Kако самите да си направите light box?

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Веб-сајт
www.kajgana.com
За фотографирање на предмети и макрофотографија не ви е потребно скапо осветлување, може да се пројде и со неколку светилки. Типов навистина добро се снашол. Што употребува и како го направил, како и примери од фотографиите направени во лајт боксот, погледнете на линков.
 
domatisemafor2copy.jpg


eve fotografija od mojata light box :)
 
прашање: дали се слика со блиц во оваа light box
 
Без блиц , има доволно светлина еве гледаш и на мојата фотографија, доволно е осветлено.
 
Јас си направив
250 денари, саат од вашето слободно време, бонсек, лепаче и фломастер е се што ви треба. Слики после
 
Истиве материјали ги користевте за правење на рамката или се снајдовте поинаку??Каде можат да се набават такви ногарки,штрафови...?
 
Истиве материјали ги користевте за правење на рамката или се снајдовте поинаку??Каде можат да се набават такви ногарки,штрафови...?
Јас почнав ама никако да го довршам мојот лајт бокс:) Иначе не го правев според шемава туку имам една мала стара масичка ставив бел чаршав и ми фалат уште пари да купам осветлување т.е. не куца толку до парите мање више е до мрзата што ме држи да отидам до некоја продавница:pos:. Така да немора да се држиш до шемата за лајт бокс, сепак не е некоја голема филозофија
 
Секако не е некоја филозофија само ме интересираше дали тие што имаат направено се придржувале кон даденава шема или пак имаат други идеи и друг начин на правење.
 
може да се искористат лед диоди во разни бои ? пошто ке правам лајт бокс за викендов па нека каже некој ако има искуство со светла во разни бои.
 
А што користевте за дифузија (разгранување) на светлината? Чаршафи? Ако е тоа вашиот избран материјал, вие сте во ГОООЛЕМА загуба на светлината. Еве еден корисен предлог: Отидете до најблиската книжарница и прашајте дали има "ПАОС". Инаку тоа е еден вид хартија која наликува на "заматено парче пластичен лист" и истиот чини 23 денари од А3 формат (барем во Гевгелија е толку) и е беспрекорен материјал за дифузија на светлото со 0% загуба на преминувањето на светлината, а доколку користете чаршафи и некои слични платна кје треба да користите многу појаки светилки.

П.С. Не ставајте моќни рефлектори до материјалот кој го користете за дифузија на светлото да не дојде до несани последици (пожар и цл.) :salut:
 
може да се искористат лед диоди во разни бои ? пошто ке правам лајт бокс за викендов па нека каже некој ако има искуство со светла во разни бои.
А ти што ќе правиш дискотека или лајтбокс? Во лајтбоксот се слика без блиц така да фотките треба да ти бидат нормални т.е. онакви какви што се предметите. LE диодите ем имаат слаба светлина ем фотките ќе ти бидат ко ѕидови на детска градинка....ќе си земеш светло ко што треба:wink: најпаметно ти е тоа
 
Мојата кошташе 95 денара без светло. 3 табли стиропор со дебелина 2, ги сечеш за да направиш коцка и ги спојуваш со спајалици. Ја отвараш спајалицата на 3 нивоа и само ја боцнуваш низ таблите. И имаш 5страна коцка. Сликам со блиц во нејзе бидејки треба да купам уште 2 рефлектора. Стиропор имате во хубо. Сликам со два блица, fl-36 ми е монтиран на апаратот а fl-50 седи доле и е сихноризиран со другиот. Со два рефлектора ќе дојде сигурно боље, само пазете со рефлекторите, греат многу.
 
Јас денес си направив од стакло мат бело и неверојатно добро ја пропуста светлина, норамлно коста повеке отколку од картон и чаршав, ама е неверојатна.
Ке закацам и јас слики подоцна. Поздрав!:helou:
 
За дифузно светло може да помогне и обичен бел чадор за дожд . Треба само да се снајдете да го прицврстите за стативот на рефлекторот . Прави одлична дифузија , а и го намалувате ризикот од пожар . Проверено .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom