Како се справувате со дрскоста?

  • Креатор на темата Креатор на темата Геврек
  • Време на започнување Време на започнување
Се трудам да ја сменам темата на разговор доколку не ми успее,или почнувам да не одговарам со надеж дека ќе престанат што поскоро или се повлекувам (бегам од такви личности)
Треба да поработам на сарказмот :unsure:
 
Камен со камен се враќа :D ама мојот е поголем :)
Колку плата земаш? Па зеам многу, зависи ситуација, а ти колата на кредит ја купи? :)
 
Имам среќа не налетувам на такви :нинџ:
 
Една од работите што ги мразам е простаклакот!
Не можам да се справам со такви луѓе. Прво ширам очи, зашто не ми се верува дека некој со кого сум на „здраво“ почнува да ми ги вади цревата и да ме испрашува, се трудам со неутрални одговори да му укажам дека не е наместо тоа шо го зборува, ама кога не престанува, му одбрусувам.
Бидејќи сум многу фина, луѓето не се навикнати на таква реакција од моја страна, па после тоа престануваат да ми прават муабет, обично за сва времена. :pipi:
 
Мене искрено многу тешко ми паѓа кога ќе ми ја шлапнат вистината и реалноста во лице со вакви прашања.Последниот пат кога ме праша една комшика на баба ми:''А кога ќе се омажиш?'' се сепнав,истрчав до дома,си го пуштив тушот и така сосе облека седев под ладна вода и си ја мавав главата од плочките.После тоа станав,се пресоблеков,лапнав една рака лексилиум,го земав телефонот,му се јавив на дечко и му се раздрав зошто не ме побарал за жена досега,срамота е луѓето зборуваат како животот ми е уништен и не ме бива ни за нечија снаа да бидам.Секојпат оттогаш и кога читам Семе Синапово плачам.
Не се будалете,игнор и толку.Ќе се замарам што таму некоја теткица или чиче мисли за мене. :)
 
Па во глобала сум доста фина и културна кон луѓето.

Но, не трпам ич замарања од никаков вид и затоа кога е некој дрзок, јас сум уште повеќе и не ни ми е во план да го оставам така. А ваљда и на чело ми пишува - не ме замарај, па ретко се погодува некој да ми ја тестира финоќата.
 
Ќе му се исмеам у фаца:vozbud:(иако вриштам од бес у себе)
 
Уствари грешка сум бил :oops:. Сега ми текна една случка баш за на темава. :D

Седум часот насабајле идам накај Скопје со комбе имав резервирано место ама испадна дека за џабе било тоа и морав да стојам. Пошто комбето е ниско(или јас сум висок?) морав поднаведнат да стојам и си викам ок не е страшно ќе помине.

Во моментот атмосферата беше луѓево сите поспани со едвај очи отворени(многу нормално 7 часот насабајле беше) само една баба енергична почна да плука како се нечинело(стандард муабет во наше време) како во нивно време се било подобро,а денес се нечинело и почна по ред за владата и се останато да зборува(како ние да не знаеме каква ни е ситуацијата).

И и дојде идеја по студентите да плука(не дека не беше во право донекаде вистина си збореше само не беше ниту време ниту место за таков муабет).

Па ми се обрати мене (една столица пред неа стоев) и онака и одговарав од култура. Стандард муабет кој си/од кај си/ што учиш. И покрај што плукаше по студентите почна и по професијата да ми плука. (Според неа за да развиваш софтвер биле потребни фабрики :pos: )

Од овој момент почна да тропа еден куп глупости и очигледно немаше појма за што зборува кои бев приморан да ги слушам и да климнувам со главата пошто немаше кај да бегам. :place:

Во глобала жената немаше осет за оние околу неа(можеби годините влијаат на тој дел од мозокот?) на сите им се спиеше и претпоставувам никој не сакаше да слуша bullshit рано насабајле.
Имав чувство дека во секој момент ќе стане некој и ќе ја заќути :pos:

После оваа кратка авантура(читај 90 ина минути) сфатив дека прагот на трпеливост ми бил ептен висок(сеуште не сум баш сигурен дали е дарба или клетва оваа способност)

П.С Некои детали беа намерно изоставени.(Не сум сигурен дали е дозволено на форумов толку глупости на едно место да испишам :icon_lol: )
 
Со дрскоста неможеш да се справиш , можеш само да попуштиш.
 
Сарказам - Најдобар начин да му ја затвориш устата на идиот.


Очигледно не многу добар сарказам. Штом идиот го препознава и аутомацки му се затвара устата.
 
Немам желба за понатамошна дискусија.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom