Не претерувај (и ти и другите), „лагата“ не беше намерна, туку моја збунка, затоа што приказната ја имам слушано од пред 10 години.
Но му пишав емаил на пријателот и го прашав како точно било и еве што ми врати (правам copy-paste од емаил):
Да, татко и на ххххх (жена му) расправаше дека, во време на Кралска Југославија (околу 1928 г. и натаму), поповите им држеле веронаука првиот час и во петоците децата требало да доаѓаат гладни, па попот прво ги терал да отворат уста, па ги душкал и ако заклучил дека некој јадел, со јаже го тепал пред сите, демек за поука. Истото го кажуваше и татко ми. И двајцат се родени 1919-1920 г за време на Кралска Југославија.
Поздрав,
хххххх (пријателот)