Како се ослободувате од негативната енергија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Најчесто преку гледање на некој комичен филм или серија (во последно време тоа се "Friends"), читање на вицеви, со еден збор смеење.
А физичка активност не практикувам во такви моменти, повеќе сакам да бидам сама додека ми помине првичната нервоза, па после со поблиските луѓе кои знаат да ме развеселат, а дури потоа можам да излезам на прошетка или трчање на чист воздух
А универзален најефикасен начин за ослободување на негативната енергија нема, за кого како:toe:
 
Навистина добра тема ... Иначе од негативната енергија се ослободувам единствено со слушање на музика...така ги празнам батериите :)
 
дефинитивно само со спортска активност. сум пробал со музика и со филм ама не ми делува туку само го гледам филмот и размислувам за другото. а ако земам да отидам на водно до крст од полициската станица за еден саат или некоја минута плус вечерта ќе заспијам како бебе:pos2:.
 
Мавам нешто (многу е добро) или некоја напорна физичка активност
 
Негативна вишок каква и да беше ја истурав на утакмици, душевно преродување после саат време адреналин и нервози се осеќав топ до наредно коло години наназад.
Сеа тога више нема, па принуден сум да правам ситна количина склекови за истурање бес како истиот не би го истурил врз некој ни крив ни дужен како сељак некој.
 
Коа имам голема доза на негативна енергија во мене не трае подолго од 10 секунди бидејќи најчесто ми поминува во мрзеливост и рамнодушност на се околу мене и затоа не се ослободувам на кој било начин (физички или психички) бидејќи самиот си се советувам да се смирам. Што и да е негативно лошо е и во мене и надвор прикажано па најдобро е да се трансформира макар и досаден да бидам на околината.
 
Идам у шетња низ маало, па макар и сам..Коа сум нервозен си ги средувам стварите у глава цакум пакум..некад идам на џокац, зависи за каква ствар се работи..Некад пуштам 1200micrograms до даска и легнувам да спијам..Некад рокам Соулфлај и затварам очи...тако даље и тако даље..
А коа сум гневен, ух, коа сум гневен пичка сум да признаам дека плачам..
Не плачам од болка и од нервоза, ама од гнев..ух -.- здивувам..ко шо сум тогаш агресивен никад не сум -.-
 
Ја пуштам Exile од Slayer и ко нов чуек одма.


Секс е песнава :sekss:
 
Се полнам со позитивна :helou:
 
Палам патиките и шетам ко акнат некој сам,неќам тогаш да бидам меѓу цивилизација да не кажам нешо шо нетреба па после да лижам кај шо сум плукнал.А и доста ефективен метод е идеш до 7 мица рокаш еден сендвич и кока кола легнуваш у кревет зимаш книга и заспиваш под хитно.За фала богу ретко имам негативна енергија:helou:
 
Што правам? Рокам музика во соба. Нешто као Франц Лист, Бах, U2.... И исклучително лежење на паркет со глава на перница. Ова зборам ако некој ми го има избедирано денот до максимум.
Инаку ако осеќам дека денот оди кон лошо постепено, (некои црни мисли ме фаќаат поради глупи спомени) отварам книга. И тоа исклучиво некој кримиќ или трилер.
 
Плачам онака солидно, квалитетно, достатно, обемно, додека не си ја разлеам шминката до крај комплетно. Потоа сум спремна за влажни марамици и ново шминкање. Ова се случува воглавно во пмс. Друга работа за празнење од негативна енергија-пишување на текст.Метафорично-мистичен. Откако ќе го видам напишаното и откако естетски и емоционално ќе кореспондира со моите очекувања, се чувствувам многу подобро и сум среќна. За разлика од останати луѓе, не сум тип на човек што може да излезе во град, да се начука ко сателит и да заборави на се... Најнапред ми е потребна синтеза на самата себе и моите мисли и чувства.
 
oдам на кеј, се возам со ролери или трчам и кога ќе дојам дома ми е мнооогу по убаво и немам веќе негативна енергија :baeh:
 
Ако има да одам некаде да се истрчам да испотам онака ко бесен да се понашам тогаш арно ако не ако сум дома на пример а морам моментално да се изрелаксирам играм кантер (можеби е смешно ама ми помага):toe:
Има и една друга варијанта што помага ....ама ..нема смисла..

E koja e taa so nema smisla....????? Kazi ja nekako pointeresna mi deluva...? ili ne a?
 
Пцујам саат време , некогаш во себе , некогаш надвор од себе, на глас.
Како и да е , после 3 саата најчесто ја нема. А има и такви денови каде што би уништил се што ми се најде на пат , па дури и себе си .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom