korun
lame
- Член од
- 21 октомври 2007
- Мислења
- 389
- Поени од реакции
- 28
Јас како мал верував во атеизмот. Верував дека светот е случајно создаден. Верував исто така дека и животот е случајно тики така создаден. Верував во Дарвинизмот, верував дека имаме ист прадедо со мајмуните, верувам дека имаме иста пра пра пра баба со жабите итн. Таа своја вера ја наследив од моите родители и наставничките во школо. Така бев надоен (индоктриниран) од раѓање се додека не започнав да се занимавам малку посериозно и подлабоко со природните науки. Тогаш ми се разбистрија многу работи. Сфатив дека сите тие работи кои што ги верував беа само една обична пропаганда машинерија добро втемелена во државното сега атеистичко образование. Сфатив дека порано не било така и дека порано универзитетите биле главно основани од христијани. Сфатив дека многу од основоположниците на науките (како што се на пример: Јоханес Кеплер, Роберт Бојл, Исак Њутн, Леонардо Ојлер, Мајкл Фарадеј, Луј Пастер, Вилијам Томсон (Лорд Келвин), Џејмс Клерк Максвел, Сер Амброз Флеминг, Вернер фон Браун, Грегор Мендел, браќата Рајт, Франсис Бекон, Блејз Паскал, Исак Бароу, Готфрид Лајбниц, Самуел Морзе, Томас Андерсон итн.) исто така биле христијани и тоа воопшто не им пречело во нивната научна дејност. Тука ми се прошираа видиците. Конечно се ослободив од атеистичките предрасуди и прангите на семејната традиција и почнав објективно да ја преиспитувам мојата наследена вера - атеизмот во комбинација со дарвинизмот. По кратко истражување сфатив дека атеизмот е најфанатичната вера т.е. вера која бара најсилна вера за да веруваш во неа. Сфатив дека е крајно невозможно да верувам дека хемиските соединенија само од себе оживеале, се создал некаков молекул и потоа тој, наспроти законите на природата, почнал да се самоорганизира, да се усовршува и по доволно долго време, децата на молекулот да станат луѓе. Тоа за мене беше крајно бесмислено, да верувам дека мојот најстар пра пра пра... пра дедо всушност бил некој самооживеан молекул. Веројатноста на само еден дел од претпоставките беше апсолутна нула, а камо ли пак претпоставките на целата вера. Исто така се уверив дека и фосилите ја оспоруваат еволуцијата, дека и експериментите со генетските мутации ја оспоруваат и дека цела разумна наука ја оспорува и дека всушност се работи за една обична ненаучна догма вметната во образованието.
Ете така јас престанав да верувам во атеизмот и дарвинизмот.
Мразам да цитирам долги мислења и да давам вакви „така е“ коментари, ама ќе напрам исклучок. Им врза воспитна на некои „атеисти“ шо мислет дека со самово то шо се декларирет така се нешо попаметни и по просветлени од околинава.