Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Микикец... кој ти го набил спасувачкиот комплекс?
Веќе се спасиле, со тоа што се надвор од цркава. Како ќе се спасиш ти, што попуваш за црква???Ц, ц,ц....
Не ја валкајте темата, а прашањето веќе е поставено: како се спасуваат луѓето кои се надвор од Црквата, покрај веќе наведените два начини?
Од што да се спасуваме?од учење?-едноставно фаќам книга и учам прашував у црква ама слабо разбираат електроника, се молев ама пак не ми дојде знаење.
Мики не тој од 76та, дали оние верници на кои едино нешто што им фали(значи ги вршат сите свети тајни,адети како сакаш) е иницијација во свештенство ќе бидат спасени?
епа вака...Прочитај го уште еднаш моето прашање од воведниот пост: на темава, јас поставив прашање и очекувам одговори, т.е. не прифаќам прашања до мене лично. Тоа може на друга тема.
Добро бе Мики, татко ти поп е па не ги почитуваш ваквите мислења? И да е поп пак треба да ги почитуваш и да не бидеш толку "брутален". Демократска држава сме, секој има право да го каже тоа што го мисли, е сега ако не ти се допаѓа туѓото мислење барем кажи на друг начин а не со навредување, значи сите што сме атеисти и реално глеаме на работите сме од Бардовци излезени и треба да не сместат во некоја група специјални форумски случаи. А тоа погоре што го спомнав не го спомнав тукутака ами си има причина за тоа. Кога дедоми бил дете го ставиле клисар во црквата, незнам што пост било и требало да го викне попот. И он кога отишол кај попот право се бапнал внатре без да тропне (нели нецивилизиран народ) и го видол попот како јаде кајгана со колбаси.........
Хмммм, ќе морам да Ти отворам специјална тема-за специјални форумски случаи.
Штовано пучанство,
бидејќи на форумов се изначитав произволни критики упатени до и кон Црквата, а од страна на самонаречените христијани, ја започнувам ова тема со цел да дознаам или дознаеме, на кој начин(и) се спасуваат оние кои за себе велат дека се христијани, а истовремено се надвор од Црквата и имаат полни усти плунка упатена кон истата.
Сега-за сега, познати се дури две работи:
- самонаречените христијани „..не прават тоа што го прават православните...„ (што може да значи и дека не прават ништо, нели...) и
- самонаречените христијани, ја проучуваат Библијата (демек, досега никој во Црквата не се сети да ја проучи).
Што е трето, четврто и тн. на патот кон Вашето/нивното спасение?
Што е трето, четврто и тн. на патот кон Вашето/нивното спасение?
Таму каде што двајца се молат во Мое име, таму сум и Јас. - вели Исус. Значи, црквата не е институција, црква се најмалку двајца кои веруваат во Исус, како нивен спасител, во Неговите начела. Најпосле, Бог ќе каже дали ќе се спасат или не, а не некоја институција што со столетија крои политики, прави војни, кубури со држави, итн. (секоја чест до исклучоци)Штовано пучанство,