Како се ослободувате од негативната енергија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Трчање на кеј ми е најдобра и најефективна терапија до сега и затоа таа ја практикувам.

Абе ти да не беше таа легендата што трча на кеј секој ден по 60 километри?
 
Абе ти да не беше таа легендата што трча на кеј секој ден по 60 километри?

Леле до толку ли ми прошириле приказниве сеа и секој ден ме направиле дека трчам 60. Ако беше за секој ден на вести ќе ме имаше спортски со еден куп златни. Еднаш беше тоа
 
Со добри луѓе кој ме разбираат тотално, со искачање, со дружење, со возење точак, со добар секс и со добар одмор :pipi:
 
Па најчесто пуштам гласна музика, легнувам на сред соба и се убивам од плачење! :)
Но подобар начин е..зимаш мобилниот,пушташ музиче и одиш на Кеј на партија трчање :)
 
викам најгласно што можам и пуштам музика до даска
 
Најчесто одам да играм фудбал и кошарка и трчам како луд , ако ме мрзи Боб Марли пуштам и легам у кревет и се смируем
 
Death Metal... Во последно време најмногу нешто наше *Sanatorium*!

И секако... Пливање! : )
 
се занимавам со нешто цел ден, шо да е ...
 
Фино си земам пиштол и во стрелачки клуб помага многу верувајте.
 
Не ми текнуват други начини, ама најного со игране фудбал. Се дерам ненормално, пискам, трчам, се борам, се инатам и тва најдоброто, испалувам некој шут од далеко, чувството коо постигнувам гол со некој јак шут од далеко е ненормално, ме држе ного време, ме мотивира, ме јакне, ме ослободува толко шо ми иде да свршам. Постојат ного такви убави моменти на кои се потсеќам и ме ослободуват потполно (ако не сам играл фудбал 3-4 дена). Чувството коо губам на фудбал па се заинатувам, се нервирам, трчам как луд за секоја топка и правам пресврт, на краајта е НЕЗАМИСЛИВО, се ослободувам од ного негативна енерија... всушност и тва е мојта љубов... :)
 
Обично си ја пуштам музиката шо си ја слушам на тивко и пробвам да се опуштам и да заспијам. И тоа ќе се случи, но ако некој ме разбуди во тој момент, тогаш тешко него, ни музика ни ништо, тој ќе е тој на кого ке ја истурам цела нервоза :).
 
Одам на биоенергија, можеби за некои скептици е смешно но помага.
Не се работи ни за пласибо ефект и ништо слишно, едноставно функционира. А од останатите секојдневни методи мислам дека тука сите сме исти, музика, филмче, книга, цигара, ако имаш редовен извор на екс тоа е одличен начин за неутрализирање на негативна енергија.
Исто така во последно време се обидувам со нешто ново, тоест воопшто не прифаќање на негативните работи, тоест да бидеш посмирен и во потполна контрола со самиот себе, ова се веќе методи на напредна медитација...ама јас го правам чисто ради занимација :) еј ова беше раперски хаха!
 
се туширам и одма се чувствувам ко преродена ............. ослободена од секаква негативна енергија
 
Koga imam negativna energija , razgovaram so moite drugarki ( posho imam poveke verba vo devojche od kolku vo mashko) i taka polesno mi e ili pak ke si se iznaplacham i taka..
 
На планина, се дерам колку што можам, :vozbud: медитирам...или пак пијам разни видови на чаеви, со пуштен амбиент/чил аут во позадина.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom