Има денови кога работите ќе тргнат наопаку. Ќе се случи кавга со родителите со љубената личност, на работа итн.
Психолозите препорачуваат неколку работи што можете да ги направите за да се опуштите и лутината да ви помине.
Вежбајте, напорно. Во телото ќе се произведе серотонин и повторно ќе се чувствувате одлично.
Не мора да патите во тишина. Јавете му се на некој пријател, можеби само слушањето на неговиот глас ќе ве смири.
Зачитајте се во книга. Интересната приказна ќе ви ги оттргне мислите од ситуацијата. Ако немате дома позајмете од пријател или одете во библиотека.
Прошетајте се во природа или одете на плажа доколку живеете покрај езеро, во шума, тоа сигурно ќе го крене вашиот дух.
Поминете некое време со некој кој го сакате кој ве одмора, пријател, роднина... зборувајте за тоа што ве мачи.
Купете си нешто. Тоа не мора да чини цело богатство. Нека биде списание или некоја дреболија.
Одете на терапевт.
Дремнете малку. Дремката ќе ве релаксира и ќе ве подигне.
Ако кавгата била жестока и многу сте повредени исплачете се убаво. Тоа помага(само за женски):kajg: