Како ги препознавате лажговците?

  • Креатор на темата Креатор на темата Lady
  • Време на започнување Време на започнување
Ако премногу се фали не значи човек дека е лажго, ќе го прашам после неколку дена околу таа тема одокулу и ете го одговорот.
 
Ќе приметам доколку е несигурен му трепери гласот му црвенеат образите или доколку настојува да ја промени темата ќе ми ја намали довербата, но доколку некој не ги покаже овие "симптоми" едноставно ке си развијам свое мислење у глава ке оценам дали лаже или не... или пак кога-тогаш ке се дознае некако.:toe:
 
oдма препознавам,незнам да опишам по што и како-едноставно имам шесто сетило за лажговци,а откако ке го регистрирам како лажго/лажга-готово -тотално се ладам и зборовите не допираат до мене и гледам што поретко да се среќавам со таков тип луѓе.
 
oдма препознавам,незнам да опишам по што и како-едноставно имам шесто сетило за лажговци,а откако ке го регистрирам како лажго/лажга-готово -тотално се ладам и зборовите не допираат до мене и гледам што поретко да се среќавам со таков тип луѓе.

хаха... нема такви луѓе што се видовити и кои можат да препознаат лаги :wink:....
можеби тие околу тебе се понашаат чудно кога лажат, но има милион луѓе кои при лажење си се природни и нормални... тие ке ги препознаеш???
иначе јас кога осетам дека некој ме лаже, му поставувам ситни прашања, детали...бидејки неможе до детал да ја испланира лагата :wink:
и додека тогаш не се однесува нормално,тогаш 100% ме излажеле за нешто...
 
Некои од нив не ги ни познавам, но аматерите се познаваат по вкочанетоста и бегање со погледот...
 
или никако да те погледне во очи, или се џари во тебе без да промени израз на лицето
 
Обично не ги препознавам ,бидејќи им верувам на луѓето, но подоцна често се случувало да разберам дека лажат.
 
се познават одма по муабетите шо ги прат, се осеќа кога лажат
 
Одма може да познаам некој кога лаже, е така во очите му гледам :)
 
Некако како да имам радар за препознавање на лажговци:pos2:
Кога станува збор за луѓе кој ги познавам без големи потешкотии можам да забележам кога лажат и секако им укажувам дека знам дека ме лажат и подобро е да не зборуваат воопшто или да ми ја кажат вистината.А за останатите едноставно не им верувам...треба мноогу долго времеза да ја стекне некој довербата кај мене:wink:
 
Не верувам на никој од почетоко,после ке се отркии дали лаже или не лаже.:pipi:
 
Влечкам детектор со мене насекаде. :tv:

Им се шири носот коа лажат. Најозбилно. Сум го приметила ова кај барем 5 луѓе кои не се редовни лажговци, ама кога има се случило да излажат, ноздрите им се прошируваат додека ја кажуваат лагата и одма знам.
Кујзнае дали има некаква основа за ова или јас само си умислувам некои глупости. Може ми се увртел у глава некој Пинокио синдром, само у ширина место у должина :icon_lol:

Други физички знаци се избегнување на очи-во-очи комуникација, зјапање на друга страна додека збори, нервозни континуирани тикови (пример, чукање со нокти по маса, гужвање на дел од облеката, претерано чепкање за лице итн.).
Лошите и просечните лажговци се бунат додека зборуваат, се навраќаат, па ја изменуваат приказната, се колнат у сестри, мајки, браќа у случај да им кажеш „Абе ај!“ со недоверба итн.

Најдобра проверка за тоа дали некој лаже е да имаш прилика да ја чуеш истата приказна од него два пати. Ако се случила, ќе ја раскаже по сеќавање, со мали детали променети, испуштени итн., прашање на меморија е тоа.
Ако ја измислува, вториот пат текот на настаните ќе биде различен, зошто креативноста ќе му набаци нови детали за да ги вметне во приказната и истата ќе се разликува од таа кажаната првиот пат.
Ако се доведени до ситуација да си ја повторуваат лагата, коа тогаш ќе се умотаат у сопствените измислици и ќе излупаат нешто што ќе индицира дека лажат.

Профи лажговците се потешки за „фаќање“, ама дури и најголемите мајстори понекогаш прават грешки. :icon_lol:

Лично сум недоверлива личност и секогаш претпочитам да верувам дека некој лаже, отколку дека ја зборува вистината. Дур не го запознаам доволно за да можам да препознаам кога ме лаже, а кога не, тој човек нема да ја има мојата доверба, зошто секоаш со резерва ќе ги слушам неговите муабети.
 
За другари/ки што ми се поблиски едноставно знам кога лажат,по нивна реакција,или по прават или кажуваат нешто што не е нивен специфичен начин како и секогаш или пак едноставно знам...А за други не ме интересира дали лажат или не,не знам како успевам ако некој ме излаже секогаш дознавам дека го сторил тоа,ама баш секогаш,и не се замарам змногу со тоа,затоа што некој ако мисли дека ме излажал си се излажал самиот себеси,а не мене...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom