic Victory
Член од
7 април 2007
Мислења
842
Поени од реакции
41
Ќе чекаш да пораснеш!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Веројатно зборот ВОЗРАСЕН има врска со ВОЗРАСТА а не со паметот.
Да се биде возрасен незначи да се биде паметен , мудар , искусен , што и да е.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Без разлика на годините се зависи од животот и она што тој ни го носи порано или подоцна секој од нас ќе порасне.Оние препреки што ги поминуваш, од кои секогаш излегуваш попаметен и позрел можат само да придонесат побрзо да созрееш побрзо да пораснеш во овој случај и оној што имал безгрижно мирно детство сигурно покасно ќе се соочи со некој потешкотии со некој одлуки кои ќе влијаат комплетно на него како на личност и ќе му помогнат да порасне.Се зависи од начинот на животот барем според мене.
 

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
535
Па со тек на време :toe: , па јас во последно време сум се осетил повозрасен :tapp: ко да сум прошол све у децвото па сеа на нешо поголемо :tapp: не знам самоит во себе се чуствувам таке со тек на време не дака некој ме непраел или сум влезен у некој филм :nesum:
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Ќе чекаш да пораснеш!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Веројатно зборот ВОЗРАСЕН има врска со ВОЗРАСТА а не со паметот.
Да се биде возрасен незначи да се биде паметен , мудар , искусен , што и да е.
Точно, зборот возрасен се однесува на возраст, а се појавил како соодветен аналог на глобалниот степен на развиен мозок (како метафорички термин, не како збор) за одредена личност во корелација со нејзината возраст. Ако апсолутно веруваш во напишаното, тогаш и бебе од 2 дена ќе е возрасно бидејќи има возраст (2 дена, на пример).

Затоа, не смееме да ги изедначуваме термините возраст и возрасен во преносно значење - причините се насекаде околу нас.

По темата: Оној кој го поминал детството под стаклено ѕвоно, нема да порасне никогаш - што е една од полошите грешки кои знаат да ги направат родителите, под изговори како грижа, заштитување и страв, кои ја затскриваат вистинската особина: control freak, поради која ќе се појави Ѕвоното кај младичот, и ќе го прати до крај на живот - фактички претворајќи го во незрел, уплашен и "незаштитен - на улица" човек.

Наравоучение: еден дек кога ќе сме родители сите ние, да мислиме 10 пати пред да носиме одлука во вркса со иднината на децата, која нема да им попречи да одговорат на законската норма да со 18 полни години се стекнат со назив Полнолетен и се што тој термин значи.
 
Член од
20 август 2007
Мислења
2.252
Поени од реакции
312
Ovde sega moze da se razraboti i druga tema (podtema) malce socijalno-politicka.
Vaka: Normata i regulativata veli deka sekoj shto ima napolneto 18god. se smeta za vozrasen i polnoleten,taka? Koj e toj mladich shto so svoi navrsheni 18 god. moze da se samofinansira da se oddeli od semejstvoto ili ednostavno da si pochni svoj samostoen zivot.Pretpostavuvam nikoj ili procentualno zemeno 2-3% od cela 18godishna populacija.Znachi zivotot kako zivot i opshtestvoto ne ti dava da sozreesh i da bidesh na nekoj nachin samostalen i sam da si terash kako poedinec,a ne da bidesh potkrepen od semejstvoto i red drugi raboti.Tuka se zema vo predvid vospituvanjeto i cuvstvoto na samodoverba deka: TEORETSKI!!! "......Jas navrshiv 18 god. i sega mozam sam da se grizam za sebe,sam da si obezbedam parche leb,sam da si najdam sopstveno zivealishte sam da se grizam za site ponatamoshni problemi i soocuvanja so ekakov vid na finansisko egzistencionalni soochuvanja.....".

Mislam deka ke moze da debatirame vo sklop na temava i vo ovaj pravec na zrelost i vozrasnost :smir:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Ovde sega moze da se razraboti i druga tema (podtema) malce socijalno-politicka.
Vaka: Normata i regulativata veli deka sekoj shto ima napolneto 18god. se smeta za vozrasen i polnoleten,taka? Koj e toj mladich shto so svoi navrsheni 18 god. moze da se samofinansira da se oddeli od semejstvoto ili ednostavno da si pochni svoj samostoen zivot.Pretpostavuvam nikoj ili procentualno zemeno 2-3% od cela 18godishna populacija.Znachi zivotot kako zivot i opshtestvoto ne ti dava da sozreesh i da bidesh na nekoj nachin samostalen i sam da si terash kako poedinec,a ne da bidesh potkrepen od semejstvoto i red drugi raboti.Tuka se zema vo predvid vospituvanjeto i cuvstvoto na samodoverba deka: TEORETSKI!!! "......Jas navrshiv 18 god. i sega mozam sam da se grizam za sebe,sam da si obezbedam parche leb,sam da si najdam sopstveno zivealishte sam da se grizam za site ponatamoshni problemi i soocuvanja so ekakov vid na finansisko egzistencionalni soochuvanja.....".

Mislam deka ke moze da debatirame vo sklop na temava i vo ovaj pravec na zrelost i vozrasnost :smir:
:shok:
Што збориш бе сине? Практично 18 години се многу години. Децата ширум светот учат да бидат возрасни од својта 13 година кога почнуваат да подработуваат тука или таму. На 18 веќе се спремни да се одделат од семејството и да живеат одговорно. Паралелно да студираат и работат. За кога ќе ја поминат 21вата и официјално во некои земји смеат да конзумираат алкохол, да не се мисли општеството дали се зрели или не зрели.

Тоа што кај нас нема услови за возрасните да работат а не па децата е друг проблем.
И тоа е дел од проблемот инаку, веројатно таа мака, потешкотија во работата, превземање одговорност, наоѓање начин за плаќање на своите долгови се дел од работите кои не тераат да станеме возрасни. Многу е лесно ако овие нешта ги минеме на своите 18, потоа ни изгледаат смешни. Но ако наеднаш се појават на 30, тогаш ние ќе изгледаме смешни, кога во пошта нема да знаеме ни како се плаќа сметката.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Со тоа што ќе научиме дека за се, ама буквално за се, треба да си платиме цена, денес или утре.
И дека цената ќе биде десет пати повсока ако кршиме нешта кои не се наши.
 

*LittLe heart*

*најубави очи-ЗЕЛЕНИ*
Член од
14 јануари 2008
Мислења
751
Поени од реакции
289
Колку и да сакаш да останеш дете онака во душата, па незнам какво детство да имаш, некои одлуки кои те чекаат во животот мора да те спуштат цврсто на земја и да те принудат да бидеш возрасен.Сите сме присилени да ја прифатиме нашата одговорност како возрасни(со навршени 18 години).И да имаш прекрасно детство да ти било дозволено стварно да бидеш дете, и тоа мора во еден момент да заврши да го оставиш зад себе и само на моменти и во некои ситуации да се однесуваш детски, но сепак да знаеш дека си возрасен и дека тоа е само имагинарен момент во ситуацијата:pipi:
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
Возрасен се станува кога ќе станеш одговорен за себе а уште кога ќе дојде фамилија , одеднаш без разлика на годините ќе станеш возрасен .Се омажив на 19 години а родив на 20 . Маж ми отиде во војска јас сама излегов од болница со свекрва ми и мајка ми . почнав да работам, и му праќав пари во војска , што да ви кажам остарев на 20 год ,со обврски и сите др. пропратни нешта . Затоа мислам дека одговорноста не прави да станеме возрасни.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom