Како се ослободувате од негативната енергија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Не треба да се ослободуваш од негативна енергија.
И не можеш и да сакаш , али затоа можеш да ја трансформираш.
Кога ке почнеш да ги контролираш енергиите страшна работа се случува со човекот.
 
На многу начини ...трчам покрај езеро и си шмекам типчиња што исто така моментално трчаат :)) некогаш се ослободував мавајки во празна перница применувајки некои подзаборавени карате техники, .....друг начин ке се поднапијам малку петок и сабота и супер ми е не давам критики ни за музика ни за ништо...:) тогаш другите јадат за мене.:Р
 
Порано ги лупав перниците од ѕид. Сега слушам музика, пишувам текстови (не дека се Бог знае што, ама ми помагаат да ја исфрлам негативната енергија) или излагам сама од дома си се шетам и си седнувам сама на кафе. И на крај краева си плачам. Тоа секогаш помага.
 
Зависи. Некад сум даун, некад kick the cat syndrome.
 
со цепење дрва... пробајте помага..
 
Одам на утакмица,таму се извикам,издерам едно убаво.И после како ништо да не се десило,како нов сум
 
Не треба да се ослободуваш од негативна енергија.
И не можеш и да сакаш , али затоа можеш да ја трансформираш.
Кога ке почнеш да ги контролираш енергиите страшна работа се случува со човекот.

Ај кажи ја магијава...
 
Не знам да се ослободам од негативната енергија, само си ја таложам во себе додека еден ден не пукнам....
 
Најчесто земам пенкало и тетратка и пишувам, без посебно да размислувам шо ќе напишам... Едноставно ја трансформирам негативната енергија во зборови... И ми олеснува :)
 
најчесто боксерската вреќа крка многу ќотек....
 
Најчесто земам пенкало и тетратка и пишувам, без посебно да размислувам шо ќе напишам... Едноставно ја трансформирам негативната енергија во зборови... И ми олеснува :)

некогаш и тоа ... не само што ја исфрлаш твојата негативна енергија туку се раѓа и ново дело.:smir:
 
некогаш и тоа ... не само што ја исфрлаш твојата негативна енергија туку се раѓа и ново дело.:smir:

точно :) продуктивно користење на негативната енергија :smir: Замислете колку би бил поразличен светот кога негативната енергија не би ја употребувале за правење уште поголеми лошотии. Треба да се пронајде начин да се канализира во добри и позитивни нешта :D
Малце звучам како хипик :pipi:
 
Музика, вежбање, трчање, пишување, истурање на погрешна личност :)) и така
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom