Точно така, прочитај го уште еднаш стихот и ќе видиш дека тој не вели: "И уште многу портрети направи, што кога би се собрале, ни сите галерии во светот не би ги собрале"

Не тресете зелени, ако Исус им оставил своја икона на Своите ученици, тие ќе ја спомнале таа икона во своите посланија.
Факт е дека Библијата забранува икони со Втората Божја Заповед и на оваа заповед биле послушни апостолите, учениците на Исус, и сите христијани во првите векови. Е потоа кога ткн. црква се комерцијализирала и видела дека добра пара се врти со иконите, почнале да ги цртаат, да им се клањаат, да им палат свеќи итн.
Ова е дирекно од сајтот на МПЦ:
Иконите се со двојна позлата, најчесто од 24-каратно злато. Големините на иконите (со еден или два лика) што може да се нарачаат може да бидат следните:
1. А4 формат (20x30 cm; 22x29 cm) - 350 евра
2. А3 формат (30x40 cm; 32x40 cm) - 700 евра
3. А2 формат (40x60 cm; 44x60 cm) - 1200 евра Поштарината не е вклучена во цената.
За икони кои изобразуваат сцени со повеќе ликови (пр. Рождество Христово, Воведение на Пресвета Богородица, сцени од животот на некој светител и други) цената се зголемува за 100 евра по икона.
(емо иконите се од мене додадени )
Доколку не ви се верува, еве ви директен линк па проверете сами.
http://www.mpc.org.mk/Knizarnica/ikoni.asp
Оттука сосема е јасна употребата на иконите во православието како и се друго
Би сакал да го завршам овој мој коментар со еден библиски цитат:
"И ги најде (Исус) во Храмот продавачите на волови, овци и гулаби и менувачите на сребреници - како седат таму. Направи бич од јажиња и ги истера сите од Храмот, заедно со овците и воловите. На среброменувачите им ги истури сребрениците и им ги преврте масите. А на оние, кои продаваа гулаби им рече: „Однесете го тоа оттука! Не правете трговска куќа од Домот на Мојот Татко!"
(Јован 2:14-16)
Се прашувам како би постапил Исус кога денес би влегол во некој православен храм и би видел како во него се продаваат икони од стотици и илјадници евра, како се продаваат бројаници, свети водички и разни други амајлии...хммм моето мислење е КАМШИК!