Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
 се знае, со дрзок само дрско и обратно со тие што се фини уште пофина сум 
Со дрски сум многу дрска и никогаш не сум можела да сфатам како мнозинството се покорува и повеќе почитува дрски наспроти фини и културни личностисе знае, со дрзок само дрско и обратно со тие што се фини уште пофина сум
![]()

Проститалукот деновиве во моето опкружување е на највисоко ниво и се повеке се сретнувам со ненадејни прашања од типот колку плата имате ? а како успеа девојка ти да се вработи без врски? а што планираш во животот? по дома што правиш ? едноставно нема дијалог туку само прашања и одговори кои се одвиваат само во еден правец. Упорно ги избегавам тие средовечни фаци околу мене па кога ке налетам на нив брзаат да ме распрашаат како на распит БЕЗ ТРОНКА ОСЕТ незнам како да ви ја пренесам дрскоста и безобразието. Еднаш ми текна да му вратам со ист вид прашања на еден таков што ми се тупна дома и не издржа 2 прашања, откако се направи набудала дека не ме чул му ги повторив пак културно стана и си отиде зашто битието не му дозволи да сподели обична информација за неговите синови...
Споделете ваши искуства како реагирате на вакви луѓе кои сепак се постари и јас лично неможам да се спуштам на нивното ниво и да бидам безобразен.