Како ја оценувате работата на владата?

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување

Оценки за владата.

  • Недоволен 1

    Гласови: 45 36,6%
  • Доволен 2

    Гласови: 24 19,5%
  • Добар 3

    Гласови: 22 17,9%
  • Мн.добар 4

    Гласови: 11 8,9%
  • Одличен 5

    Гласови: 21 17,1%

  • Вкупно гласачи
    123
Со оглед на тешкотиите со кои се соочува, ја оценувам со мн. добар 4.

Не мислам дека запнаа како што требаше и како што се очекуваше, но тоа е што е.
 
Лошо но...
Како прво нема ништо од економскиот либерализам кој го ветија.
Има поддршка за најмасовна можна и неможна администрација.
Им се ебе софтвер ко да се деца некои, првпат да виделе пц или барем така прокламираат.
Не затворија ниедна битна фаца иако горе долу уфрлија во судството свои батки.
Јас ќе гласам за ВМРО бидејќи се залага за зачувување на името, за опстојување во борбата за Македонскиот идентитет, но морате бе луѓе да работите на уништување, целосно, на сдс и србоманите и сите оние кои имаат врски со нив.
Не да шурувате со истите и да си правите компромиси. Тоа ли го правите?
И каде е лустрацијата? Дај да видиме кој што згрешил, кој како постапувал во минатото.
Ви се молам, да бидеме некое време сериозни.

Сепак, ресурсите им се насочени на друго место најверојатно, на борбата со клетниците надворешни.
Но ќе повторам, дај подзаметете го нашиот двор.
И листа ви направив на волци за отстрел, нема изгледа кој да ја прочита.
 
3+.
типична. многу медиуми на нејзина страна, криминалците главни се уште се шетаат по улица, за да не ни се наљутат коалиционите партнери, непромислени закони кои паѓаат на уставен суд, поготово некои министри... за ќотек се...

Али генерално, неспоредливо подобра од тие досега. Посебно ми се свиѓа што се бескомпромисни за Македонцките работи кога е во прашање Нато и ЕУ.

инаку другите влади имаа 0 од мене. :)
 
kec so preporaka da se zapise na drugo skolo, za ovaa profesija ne ja biduva....ne e loso da proba vo Moskva imale nesto za klovnovi...
 
4-
Мн Добра е работата, одлично ја почнаја и привите месеца беја феноменални ама како одминува времето се полоши и полоши се.
 
Прво - пофалби за идејата за анкета за оценување на владава. Владата генерално добро работи - ама генералната прелазна оценка не треба да ја задоволи. ПРИНЦИПОТ НА ЕГОИСТИЧКИ ГЛАСАЧ, мислам дека го прифаќаат многумина на форумов (кои дале поголема оценка од 1). Мислам дека ако не слушаат реакции и не ги поправаат грешките - ќе направат голема грешка. Грешка во однос на нивната политичка иднина, ама и грешка со која ќе ја сакатат Македонија давајќи им шанса на СДСх да се вратат на власт и по експресна постапка да ни го сменат името и да ни го сменат идентитетот. Лошо е што реалната опасност од таа промена на име и идентитет ВМРО може да ја злоупотребат и да почнат лошо да работат а сепак да се надеваат дека ќе добиваат и понатаму поддршка затоа што другата опција (СДСх) е поголемото зло за Македонија.
 
од мене 5 заради зачувувањето на македонизмот засега барем,затоа што успешно му опонираат на џелатот на нашиот народ лицето б.ц,затоа што малку од малку пркнаа административците со платите ,ги појачаа и пензионерите не е битно дали 500 или 700 денари,бидејќи ниедни до сега не им дадоа барем 1 ден а им земаа по многу повеќе,затоа што се на добар пат да го растират карциномот на народот наречен сдс а да и заради подигнување на национализмот кај правите македонци не кај оние продадените што го сонуваат белград и дркаат на софија а секој можен викенд се во солун,и нешто симптоматично освен исклучок неколку т.е 3-5 души сите други се некако релативно тазе на форумов и освен во тема политика ги нема на ниедно друго место што според мене остава впечаток дека се работи за партиски глувци кои се борат овај лижат кај нивните претпоставени и да не ме цитирајте не ме реплицирајте затоа што ќе останам глув на сите навреди и сл.глупости
 
Првото полугодие, т.е пред изборите летоска беа за силна четворка, а сега попуштија, сепак сеуште преодна, доволен (2)! Клучен проблем: брзоплети, популисти, добри идеи -лоша реализација, ароганција.
Да се надеваме дека ќе се вратат во колосек, имаат уште доста време:toe:
 
Jas davam cista 5ka za ovaa Vlada zatoa sto so teski napori se obiduva da ja sredi situacijata vo koja sto ja najde Makedonija.So tek na vreme ke se sredi se
DA ZIVEE VLADATA NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
 
Премногу очекувате од владите..т.е владата...реално ако гледате..хмм..ја би дадел 3
 
Jas davam cista 5ka za ovaa Vlada zatoa sto so teski napori se obiduva da ja sredi situacijata vo koja sto ja najde Makedonija.So tek na vreme ke se sredi se
DA ZIVEE VLADATA NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
Се извинувам Господине, од кој штаб се јавувате?!?:pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom