Како природно се добиваат килограми?

  • Креатор на темата Креатор на темата RIZTETO
  • Време на започнување Време на започнување
Имаше една рецепта у К-15, со сарми. Јади бе, што ти дое под рака. Леб, компир и кокошка (у зима замена чварки и сланина), кобасици, манџи, грутка сирер со ајвар и дестина парчиња леб, 5-6 тоста за вечера...нема рецепт за гоење, не бирај ништо од фрижидер.
Кога се бара здебелување, поимот здрава исхрана заборави го :) Ако бара зголемување на мускули, тоа е друго...тогаш само спорт и исхрана шо си оди уз тој спорт.

Не се согласувам, зашто да се храни со штетни материи кога истиот ефект ќе го постигне и плус крваната слика ќе му биде перфектна, сосема друго е чуството на крајот на краиштата кога ќе изедеш многу свинско/фаст фуд него мед со млеко лешници банани и слично нели? врв на сето тоа е што медот помага во убрзување на метаболизмот и отвара аптетит, воедно е премногу здрав и ќе му помогне во сите аспекти на здраствен план.

Тоа што сака да се здебели не значи дека треба полека да се убива, поготово заради тоа што е млад, но пред се организамот не му е навикнат на толку тешка храна (штом е слаб најверојатно не јаде џанк фуд) значи мојот предлог беше ем да стави килажа ем да се осеќа како супермен нели, природа си е природа :)
 
ОК, ја го сфатив буквално
ne deka mi smeta i mn patam ama bi mi bilo podobro koga bi bil malku podebel
Ондак прво треба да каже колку години има, што јаде, какви му се дневните активности (физички, седење) колку приближно да се види дал е до неговите навики. Ако би требало да бирам за зголемување маса без редовен спорт и некои додатоци, би одбрал домашно готвено -грав, грашок.
За јајцето види овде, има некои измени во сознанијата со што вели во нормални околности не е проблем да се внесе 1-2 јајца дневно. Мислам дека (иако индустриите за јајца и месо тврдат поинаку) се поопасни разните хормони, лекови и други додатоци кои им се даваат на животните отколку самиот холестерол.
 
Да но не повеќе од едно, барем не со жолчка а белката пак е чист проетеин и нема многу да му помогне :) додека пак Милојко рече јајца, множина што значи шок за организам поготово ако се почне со употреба нагло..за гравот се согласувам за грашакот не баш бидејќи треба да јаде огромни количини, бидејќи не е баш калоричен и ( се разбира истиот дуе, така што нема да може да внесува од другите продукти кои стварно би му помогнале да стави некое кило.

--- надополнето ---

Го гледаш ли насловот на темата?
 
Со оваа исхрана ќе тежи 51 кило со се кревет.

Еве ти рецепта:

доручек- понеделник-бурек со месо екстра мрсен и пола литро јогурт вторник-зимаш пола кило леб унутра цепаш екстра мрсен путер со едно кесе мајонез и 200 грама мартадела/ среда тост по можност два у комбинација со јогурт/ четврток-цело кесе макарони со пола кило сирење + пола литар јогурт петок- пост- 3 симит погачи и литро кока кола
ужинка- 200 грама чоколадо со литро и пол боза

ручек:
предјело 100 грама врат/печеница/чајна/кулен/ умотан со кашкавал со 55% масленост ( Голд ајдамер)
главно јело- 300 грама месо со 300 грама помфрит, пире, ( никако грашак, боранија и брокули) преку недела само мењаш тип на месо а у петок 4 тањира грав со две литра пиво ( има да прдиш ко 150 мм хаубица.
десерт-пола канче сладолед од 1000 мл

вечера што покасно-

7 ца
лесковац
пастрмајлија/ голема
литро ипол пепси/ газоза/ струмка/ кока кола

за да дејствуе рецептава не треба многу многу да се движиш

Избегавај, бело месо, растителни кашкавали, црн леб, вода, и тако даље.

Во втората и секоја наредна недела додаваш по 10% количински. Ти гарантирам дека за два месеца нема да можеш да мрднеш од кревет.

То мајсторе, за ова и ја давам рака, на овој принцип ја качив едно 20 кила за две три години
 
То мајсторе, за ова и ја давам рака, на овој принцип ја качив едно 20 кила за две три години

Иди провери си крв :pos: и размили што си внесувал во организам...
 
абе детето бараше помош да стави килажа-не бараше САМОУБИСТВО !!!:tapp:
 
Иди провери си крв :pos: и размили што си внесувал во организам...

За тоа неќеш да знаеш, притисокот до 180 ми идеше високиот, холестерол и шеќер ми беше страв да си мерам, и си почнав со здрава храна и скинав пола од тоа што го качив, сега уште десет останува да скинам и пак се враќам у нормала, него поентата ми е тој рецепт стварно делува
 
јади повеќе пати дневно, но не се прејадувај.
 
Јас имав прилично ниска килажа и мислам дека го најдов решението. Муабетот со брз и спор метаболизам не е издржан бидејќи 90% од тие што мислат дека брзо им троши едноставно не јадат доволно.
Рецепта некоја посебна не ви треба. Се што треба е да внесувате протеини и јаглехидрати и тоа да јадете по 8 пати дневно не гнетење значи никако одеднаш да седнете како што сите сме правеле ќе станеш во 1 и јади како свиња.
 
Сабајле бев на физиологија и средив тоа напраив прегледите и на крај кога ми ги дадоа резултатите таа ми рече дека се е добро. Висока коскена и мускулна маса, кондиција 4, сало ич и така натака. И на крај ми рече дека морам да накачам барем до 65 кила, а моментално имам 59 а висок 1.78.
Така да моето прашање е како да се накачат 6 кила. Малце ми е чудно како да накачам пошто секој ден тренирам по саат ипол трчам по 5 километра на тренинг минимум и така.
Ајде некој совет од поискусните. Фала однапред.
 
И ти ко мене си бил. И јас имам 179, тежина 55/56, требит да качам уште 7-8 кила а неможам, и јас ко тебе скоро секој ден спортовам, не по толку многу, не одам на тренинг, ама трчам, пливам и згора на то таков ми е организмот, еднаш во денот морам да одам да ќењам.
 
За таа висина 178-179 килажа 56-59 е премалку. Се што треба е да внесувате протеинска храна неколку пати дневно значи помали оброци но повеќе пати на пример дневно да се јаде по 8 мали оброци. Јадете тестенини леб риба и месо. Можете да се обратите кај доктор да ви направи точна калкулација колку калории треба да внесувате дневно. И на почеток е тешко ќе ви се случува да јадете со сила ама мора да бидете упорни. Не е точно дека не може да се здебели послаб човек туку навиката си го прави своето. Некој може има побрз метаболизам ама тоа не значи дека природно не може да добие на килажа. И јас со зголемена исхрана накачив 5 кила за краток период.
 
download.jpg

Jas go koristev ovoj protein i nemav efekti
Znaete li nekoj za da kacam nekoe kilce za zalenje sum...Imam samo 45 kg a visoka sum 163cm
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom