Според вас, Исус бил отелотворен Бог, и Бог и човек во потполност. Може ли ограниченоста и неограниченоста да се спојат заедно? Да се биде Бог во потполност значи да се биде слободен од сите ограничености и од беспомошноста, додека да се биде човек во потполност значи да недостасува божественоста.
1.Да се биде син е на помал степен од божествената природа, а да се биде божествен значи да не си ничиј син. Како Исус можел да ги има овие две својства заедно?
2.Вие тврдите дека Исус рекол за себе дека е Бог, цитирајќи го следниов стих од Јован 14:9 : “Кој Ме видел Мене, Го видел Отецот.” Зар Исус не рекол дека никој од луѓето никогаш не го видел Бога, како што се наведува во Јован 5:37: “Отецот, Кој Ме прати, Сам посведочи и за Мене. А вие гласот Негов никогаш не сте го чуле, ниту лицето Негово сте го виделе.”
3.Вие тврдите дека Исус бил Бог бидејќи е наречен син Божји, Човечки Син, Месија и Спасител. Језекил во Библијата е наречен син Човечки. Исус на оние кои што ширеле мир ги нарекол Човечки синови. Во традицијата на Евреите и нивниот јазик, сите оние кои ја следеле Божјата волја се наречени БОЖЈИ СИНОВИ. “Месија” значи “поможен од страна на Бога”, а не “Христ”, а Кира го носи името “Месија”. Што се однесува на “Спасител”, и други личности се наречени со тоа име, а никој од нив не е наречен Бог. Од ова гледиште каде е доказот дека Исус е Бог, ако титулата Божји Син е користена исклучиво за него?
4.Вие тврдите дека Исус рекол дека он и Бог се ЕДНО, и како доказ ги наведуваат цитатите од Библијата: “Јас и Отецот сме Едно” (Јован 10:30). Меѓутоа, покасно во истото евангелие, во стиховите 17:21-23, Исус кажува пет пати за себе, своите следбеници и Бог дека се Едно. Зошто христијаните на оваа прва реченица “Едно” им дале различно значење од останатите пет?
5.Дали е Бог тројца-во-еден и еден во тројца и Еден истовремено?
6.Ако Бог бил еден и тројца истовремено, тогаш ниту еден од овие тројца не бил во потполност Бог. Бидејќи ако навистина беше така, тогаш Исус додека бил на Земја не бил во потполност Бог, ниту “Отецот на Небесата” бил потполн Бог. Зар ова не е во спротивност со она што го рекол Исус за својот и нашиот Бог на Небото, својот и нашиот Господар?
7.Ако Бог е еден во тројца истовремено, тогаш кој бил Бог на небото додека Исус бил на земјата? Не е ли ова спротивно на речениците на Исус за Богот на Небото, кој го пратил?
8.Ако Бог е еден во тројца истовремено, тогаш кој бил Бог Небесата трите денови помеѓу распнувањето и воскреснувањето?
9.Вие кажувате: “Отецот е Бог, и Синот е Бог, и Светиот Дух е Бог, но Отецот не е Син, ниту Синот е Свет Дух, ниту Светиот Дух е Отец.
Зарем оваа догма не се спротиставува сама на себе?
10.Ако Исус бил Бог, зошто на младичот кој му се обратил со речениците “Добар (благ) Учителу!” му рекол да не му говори дека е добар (благ), бидејќи никој не е добар (благ) освен Единствениот Бог?
11.Ако верувањето во тројството е неопходен услов за да се биде христијанин-верник, зошто Исус не ги учел луѓето за тројството и не ја нагласувал неговата важност додека бил на земјата? Како следбениците на Исус може да се сметаат за христијани додека ниту еднаш не слушнале за поимот “Тројство”? Тројството ако било основа на христијанството, Исус тоа ќе го нагласел во многу прилики, и би ги подучил на луѓето и би го објаснил во детали.